The Regime

The Regime

دانلود زیرنویس Macedonian

فصل 1

هماهنگ با نسخه‌های زیر

The Regime S01E03 XviD-AFG
ناشر sash35

برچسب‌ها

XviD
web
x264
Web-DL
web-dl
WEB-DL
720p
720
1080
تاریخ انتشار: 2024-03-18
تعداد دانلود: 13
مخصوص ناشنوایان: No

پیش‌نمایش زیرنویس Macedonian

نخستین 200 خط.

ДВА МЕСЕЦА ПОДОЦНА

Не е доволно сварено. Требаше да го оставиш уште 2-3 минути.

Вклучи ја ринглата, ајде! Побрзо!

Ајде!

Ален. Што реков? Што реков?

Три различни почви од три различни локални екосистеми.

Тоа го побара капларот. Така треба да изгледа.

Слушнавте? Ми треба уште.

Боже. Зар не може само да ѝ подметнеме блини?

Ако сакаш чуварот-Најденче да ти свири маримба на тестисите, да.

Не можам да продолжам вака, облечен како селанец,

да сервирам помија додека одредот шутраци со очи ми прави колоноскопија.

Прибери се, Малком. Може да добиеш отказ до ручек.

Крени ги рацете.

Па, да, трне. - Да.

Да, навистина го чувствувам тоа. - Така треба да биде.

Да, прекрасно е.

Што е ова? Не е варено.

Не, господине. Потпржено во путер.

Имаш чепови во ушите?

Реков варено и посолено. Врати го.

Оди врати го твоево фенси француско срање.

Ова крцкавово како да има малку живост, нели?

Знам дека сум како расипана плоча, но дали си сигурен дека е безбедно да се јаде?

Не може да е хранливо.

Добро е за тебе. Тоа го јадевме кога немавме ништо.

Да, но сега не е дека немаме ништо, нели? Всушност, имаме доста.

Баш тоа е твојот проблем, пријателе.

Пријател? Не сум ти пријател... - Не, не.

Ајде, Ники. Им веруваме на народните лекови на Херберт, нели?

Сепак нѐ излечија од бедната мувла.

Подоцна ќе разгледаме уште кратења, нели?

Да. Големата кланица на ебаната војска идиоти.

Всушност, на таа тема, персоналот станува малку напнат.

Со отпуштањата. Извинете, контракциите или...

Сето тоа е малку брутално.

Добро.

Не е многу добро за моралот, нели?

Извини, Ники, но не можеме да имаме баласт на платниот список.

Не, ни треба мала операција. Без маснотии.

И без пијавици.

Лени, ги имам финансиите што треба да ги прегледаш. Она.

Кое она?

Она. Знаеш, љубов моја.

Фондот во Белизе.

Не, подоцна. Подоцна, да?

Сега треба да направам подготовки за роденденот на тато.

Ќе можеш сам да одиш на состанокот на кабинетот, нели?

Секако.

Па, ќе ми кажеш? - Што да ти кажам?

Зошто си облечен како декадентен козар?

Немам поим што сакаш да кажеш.

О, Боже, Виктор.

Не вели дека си станал руралец за да му угодиш.

Извини, ама секако дека не.

За да не добиеш нога, а?

Зошто не му ги покажеш на капларот и твоите увезени свилени гаќи, а?

Господине Орач? Да видиш дали ќе му се допаднат.

Изгледате мошне добро, капларе.

Јас ќе го водам состанокот денес.

Верувам дека канцеларката е добро.

Таа е добро.

Сфаќам. Па, мило ми е што слушам, капларе.

Всушност, имаме мал подарок за Вас, господине.

Ова е украсен франкиски меч,

во стилот на она што историчарите веруваат дека Најденчето би го имало...

Не ми треба вашиот ебан меч. - Да, секако.

Па...

Канцеларката Вернам ме замоли да ви го прочитам ова.

“Каплар Зубак и јас заедно се одлучивме за пакет реформи, кои се во согласност

со нашата политика на подобрување на животот на работничките семејства.

Алчноста и странските пари мора да бидат пречкртани од нашиот национален карактер.

И ќе воведеме нова политика:

трансфер од големи размери на приватната сопственост

од земјопоседничката елита на работничките класи.

Мораме да ги донесеме овие големи реформи што е можно поскоро“.

Е па, браво, капларе.

Значи, земјишна реформа, нели?

Тоа го реков.

Тогаш, ги знаете ризиците од земјишните реформи?

Традиционално, економско забавување, недостаток на храна?

Ќе ја имате усовршено јужноафриканската историја?

Реков дека го правиме ова.

Тогаш, ќе го разгледаме. Откако ќе добиеме зелено светло на канцеларката.

Не, веќе го имаш.

Само што ви прочитав, ебате. - Не, секако, секако. Само...

Само мислев на нејзината официјална согласност.

Ќе почнете да го планирате сега затоа што така ви реков. Разбираш?

Да. Да, секако. Секако, господине. Жал ми е ако...

Се сеќаваш што му се случи на Емил Бартос?

Да, господине, но... - Тоа беше само почеток.

Добро, капларе. Ви благодарам. Ќе започнеме со сè.

Па, мои пријатели, сите да го поздравиме наследникот на Најденчето.

ЕВРОПА

РЕЖИМ

Љубени мои, од врвот на нашите горди планини

и над расцутените ниви со шеќерна репка,

ја слушаме песната на нашите предци.

