Mr. Robot

Mr. Robot

دانلود زیرنویس Macedonian

فصل 1

هماهنگ با نسخه‌های زیر

Mr Robot - S01 - AMZN WEB-DL - V2
ناشر bontoutou
Official Subtitles

برچسب‌ها

Web-DL
web-dl
web
WEB-DL
تاریخ انتشار: 2019-12-26
تعداد دانلود: 38
مخصوص ناشنوایان: No

پیش‌نمایش زیرنویس Macedonian

نخستین 200 خط.

Здраво, пријателе.

„Здраво, пријателе?“ Тоа е јадно.

Можеби треба да ти дадам име.

Но, тоа е опасно. Ти си само во мојата глава.

Мора да го запомниме тоа.

Проклетство.

Всушност се случи. Зборувам со замислена личност.

Она што ќе ти го кажам е строго доверливо.

Заговор, поголем од сите нас.

Постои моќна група на луѓе која тајно го води светот.

Зборувам за луѓето за кои никој не знае.

Луѓето кои се невидливи.

Првите 1 % од врвните 1 %.

Луѓето кои си играат Бог без дозвола.

И сега, мислам дека ме следат.

Ова е за синоќа.

Требаше да отидам на роденденската забава кај Анџела.

Наместо тоа, отидов...

Еј, Рон.

Повели.

Кафетеријата на Рон

Ти си Рон?

Но...

Твоето вистинско име е Рохит ДТемета.

Си го променил во Рон

кога си ја купил првата кафетерија на Рон пред шест години.

Сега имаш 17, а ќе имаш уште осум следниот квартал.

Можам ли да ви помогнам со нешто?

Сакам да доаѓам тука, бидејќи имате брз интернет.

Мислам, вие сте едно од ретките места што има оптичка врска со гигабајт брзина.

Тоа е добро.

Толку е добро, што направи да се запрашам.

Оној дел

кој не дозволува доброто да постои без никаква причина.

Па, почнав да го пресретнувам целиот сообраќај на твојата мрежа.

Тогаш забележав нешто чудно.

Тогаш решив да те хакирам.

Хакираш...

Знам дека ја водиш веб страната Платос бојс.

Молам?

Ја користиш мрежата на Тор да имаш анонимни сервери.

Си се погрижил да го скриеш тоа.

Но јас го видов.

Онион протоколот за рутирање не е толку анонимен како што мислиш.

Кој ги контролира излезните јазоли, исто го контролира сообраќајот,

што ме прави

единствениот во контрола.

- Морам да ве замолам учтиво да заминете. - Поседувам сè.

Целата твоја е-пошта. Сите твои документи.

Сите твои слики.

Изглегувај оттука, веднаш, или ќе повикам...

Полиција?

Сакаш да дознаат за стотиците терабајти со детска порнографија

со кои ги услужуваш твоите 400 000 корисници?

Лично, човече,

се надевав дека ќе бидат само некои садомазо работи.

Знаеш ли колку поедноставно ќе беше тоа?

Не сум повредил никого.

Никогаш.

Тоа е мој личен живот.

Разбирам како е

да си различен.

Јас сум многу различен, истотака.

Мислам, не дркам на мали деца,

но не знам како да разговарам со луѓето.

Татко ми беше единствениот со кого можев да зборувам.

Но, тој почина.

Жал ми е за тоа.

Како починал, може да прашам?

Леукемија.

Дефинитивно ја доби од радијацијата во компанијата во која работеше,

меѓутоа не можев да докажам.

Сега, тој е мртов.

А компанијата е во ред.

Еј...

Во ред е, Рохит.

Не мора да се грижиш повеќе.

Не разбирам.

Ме уценуваш?

Значи за тоа се работи? Пари?

Само тоа те интересира?

Не.

Ако ти платам сега, ќе сакаш се повеќе и повеќе.

Без разлика на тоа колку давам.

Секако ќе ја информираш полицијата. Нема да ти платам, господине.

Запомни, ти истотака го прекрши законот.

Всушност, во право си.

Делумно.

Види, ова обично го правам од мојот компјутер,

но овој пат сакав да го направам без тастатура.

Лично.

Се обидувам да поработам на мојата социјална анксиозност.

Но секогаш постои опасност да избегаш откако ќе те откријам.

Ќе му кажеш на админот да ги собори серверите и да ги избрише податоците.

Па, се погрижив да го вклучам времето и локацијата на моето анонимно јавување.

Чекај, застани. Ќе ти дадам пари. Ќе ти платам.

Колку сакаш? Ќе ти платам.

Ова е делот за кој грешиш, Рохит.

Не ми е гајле за парите.

Сега, ме следат.

Моќниците не сакаат некого со моите способности.

