Az első 200 sor.
Длабоко под површината на океанот...
се наоѓаат остатоци од заборавеното минато.
Ова е како враќање низ времето. Ова е сон на секој морски биолог.
Пред времето на диносаурусите,
со морињата владееле чудовишни праисториски ајкули.
Ова е гориво за кошмари.
Совршено приспособени суперпредатори.
Главите им биле како наковални, имале боцки и вилици како ножици.
Воопшто не личеле на денешните ајкули.
Застрашувачки предатори од кои требало да се бега.
Тим светски научници...
Можеби најдов нешто. -Што?
Ќе ги истражуваат најмрачните длабочини...
Ова е чудовиште, огромно.
Барајќи докази на неочекувани места...
Ајкулата била долга 15 метри. -Во Тексас сѐ е поголемо.
За да ги оживеат најчудните, најголемите
и најстрашните...
ПРАИСТОРИСКИ АЈКУЛИ
Ајкулите се едни од најстарите морски видови на планетата.
Ајкулите се постари од дрвја. Владеат со океаните стотици милиони години.
Пред диносаурусите на копното и во воздухот,
океаните биле полни со праисториски грабливи кошмари.
Тие ајкули биле поголеми од големите бели ајкули.
Тоа биле огромни хиперпредатори со необичен изглед.
Не опстојувале долго. Смртоносните предатори и масовните изумирања
значеле дека секој владеел кратко пред да се појави следниот.
Во подножјето на планината Фуџи, во Јапонија, биологот Остин Галагер
води експедиција до древен кањон,
длабоко под површината на водата.
Суруга е најдлабокиот залив во Јапонија и совршено место
за проучување на древните ајкули. Ова е како враќање низ времето.
Некогашно морско бојно поле, заливот Суруга е полн со чудни суштества
и преживеани од заборавената ера.
Тука живеат наборени ајкули,
ајкули духови и гоблин ајкули,
видови што пливале со ајкулите од периодот Јура.
Овие живи фосили се последната врска меѓу сегашноста и минатото.
Живите фосили денес ни откриваат карактеристики на древните видови
кои биле вообичаени пред многу милиони години.
Нивното наоѓање ќе ни помогне подобро да го разбереме морското живеалиште
и тие ајкули да ги прикажеме преку анимација како никогаш досега.
Мислам дека во овој залив живееле најнеобичните предатори,
како ајкулите со ножичести заби и пилестите ајкули.
Машини за убивање, ајкулите со ножичести заби и пилестите ајкули,
биле чудовишта долги 7,5 метри со морничаво приспособени вилици
кои со генерации ги збунуваат научниците.
Во денешниот свет не постои ништо толку бизарно и непознато.
Многу малку се знае за праисториските ајкули.
Бараме видови што живееле заедно со нив
и можат да докажат дека навистина постоеле.
Остин тргнува со експертот за длабоки мориња, Јуки Ватанабе.
Имаме ајкула. -Змејоопашеста.
Тимот извлече ајкула долга 1,2 метри која потекнува од древното минато.
Змејоопашестите ајкули живеат во големите длабочини,
но никогаш одблизу не сум видел жив примерок.
Неверојатна ајкула. -Погледни ја опашката.
Издолжена е и наликува на змеј.
Затоа ја нарекуваат змејоопашеста ајкула.
Многу праисториски ајкули што ги гледаме денес
имаат издолжено, речиси змиско тело.
Како што ајкулите еволуирале, така им се менувала опашката
и сѐ повеќе почнувале да личат на денешните ајкули со грбна перка.
Змејоопашестата ајкула е совршен пример за ајкула среде еволуција,
среде промена.
Забите ѝ се навистина остри. -Да, многу.
Може да гризе и да кине големи парчиња месо.
Секогаш ми се интересни очите,
зелени, големи и како скапоцени камења.
Приспособувањето е клучно за опстанокот на секој вид.
Нивните очи имаат поинаков однос на стапчести и конусни клетки,
што им овозможува да гледаат во целосен мрак.
Очите не се единствената адаптација на змејоопашестата ајкула.
Тоа е и најголемата ајкула што поседува биолуминисценција.
Истражувачите веруваат дека ја користи при лов на морското дно
како начин да остане незабележлива одоздола.
Ја враќаме во водата.
Додека истражуваме, очекувам да видам понеобични приспособувања
што ќе ни помогнат да дознаеме повеќе за древните ајкули и да ги оживееме.
ЦЕНТРАЛЕН ТЕКСАС
На другиот крај од светот, биологот Кесли Бенкс
трага по изумрени предатори на неочекувано место.
Се наоѓаме среде Тексас, на 1.000 километри од Заливот.
Ова е типичен централен Тексас.
Но луѓето не знаат дека ова некогаш било дно на океан.
Тексас драстично се променил во текот на стотици милиони години.
Некогаш западен внатрешен морски пат, водена површина која г делела САД,
видел неколку ери на океански предатори,
од кои некои оставиле докази за своето постоење.
Здраво, Рон. -Здраво. -Како си?
Дојдов кај Рон, мојот пријател палеонтолог.
Ако некој знае кој владеел со праисториското море, тоа е тој.
Добредојде. Денешен Тексас,
како и речиси сето копно на Земјата, полека се менува
уште од своето создавање пред четири милијарди години.
Овие седиментни карпи некогаш биле морско дно
кое изобилувало со живот.
Оваа почва е полна со потсетници на некогашниот океан
и суштествата што живееле тука.
Водата ја нема, но ајкулите сѐ уште се тука. -Така е. -Совршено.
