True Detective

True Detective

دانلود زیرنویس Macedonian

فصل 2

هماهنگ با نسخه‌های زیر

True Detective S02E04 720p HDTV x264-0SEC
ناشر juvemkd
720p.HDTV.x264-0SEC / 720p.HDTV.x264.AAC-ETRG / 720p.HDTV.x264.ShAaNiG / 720p.HDTV.HEVC.x265-RMTeam / 480p.HDTV.x264-RMTeam / HDTV.XviD-AFG

برچسب‌ها

HDTV
hdtv
x264
720p
720
HD
تاریخ انتشار: 2015-07-13
تعداد دانلود: 46
مخصوص ناشنوایان: No

پیش‌نمایش زیرنویس Macedonian

نخستین 200 خط.

ВИСТИНСКИ ДЕТЕКТИВ С2 Е4

Платив да имам авокадо стебла, и сега ми викаш дека не може да успеат?

Може некој да ја тестира почвата. -Мислев вие можете да ја вкусите

и да кажете што е проблемот. -Френк, нема смисла.

Не е ни важно. Не можам и на ова срање да мислам сега.

Треба да разговараме, ако сакаме да презакажеме за на доктор.

Ќе збориме за детето кога ќе се стабилизира ситуацијава.

Можеби имаме погрешен пристап.

Како мислиш? Милион работи имам

што може да се заебат, веќе не гледам јасно.

За бебето. Можеби треба да мислиме на алтернативи.

Мислиш, уште едно куче? -Посвојување.

Не, нема туѓа работа да работиме.

Мое дете, сфаќам. Моја одговорност е.

Ама нема да присвојувам туѓа жалост.

Дете не е жалост. -Мислам, сите имаат свое потекло.

Исто и јас и ти и секој несреќен мајмун на планетава.

Твоето дете е барем твој грев. -А што ако не можам да имам деца?

Зошто? Рече дека веќе си била бремена. -Може затоа...

операцијата...

можеби ги отежнува работите. Не знам.

Можеш да имаш дете. Погледни се. -Ама “ако“, “ако“ не можам.

Направи уште тестови. На се' можно.

Морам на работа.

Ако не најдам некое решение, стеблава и бебево

ќе бидат во втор план. -Добро, Френк.

Оди на работа.

Се разбуди? Вчера ни беше топ, а?

Јас... возев до тука?

Не се сеќаваш дека се сретнавме во “Лукс“? -Не.

Мило ми е што дојде. Го снимив натпреварот.

Седни. Земи вафли. -Имам работа.

Ослободи се. Биди тоа што сакаш. Не е страшно.

Сакаш превоз до моторот? -Не.

Не.

Да ти ебам. Не.

Полицаецу Вудро! Коментар за обвинувањата за воени злосторства на “Црна Планина“?

Дали бевте дел од обезбедувањето на село близу Хабанија?

Дали случката со Лејси Линдел е поврзана со обвинувањата за “Црна Планина“?

Дали и порано сте биле насилни кон жени? -Висок околу 180, тежок можеби 70?

Што мислиш? -Мислам дека заебавме. -Значи не бил шоферот.

Бил некој што сакал да мислиме така, оставајќи ја колата близу него.

Слушај, тоа во куќата на градоначалникот...

Ти ја почитувам дрскоста ама... ќе ти се врати.

Градоначалникот на депонијата за гомна ќе ме суреди?

Неговата фамилија 100 години ја контролира депонијава.

И живее во најголемата куќа во Бел-Ер.

Мислиш такви луѓе постојат без пријатели на високи места?

Мислам дека нема да има многу пријатели после државната истрага.

Освен тие во затвор. -Тоа ти кажувам, Безеридис.

Државната истрага, мислиш не го виделе ова порано?

Дали некој од таа фамилија завршил во затвор? Види...

Државната истрага е уцена. Сфаќаш?

Правобранителот бара со отворена дланка. -Што бара?

Што може да бара отворена дланка? Каспер работел со многу пари за развој.

