Catch Me If You Can

Catch Me If You Can

Download Macedonian undertekster

Udgivelsesinfo

Catch Me If You Can 2002 720p BluRay x264-HD4U
En kommentar af GigaWatt
Catch.Me.If.You.Can.2002.720p.BluRay.x264-HD4U

Tags

BluRay
x264
720p
720
HD
Udgivet den: 2014-10-02
Downloads: 138
Hørehæmmede: No

Forhåndsvisning af Macedonian undertekster

De første 200 linjer.

ФАТИ МЕ АКО МОЖЕШ

ИНСПИРИРАНО ОД ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА

ДА СЕ КАЖЕ ВИСТИНАТА

Многу ви балагодарам и добредојдовте во "Да се каже вистината".

Нашиот прв гостин има најчудна кариера од било кој гостин

што досега бил во нашето шоу. Ќе видите на што мислам.

Број 1, кое е вашето име ?

Моето име е Френк Вилијам Абигнеил.

Број 2. - Моето име е Френк Вилијам Абигнеил.

Број 3. - Моето име е Френк Вилијам Абигнеил.

...До тоа време бев и педијатар во болница во Џорџија,

и помошник на обвинителот во државата Луизијана.

До времето кога бев фатен, ме сметаа за најмлад и најдрзок

измамник во историјата на САД.

Уновчив скоро 4 милиони долари со фалсификувани чекови

во 26 разни земји и во сите 50 американски држави.

И го направив сето тоа пред својот 19-ти роденден.

Моето име е Френк Вилијам Абигнеил.

За прв пат ќе ни ја каже вистината и почнуваме со прашањето на Кити.

Благодарам.

Број 1, зошто со својот талент, а очигледно е дека сте мошне

бистро момче, не се занимававте со законска работа?

Тоа беше навистина прашање на долари и центи.

Кога бев помлад, ми требаа пари и мислев дека на овој начин

полесно ќе дојдам до нив.

Број 2, мислам дека ова е навистина восхитувачко. Кој ве фати на крајот?

Се вика Карл Хамреди.

О, о, сваќам! Хамреди, Карл Хамреди!

Јас ...сум...Карл Хамреди.

Ние сме од ФБИ.

Имам наредба да го однесам во американски затвор.

МАРСЕЈ, ФРАНЦИЈА БОЖИЌНА ВЕЧЕР, 1969

Седете тука...

Нема да ја отварате таа врата...

Не смеете да подавате ништо низ отворот.

О, супер.

Треба да се припазам и јас да не почнам да кашлам.

Овде сум да ти ги прочитам членовите за екстрадиција

според европскиот закон за човечки права.

Член 1: Екстрадицијата треба да ги почитува сите права...

Помогни ми.

Френк, издржи.

Помогни ми.

Нема да ме изработиш, нели?

Член 2: Ако екстрадицијата вклучува опасност од казна поголема...

Френк!

Френк.

Доведи доктор тука! - Добро.

Доктор!! Веднаш!!

Држи се Френк, ќе те прегледа доктор.

Треба да го носам човеков на авион за Америка,

мора да го прегледа доктор.

Докторот ќе дојде тука утре.

Тоа е предолго. Не ме интересира, дали ви е јасно дека ако

умре вие ќе бидете одговорни!

Внимавајте, се обидува да избега!

О, Френк.

Во ред Карл. Ајде да си одиме дома.

Нашиот Ротари клуб има традиција од 1919 година.

И сите овие години, гледам грст заслужни господа...

Наши доживотни членови.

Чест ми е да видам 57 имиња, познати во светот,

а вечерва стануваат 58.

Ви го претставувам мојот добар пријател, човекот кој ги "остри"

нашите моливи...

...Освен ако не се пенкала, Френк Вилијам Абигнеил!

6 ГОДИНИ ПОРАНО ЊУ РОШЕЛ, ЊУЈОРК, 1963

Стојам овде понизно... во присуството на Роберт Вагнер.

И председателот на нашиот клуб, Џек Барнз.

Исто така ми е чест што ја гледам овде мојата сопруга Пола...

Мојот син, Френк Јуниор...

Две мали глувчиња во кофа со кајмак.

Првото глувче, брзо се предало и се удавило...

Второто глувче, не се откажало, се борело толку силно,

што го претворило кајмакот во путер и излегло надвор.

Господа, во овој миг, јас сум како тоа второ глувче.

Подобро танцуваш од татко ти, Френки.

Го слушна ова тато?

Што? - Мислам дека тој веќе го знае тоа.

Пола танцуваше и кога се земавме.

Кој ќе се сети на тоа. - Луѓето во тоа француско село

беа толку среќни што гледаат Американци,

што решија да направат представа за нас.

Така, тие... - Ја знаеме приказната тато.

Убаво се дружевме, а првите чекори на бината ги направи мајка ти.

Почна да танцува.

Знаеш, поминаа месеци откако не сме виделе жена.

Се појави русокос анѓел. - Русокоса чаура од граната!

А луѓето, буквално не дишеа.

Не дишеле поради тебе. Го слушаш тоа?!

Се свртев кон другарите и им реков...

Нема да ја напуштам Франција без неа.

И така направив. - Да.

О, срање! Срање.

Не ми се верува... - Добро е, престани.

Френки, донеси крпа.

Дојди срце.

Секогаш кога играм за тебе, упаѓам во неволја.

Френк, разбуди се! Одиме! Френк. Буди се.

Не мораш да одиш во училиште денес, во ред е.