Нѐ повикуваат да се свртиме кон домот,

кон вредностите и традициите кои некогаш ги негувавме.

А во нивната едноставна радост и мудрост,

ја откривме светата и очигледна вистина:

Оваа сакана земја мора да ви припаѓа вам.

Затоа наскоро ќе го реализирам

она што претходниот канцелар, Едвард Кеплингер, не успеа да го оствари.

Сеопфатна програма на земјишни реформи.

Ќе го земам назад она што душманските олигарси го украдоа од вас

и засекогаш ќе ја искоренам руралната сиромаштија.

Никогаш повеќе вашиот труд нема да биде одрекуван.

Никогаш повеќе нема да го негираат нашиот сон.

Сечи! Дали беше добро?

Совршено. - Да? Сигурен си?

Совршено. - Не е премногу искрено?

Прекрасно. Прекрасно, госпоѓо.

Ќе треба да разговараме како ќе го буџетираме ова.

Може ќе треба брцкање во акционерското друштво.

Не, не, не. Тоа ќе го оставиме настрана. Благодарам, г. Сингер. Херберт?

Супер е, нели? Исто како во нашиот сон, се сеќаваш?

Да. Да. Не, баш така. Да.

Земјишна реформа. Големи зборови. Возбудливо.

Кога ќе ми текне на Американците. Ќе ни се изнасмеат за ова.

Не, Елена. Веќе нема да мислиме на нив, во ред?

Сега ги нема. Овде сме само ние и нашите луѓе.

Не. Не, се разбира. Само си играв мајтап.

Госпоѓо.

О, дојде, љубов моја.

Ти го донесоа чајот. Да ни сипам?

Размислував нешто, Лени.

Навистина се голем удар, земјишните реформи.

Да, така мислам.

Да, како Робин Худ.

Го гледаш проблемот, нели?

Проблемот?

Не можеш истовремено да бидеш и Робин Худ и кралот.

Акционерското друштво, Лени.

Можам да бидам и двајцата.

Двајцата? Не, не можеш да ја вратиш земјата

и половина од неа да ставиш во свој џеб.

Ќе земеме само мал дел од кремот. Во ред е.

Тоа е повеќе од малку крем, љубов моја.

Сигурно не мисли на реформи

во најбуквална смисла на менување на формата на она што е.

Не ѝ е гајле што мисли.

Ќе ја банкротира земјава ако така ѝ каже она ратоборно говедо.

Планот беше да го издигнеме.

Да го издигнеме, да. Не да го претвориме во Херберт Грозниот.

Баш поради него нашите рудници за кобалт мируваат.

Поради него нашиот БДП се намалува како сфинктер.

Тој ја избрка американската крава молзница да побара позелени пасишта.

Канцеларката ќе изгуби интерес. Како секојпат. -Што ако не изгуби?

Работам на тоа.

Госпоѓо, според вашето барање, составив целосен извештај

за последните американски медиумски трендови и разузнавачки муабети.

А доминантниот разговор, се разбира, продолжува да биде Тајван.

Со ескалација на тензиите,

американскиот Стејт департмент се обидува да ја вклучи Кина во...

Не, да почнеме со Европа, да?

Па, да, да, се разбира.

Видовме зголемен фокус на проблематичните пазари во Германија...

Не, не. Поблиску до нас.

Поблиску од Германија, госпоѓо. Да.

Па, САД продолжува да ги гледа можностите

за инвестирање во Коридорот Фабан.

Нашите во регионот набљудуваат...

Ништо за нас? Не? Нема ништо забавно за...

Боже. Онаа старомодната од Канзас?

Како се викаше? Сенаторката Холт.

Па, госпоѓо, би рекол дека новите изолационистички политики

кои ги смисливте со каплар Зубак изгледа дека успеаја.

Вие и Вашата влада малку се појавува во американските медиуми во последно време.

Се чини дека нѐ оставија на мира.

А тоа е она што го сакавте, се разбира.

Да. Да. Секако.

Врата.

Среќен скорешен роденден, тато.

Аман, види се. Насликан како холандска курва.

Еве. Овие се мртви, ти си мртов. Имате многу заедничко, многу за дискусија.

Па, се свртевме кон руралното овде. Ќе го мразиш. Е па, така ти е.

Доста ме гледаш така. Добро сум. Всушност, и подобро од добро.

Само што... не спијам добро, тоа е сѐ.

И одлична идеја се, земјишните реформи.

Да. Не е слаба или досадна.

Грешиш.

И тоа само затоа што не е доволно голема за тебе.

Ти и твоите соништа за анексирање на Фабан.

Заблуда.

Ова е реалниот свет, тато. Порасни!

И за Херберт грешиш.

Да.

Целосно ја контролирам таа ситуација. Да.

Што е?

Се чувствуваш загрозен?

Затоа што тој е вистински маж?

Ти си исушен дрт старец со малечки мадиња.

О, љубоморен си, така ли?

Затоа ли сакаш да ме изнервираш, како мама? Па, џабе ти е.

Вакцинирана сум против татковци. Те исплукав од себе.

Те одбивам! Те отфрлам, затоа што си ебано патетичен!

Не, не, извини. Извини. Не, извини. Само...

Може да заборавиме на тоа, те молам?

More Macedonian subtitles for The Regime

نظرات

No comments yet. Be the first to leave one.

Keep it about this subtitle — sync, quality, typos.500 characters left