Во изминатите неколку години, во централен Тексас
се откриени фосилни заби од 20 древни видови ајкули.
Морфолошки, овие заби наликуваат на забите на денешните ајкули.
Овој е како голем заб од мако ајкула.
Не сум видел заб од мако ајкула, но ти сигурно си видел. -Да.
Да ми го покажеше ова, ќе речев дека многу личи на заб од мако ајкула.
Така изгледа? -Да, шилести се. -Но ова не е од мако ајкула.
Овој е стар 80 до 90 милиони години.
Потекнува од киклоп ајкула. -Восхитувачки.
Ги има многу. Постои голема разновидност
на зачувани фосили во овие карпи.
Ги наоѓаме низ целиот овој регион.
Неверојатно добро се зачувани.
Можеш да ги ископаш и да најдеш неверојатна разновидност.
На пример, ќе најдеме дури и ретко зачувани коски од череп.
За разлика од други ајкули, тие коски од черепот се минерализирани.
Скелетите ретко се зачувуваат и уште поретко се пронаоѓаат.
Ова е од вилицата? -Левата долна вилица. -Левата долна.
Зглобот е назад. -Одлично.
Така. -Совршено. -Тоа е коска од ајкула.
Многу од овие примероци се стари 300 до 270 милиони години.
Тоа било златното доба на ајкулите,
време кога достигнале најголема разновидност и бројност.
Почнале да се приспособуваат на условите и да еволуираат.
Нови видови заби, нови начини на пливање, нови опашки.
Најуспешните продолжиле да опстојуваат, а сѐ друго изумрело.
Со помош на фосилни заби ја барам најголемата и најстрашната ајкула
што владеела во водите на Тексас пред 300 милиони години.
Во своето време, најголемиот предатор
на планетата била тексашката суперајкула.
Зборуваме за ајкула поголема од камиончето со кое дојде. -Боже!
Долга и до 9 метри, тексашката суперајкула
била поголема од денешната голема бела ајкула.
Таа машина за убивање владеела со океаните
пред 300 милиони години.
Откриена во 2015 година, драматично го промени нашето разбирање
за древните предатори од тој период.
Не знаевме дека уште тогаш постоеле толку големи ајкули.
Фосил стар 300 милиони години. -Боже!
Забите се многу препознатливи, обично имале повеќе врвови.
Секој врв служел за гризење и задржување на лизгавиот плен.
И со одбранбените механизми, помалите не можеле да ѝ се спротивстават.
Имала уста полна со иглести заби
совршени за прободување, фаќање и кинење.
Со четири перки и аеродинамично тело, тексашката суперајкула
маневрирала подобро од помалите ајкули во плитките води.
Со масивните вилици го прободувала пленот со еден единствен загриз.
Се смета дека се борела за плен со ајкулата со ножичести заби,
контролирајќи ги плитките води.
Ајкулите со ножичести заби се повлекувале во поголеми длабочини
за да ги избегнат поголемите предатори, како суперајкулата,
и напредувале во кањони како оние во Суруга.
Ќе го вклучам. Ова ќе биде А.
Остин се подготвува за истражување со подводни камери.
Куќиштето отпорно на притисок ја штити камерата во длабочините.
Неверојатно е што заливот Суруга сѐ уште е обвиен со мистерија.
Можеме да видиме што било.
Единицата е подготвена и штом ја спуштиме во морето, нема враќање.
Ќе потоне и ќе ни овозможи пристап до места до кои не би стигнале,
што е клучно за ова истражување.
Целта е област на длабочина поголема од 600 метри.
Центар на тоа што се нарекува зона на самракот. -Подготвено е.
Зоната на самракот е дел од океанот меѓу 200 и 900 метри длабочина,
каде владее целосен мрак. Во таа зона светлината исчезнува
и ајкулите се најактивни.
Не е доволно истражена, а изобилува со живот.
Добро е.
Подготвен сум да ја спуштам камерата. Почнуваме. Добро е.
Два, три... Тоа е тоа.
Одиме.
Имаме пренос во живо. Едвај чекам да видам.
И покрај длабочината, камерата е поврзана со мониторот на бродот
и му овозможува на Остин да го гледа дното на океанот.
На длабочина од 600 метри, Остин бара траги од древен живот.
Целосен мрак. Не гледам многу, но врската е добра.
Добро. Нешто се приближува.
Изгледа како бодликава ајкула.
Прекрасен примерок. Бодликавите ајкули се релативно мала група
што постои веќе 100 милиони години.
Тие се плен на поголемите ајкули.
Тоа што ја гледам уште на почеток е добар знак.
Неверојатно. Ова е најголемиот рак на планетата,
јапонскиот пајак-рак. Овој е огромен.
Распонот на нозете може да достигне 3 метри кога ќе ги рашири.
Огромни се и постојано се движат по морското дно.
Како изоподите, бараат плен и мртви животни по дното.
Еден од најпознатите жители на заливот Суруга е пајак-ракот.
Познат е по својата големина,
а распонот на нозете може да достигне 3 метри.
Погледнете ги клештите. За да порасне толку, мора да има доволно храна.
Тоа значи дека долу има храна за големи предатори.
Морското дно овде е полно со живот.
Полека почнувам да сфаќам.
Изгледа дека на дното има многу плен, што е одлично.
Што е ова?
Мислам дека е нешто големо. Голема риба.
Ова е лудо.
Јуки, гледам нешто големо. -Во заливот Суруга,
д-р Остин Галагер, на морското дно, бара докази за древните ајкули
што сѐ уште ги крстарат овие води.
No comments yet. Be the first to leave one.