Во три кратки минути, му го уништив бизнисот на човекот, животот, постоењето.

- Го избришав. - Еј!

Еј, ти!

Еј, дете.

Што се случува?

Возбудливо е во светот сега.

Возбудливи времиња.

Олсејф

Но, јас сум одмазнички хакер само преку ноќ.

Преку ден, само обичен сајбер-безбедносен инжинер.

Број на вработен ЕР-280652

Елиот?

Тука.

- Што има? - Еј.

- Да. Не е за... - Сите...

Можам... Да, сигурно можам...

Сигурно можам да се справам со тоа.

Види, пак беа хакирани синоќа.

- Гидион - Тоа е другарка ми од детството, Анџела.

Може да биде малку напната понекогаш. Но, верувај ми, таа е од добрите.

Во што гледам? Ова е дневникот? Вели дека е напад РУДИ.

- Ова е генијално. - Гидион, ќе ми одговориш?

Генијално? Велиш генијално?

Ова нѐ убива, Елиот.

Гидион, не си заминувам...

Анџела!

Ајде да видиме како ќе помине состанокот денес.

Мрежите им ги напаѓаат секоја недела.

Којзнае дали уште ќе ни бидат клиенти.

- Ќе дојдат? - Да.

Што рековме за кодексот на облекување?

Сега, прегледајте ги записниците

и бидете спремни, попладнево, во случај да имаат прашања. Добро?

Добро.

Пак почна да пушиш?

Не ги доби моите пораки синоќа?

Ти пратив точно 13.

Да, извини. Не можев да дојдам.

Ми вети дека ќе се обидеш овој пат.

Престани да мислиш на нешто друго кога ти зборувам.

Мразам кога го правиш тоа.

Извини. Мислев на работата.

Може затоа Гидион те сака многу. Нонстоп ми се заблагодарува што те донесов.

Но, поради некоја причина, мислам дека тајно мразиш да си тука.

Таа беше во право.

Ги сакам повеќето вработени, но нашиот бизнис,

сајбер-безбедносна фирма што ги штити корпорациите,

не можам да замислам нешто што мразам повеќе.

Не, ми се допаѓа тука.

Извини.

Само сум лошо расположена.

Доцнам на последните две уплати за студентскиот заем.

И не го убедив Гидион да ми даде покачување.

- Еј. - Здраво.

Еј, другар. Ми недостигаше синоќа. Каде беше?

Морам да одам. Има важен состанок денес.

Дозна што се случило?

Да. Рече дека работел.

Мора да разговараш со него.

Доцниме на средбата за персоналот.

Не може да ме поднесува. И знаеш зошто.

Анџела, не ми треба таа негативност во животот.

Точно за тоа зборувам.

За што размислуваш?

За ништо.

Сакаш да знаеш за што размислувам јас?

Првиот пат кога дојде кај мене.

Не дојдов баш кај Криста. Бев принуден. Но, ми се допаѓа.

Нејзиното хакирање беше едноставно. Нејзината лозинка? Дилан_2791.

Омилениот артист и годината кога била родена, наопаку.

Иако е психолог, многу е лоша во читање на луѓето.

Но, јас сум добар во читањето на луѓето. Мојата тајна?

Го барам најлошото во нив.

Знам дека се развела пред четири години.

Знам дека била уништена и оттогаш се состанува со губитници на иХармони.

Криста од Менхетен, Њујорк

Статус на врска: Слободна Има деца: Не

Нејзиниот последен плен? Мајкл Хансен.

Го побарав на интернет, но не најдов ништо.

Нема Линкдин, нема Фејсбук. Ништо.

Нешто околу него ме нервира. Ми го допира пак оној дел од мозокот.

Но ќе го хакирам наскоро. Секогаш го правам тоа.

Знам дека не викаш како претходно, што е добро,

но забележувам дека уште се држиш за тоа.

Треба да работиме на твоите проблеми со гневот.

Ти си лут секому.

- На општеството. - Е... општеството.

Знам дека имаш многу за што да се лутиш,

но задржувајќи го тоа во себе и молчејќи, како што правиш ти, нема да ти помогне.

Имаш болка во себе. На тоа треба да работиме.

Што е тоа во општеството што те разочарува толку?

Не знам.

Дали е тоа што колективно мислевме дека Стив Џоб беше голем човек,

дури и кога знаевме дека направил милијарди на грбот на децата?

Или можеби чувството дека сите наши херои се лажни.

Светот е само една голема измама.

Меѓусебното спамирање

со страсни коментари со глупости маскирани како проникливост.

Лажното дружење на социјалните медиуми.

More Macedonian subtitles for Mr. Robot

نظرات

No comments yet. Be the first to leave one.

Keep it about this subtitle — sync, quality, typos.500 characters left