Договорите за земјиште, новите корпорации?

Мислиш дека ова е за стопирање на тоа што Винчи го прави веќе еден век?

Никој не сака тоа да го стопира. Го заболе некој за тоа.

Тука сум да разрешам убиство. -И кога нашите надредени ќе се спогодат

и ќе им треба нешто за покажување од големава истрага,

кој мислиш дека ќе биде прв за отстрел?

Претпоставувам ти и Вудро

не сте меѓу најпопуларните во вашите оддели. Некој би рекол, непотребни.

Важно, ти си чист. Нема да може да ти наштетат.

Не знам за Вентура, ама тука не смееш да бидеш наивна.

Ако направат зделка со правобранителот,

Чесани ќе ја бара твојата глава како дел од неа.

Каде е Вудро? Испитуваше проститутки синоќа.

Се надевам не претерал.

Велкоро. -Изгореница од кафана?

Може е од тоа што цело време сум на сонце барајќи по заложниците.

Знаеш што? И јас можам да се заангажирам.

Мислам дека за тоа не постојат дилеми.

Френк, ова што го бараш, треба да си семејство, само за да избегнеш навреда.

Семејството е крв. Пролеаната крв е крв.

99та. 2003та. Јануари 2010та.

Имам направено услуги за вас. -Ти зборуваш за историја.

Плативме за тоа. -Му плативте на Осип

кога требаше да му се плаќа. -Мене?

Јас тоа го викам услуга. -И мислиш дека за стара услуга ти следува бесплатна роба?

Не барам подарок. Не би го прифатил.

Зборувам за пратки. Пак раководам со “Лукс“.

Потребен ми е производ за таму. Гледаш дека не разговарам со Мексиканци

или Руси. Разговарам со вас.

Ви нудам 5% над вашата цена. Ми треба кокаин, мет,

и екстази, или како и да го викаат денес.

Го диламе низ клубот, а вас ви плаќаме плус 5. -Ризик е, Френк.

За мене, не за вас. -Наш човек да е задолжен за продажба.

Не, јас го водам клубот. Јас ги контролирам сите активности

и сите мене ми одговараат. Вашата грижа се единствено парите.

Сантос има свој договор. Мексиканците.

Јас ќе го средам тоа. -А како средуваш откако замина?

Зошто се врати на ова, Френк?

Мислам дека зашто твојот друг план ти пропадна.

Како да ти веруваме дека и ова нема да пропадне? -Мојата понуда е чесна.

Ќе добиеш повеќе потрошувачи и поголем пазар. Заедно ќе просперираме.

Не работиме со испораки, Френк.

5% не е еднократна бројка. Месечна е.

За секој месец. Долгорочна инвестиција

во взаемно исплатлива врска.

Значи се договоривме за 5.

Со толку шеќер, Френк, ме чуди како не ти паднале забите.

Стоматолозите се скапи. -Само така можам да го пијам твоево кафе.

Немам изгубено ниту еден заб. Ни ебен кариес никогаш не сум имал.

Во преградата. Земи лекче.

Каде ти е моторот? -Украден.

Веќе проверив во пајак службата.

Имало ли туш во хотелот? -Не можев да се вратам.

Ми се нафрлија новинари. Камери и срања.

Секаде ќе ме има.

Кој ги ебе. Лажат без око да им трепне.

Знаеш еднаш што ми рече едно од тие кучиња?

Попрво би бил прв со грешна вест отколку втор со точна. Тоа се' ти кажува.

Читам за таа глумицата. За “Црната Планина“.

Фалуџа, Тикрит. Си видел срања. Другово треба да ти е мачкина кашлица.

Всушност е баш обратно. -За мене ти си воен херој.

Си имал лоша ноќ и не мора да знаат за тоа.

Се' што пишуваат е точно.

За во војската, полицијата.

Ама не е важно. Правиш како што ќе ти кажат и не е важно.

Толку долго ги слушам... веќе не знам кој сум.