Зошто, не паѓа снег?! - Страв од црни костуми.

Пак сум се успал. - Да.

Треба да одиме на важен состанок во градот, ајде.

Г-ѓо, отворете ве молам! - Г-ѓо! - Што е?!

Отвараме за половина час!

Само отворете ја вратата. Важно е.

Жалам, ви реков отвараме за половина час!

Како ви е името г-ѓо? - Дарси. Тоа е убаво име.

Ако можеме да средиме некако, треба да купам костум за мојот

син Френк... Ни треба црн костум. - Црн?!

Имаме смртен случај во семејството , татко ми 85 годишен воен херој...

Попладнево му е погребот, воен погреб. - Ќе летаат авиони,

21 почесен истрел... На Френк му треба костум на неколку часа.

Жалам, не изнајмуваме костуми и не сме отворени!

Дарси. Дарси, ве молам, вратете се. - Дарси, ваше ли е ова?

Тукушто го најдов на паркингот. - Аха.

Мора да ви се слизнало од вратот.

Излези и дојди да ја отвориш вратата.

Добро, што е следното?

ОК, запомни.

Кога ќе влезам внатре, ќе се вратиш на предното седиште

и ќе чекаш. Дури и да дојде цајкан и да ти пише казна,

нема да ја помрднуваш колата, разбра?

Тато, во што е работава?

Знаеш ли зошто Јенките секогаш победуваат, Френк?

Поради Мики Малон.

Не затоа што другите екипи не можат да престанат

да зјапаат во нивните ленти на гаќите.

Гледај го ова. Менаџерот на "Чејс Менхетн Банката",

ќе му ја отвори вратата на татко ти.

Г-не Абигнеил, обично не им даваме позајмица на луѓе кои

имаат нерасчистени сметки со даночната управа.

Тоа е недоразбирање.

Вработив погрешен човек да ми ги води книгите и направив грешка...

Секој може да згреши.

Ми треба помош да ја "прегрмам " непогодата.

Г-не, под владина истрага сте поради данокот.

Имам сметка во "Њујорк шел ", муштериите им се од целиот Њујорк.

Но, вие не сте наш муштерија, не ве знаеме.

Сигурен сум дека ако се вратите во "Њујорк шел", ќе ви помогнат.

Тие ве знаат.

Ви барам позајмица, во што е работата. Јас...

Знам, направив грешка, го спомнав тоа, но тие луѓе сакаат крв,

ја сакаат мојата кожа, сакаат да ме пикнат во затвор...

Ова е Америка, нели? Јас не сум криминалец,

јас сум почесен член на њујоршкиот Ротари клуб...

Се што барам е помош да ги победам тие момци!

Не е во прашање победа или пораз, туку ризикот.

Барам само банкарски заем, каде е чувството, каде е ризикот?

Што ќе каже мама што ни ја земаа вака кола?

Не ни земаа ништо! Го заебавме, ни доплати 500долари.

Ајде Френк! Да го вратиме костумот.

Местото е добро.

Малечко е, но добро. Ќе ти се допадне.

Ќе има помалку работа за тебе.

Здраво тато. - Здраво.

Каде е мајка ти? - Не знам.

Рече дека ќе оди да побара работа...

Што ќе бидеш ти? Продавач на кондури по фарми?!

Што правиш? - Палачинки.

За вечера? На 16-от роденден на син ми?

Нема да јадам палачинки!

Нема врска. Мислеше дека заборавив? - Јас...

Отворив тековна сметка.

На твое име. Ставив 25 долари на сметката, купи си што сакаш,

ама не и кажувај на мајка ти. - Нема. Благодарам.

Те одбија за заем пак? - Да, сите банки ме одбија.

Па, зошто отвори банкарска сметка?

Затоа што еден ден ќе ми треба за куќа, кола...

Само немам пари.

Имаш 50 чекови Френк, што значи дека...

Отсега понатаму, ти си член на клубот.

Јас сум член на клубот.

Кога го имаш тоа, имаш се.

На мое име се, а?

Кон месечината. - Кон месечината. - Кон месечината.

Ги слушаш? Училишни се. Треба да бидеш точен.

Мамо, рече дека си престанала.

Френки, не мора да носиш униформа тука.

Можеш да го соблечеш палтото.

Се навикнав на него.

Извинете. - Да?! - Знаете ли каде е собата бр.17?

Да...

Изгледаш како престарен.

Да, изгледа како да е професор.

Тишина ! Моето име е г-дин Абигнеил!

Абигнеил! Не Абигнали или Абигнели, туку Абигнеил!

Ве молам извадете си ги учебниците!

Извинете, немам намера веќе да повторувам! Седнете!!

Глава 7. - Отворете ја книгата на глава 8, ве молам.

Да почнеме. Извинете, како е вашето име?

Брад. - Брад.

Излези пред класот и почни да го читаш 5-от дијалог.

Ме пратија... рекоа треба да ја заменам Роберта!

Дојдов тука дури од Диксон.

Јас веќе ја менувам Роберта. Извини, а зошто ти не читаш!?

Никогаш повеќе нема да дојдам во "Џеферсон" повторно.

Кажете им да не ме викаат.

Срамота, да тормозат жена на мои години...

Г-не и г-ѓо Абигнеил, не станува збор за намерите на вашиот син.

More Macedonian subtitles for Catch Me If You Can

Kommentarer

No comments yet. Be the first to leave one.

Keep it about this subtitle — sync, quality, typos.500 characters left