Ти преживуваш. Се' друго ти е песок во очите.

Трепкај за да излезе.

Не знам. -Ќе ги земам твоите работи.

Ќе ги однесам во друг хотел, важи?

Не знам како да бидам... надвор во светот.

Еј, погледни низ прозорецот. Погледни ме мене.

Никој не знае. Напиј се пак.

Ќе ти земеме нешто за против дехидрација.

Добро, доста со глупостиве.

Добро му оди на местово, а? Колку Мексиканци имаш тука?

Околу 200. -Ти треба помош со менаџирање, Лук.

По мене. Ти треба обезбедување, наплатување.

Наплатување?

Френк, ти го продаде местово, доби кеш. -Секако.

Ти си газдата, нема сомневање.

Мислам на партнерство. 30%.

Мислам, наредните три месеци,

да го искористиме потенцијалот на местово. Ќе ти се исплати.

Ова не е во ред, Френк. Веќе му плаќам на Чесани.

Местово има трошоци.

Никој не сака да се чувствува искористено. -Не се чувствувам. Ти ја одреди цената.

Рече, се додека е кеш.

40%. Отсега ние ќе наплатуваме.

Ќе чукаме секој први во месецот.

И искоси ја тревата. Не сакам децава да ги касне змија.

Сакаш да му дадеш нови причини за да те згази?

Ете ја ќерката.

Го познаваше Бен Каспер, градскиот раководител?

Малку. Беше добар кон мене.

Го знаеше брат ти добро? -Не верувам.

Тони немаше многу заедничко со г-дин Каспер.

Каспер зборувал често со некого на втората линија.

Што мислиш, со татко ти или со Тони?

Не знам. Од каде да знам?

Нема правила, знаете? Така е отсекогаш.

Сопругата на татко ти, не ти е мајка.

Мајка ми почина во болница во Невада.

Кога имав 11, почна да покажува знаци на шизофренија. Стана опасна.

Тато ја однесе во болница.

А тој доктор...

Она се обеси таму.

Не сакам да зборувам за овие работи.

Не сакам за ниедна од овие работи да зборувам.

Жал ми е.

Мајка ми, она умре кога имав 12.

А кој и' бил доктор на мајка ти?

Се вика Питлор.

Татко ми, он е многу лоша личност.

Не треба да зборувам со вас. Треба да одам.

Се сеќавам на неа, во песокот.

Нејзините големи фустани.

Да. -Ги полираше тие дрвца од морето

додека не блескаа како челик.

Ја изгубив во светлината. Во одблесокот од водата.

Зошто овие сеќавања се толку живописни,

а не памтам работи од минатата недела?

Тие моменти, ѕверат во тебе. Не се сеќаваш ти на нив,

тие се сеќаваат на тебе. Сврти се и ете ги.

Зјапаат.

Можеби ќе земам една.

Го зеде нејзиниот нож. Кажа дека не сакаш ништо друго.

Тина, ова “веб“ срањево, тие облеки, ќе западнеш во лоши кругови.

Чиста сум. Веќе не ни пијам. Штедам за Уметнички Универзитет.

Не сум курва. Не би отишла на една од оние забави.

Кои забави? -Кај што има вистинско курвање. Нема шанси.

Каде се овие забави? -Насекаде.

На север. Ама не се мешам со тоа.

Ти викам, уште два месеца и после заминувам.

Требаше да се грижам за тебе.

Срце, ти ни за тебе не можеше да се грижиш.

Види, знам како ги оставивме работите, ама...

Не те кривам тебе.

Знам дека не е лесно.

И тоа што го кажа...

Мислам дека беше во право. -Трудна сум.

Нели пиеше таблети? -Не се 100 отсто сигурни.

Види, ти не го бараше ова. Ама јас не верувам во абортирање.

Ќе го задржам, Пол.

Сакам да го задржиш.

More Macedonian subtitles for True Detective

نظرات

No comments yet. Be the first to leave one.

Keep it about this subtitle — sync, quality, typos.500 characters left