Le prime 200 righe.
Во 1845 година, два брода на Кралската морнарица
испловиле од Англија
во обид да откријат пловен пат низ Арктикот.
Тие биле технолошки најнапредните бродови од тоа време.
Последно биле видени од европски китоловци во заливот Бафин
додека чекале добри услови за влез во арктичкиот лавиринт.
Потоа двата брода исчезнале.
Видоа многу пешаци.
Сите умираа од глад. - Ги запознал?
- Го видовме капетанот. Оној кој го викаат "Аглука".
Прашај го дали еден од овие
е оној кој го вика Аглука.
Зборуваше на нашиот јазик.
Умираше.
Покажа кон југ и рече дека по копнен пат одат кон дома.
Но едвај одеа.
А зад нив имаше Тунбак. - "Тунбак"?
- Зад нив доаѓаше. Постојано доаѓаше.
Некој ги бркал? Еским?
Од шаманите.
Суштеството што јаде, на две и на четири нозе.
Она што е создадено од мускули и магии.
- Не разбирам. Опишува ли човек?
- Жал ми е, г. Џејмс. Немам поим што опишува.
Што рекол Франсис?
Аглука?
- Вашиот пријател ме фати за рацете.
Рече да им кажам на оние кои ќе дојдат по нив да не остануваат.
Бродовите ги нема повеќе. Нема премин.
Дека тие не постојат веќе.
Мртви се и не постојат веќе.
Септември 1846 година
Пред четири години
Били, поведи го со себе,
и не пуштај го дури не научи да врзува јамки
со затворени очи. - Да, господине.
Ајде. - Капетане.
Капетане.
- Дневните набљудувања даваат бизарни отчитувања.
- Магнетниот север секој ден се поместува за километри.
Сега сме во неговиот круг. - Ќе биде главна вест за луѓето.
Терор сигнализира, господине Џон!
Капетанот Крозиер бара извештај за ледот.
Да го пратам г. Рид?
- Не. Кажете му на Франсис дека Џејмс и јас ќе му се придружиме на вечера.
- Г. Тери! Отворете ја кутијата со знамињата!
- Се зборува дека на Терор се уште не им снемало говедски јазик.
Еребус
Кажете му на г. Дигл дека на вечера доаѓаат
сер Џон и командирот Фицџејмс.
Нека земе што сака од мојот склад. Ќе му се допадне тоа.
- Да, господине. - Ги видовте ли? -Да.
Од сите тешкотии на Истражувачката служба,
оваа можеби е најтешката, Томас.
- Држете се до три јадења и ќе заврши додека трепнете. -Не со Фицџејмс.
Ќе мора да ја слушаме сагата
за контролата на островот од измет во Намибија.
Или како го застрелале Кинезите.
Ми доаѓа да си ставам храна во ушите.
- Уште еднаш! - Пуштај!
Повлечи го!
Добро е!
Добре дојдовте на бродот, сер Џон.
Капетане Фицџејмс.
Ако сме толку близу до полот,
набрзо ќе го видиме островот Крал Вилијам.
- Види кој е експерт. - Г. Фар ми го покажа на картата.
По островот Крал Вилијам е брегот на Америка и натаму е обележано.
Здраво, малечок.
- Цела ноќ цимолеше. Сигурно е болен или нешто намирисал.
На добар ветер, може да намириса мечка на 1,5 км.
- Каков чин има тоа куче? Сте се запрашале некогаш?
- Навечер е обично на палубата. Може да се каже дека е на стража.
- Не знам. Според тоа би бил морнар или маринец.
- Но може да шета на офицерската палуба. Според тоа е подофицер.
Нели? А понекогаш е во собата на офицерот.
Подофицерите не можат да спијат на крмата.
Дали тоа значи дека е офицер?
Што би бил тогаш? Потпоручник?
Поручник? - Уште ли зборуваме за кучето?
Важно е, нели?
Куче над човекот. Кој кому служи? - Тоа е бродско куче. Го прифаќаме.
- Уште не сум го решил прашањето за жестоките пијалаци за вечерва,
но сакате ли нешто посебно?
- Повеќе отворена вода до Тихиот Океан,
па да можеме да си одиме дома.
Близу сме, господине.
- Внимавајте како го користите тој збор, близу.
Ова е Истражувачка служба.
Близу е ништо. Полошо е од ништо.
Полошо е од се на светов.
- Бригадите на брегот веќе се распалуваа,
па ги изнесував конгривите. - Ракетите? -Да.
Иронично е, бидејќи Кинезите ги измислиле.
Ги соборивме стрелците од градските ѕидини и тргнавме.
Додека се качував на скалата, мислев на Цезар на Рубикон.
Стигнавме на врвот и под нас го видов градот Чингкианг,
трепереше во утринската жештина.
Војниците од уличките подолу почнаа да не стрелаат со пушки,
од оние мускети со кои секогаш се носи фитил за палење.
Но во толку суви временски услови, кога ќе застрелавме некој,
паѓаше на фитилот и гореше како сено.
Наскоро цел град беше полн со осамени столбови од човечки чад
и мирисаше на печена патка.
Потоа истрчавме на улицата зашто 49-та беше нападната.
Наидовме на група Кинези зад уличните барикади.
Баш наполнив една ракета и нанишанив, кога ме погодија.
Едно топче од мускета, со големина на цреша.
Ми помина низ раката и продолжи.
Ми направи трета рана во градите. - Истрелот кој го убил лордот Нелсон.
- Ако не ја потрошеше енергијата на мојата рака, ќе завршев како него.
Конечно ме вратија на Корнволис каде д-р Стенли ми го извади зрното.
- Битката премина во војна. За пет недели Чинг потпиша спогодба.
А дотогаш веќе бев на нозе,
со раката во завој и се смеев за службениот портрет. Го видовте?
- Кажете ни за Островот на Птичјиот Измет, Џејмс.
Тоа е главна приказна.
- Г. Рид и јас зборувавме за мразот денес.
Вели дека пловиме низ плочи кои не се дел од летното кршење.
- Стар мраз? - Не е загрижен.
Мисли дека сме близу крстосница со поголем канал кој ги носи од север.
Сепак, тоа значи дека нашата летна клисура е при крај.
Треба да ја именуваме и мислам
дека г. Џејмс Рос ја заслужува таа чест.
- Да. - Одобрувате, Франсис?
Ќе биде многу задоволен.
- Тоа е поради магнетната енергија тука.
Слушнав дека кога сер Џон стигнал до каде што стигнал во 1823,
косата му растела 5 см неделно, а не ни биле близу како нас.
- Затоа ли се пријави, Стронг? Да добиеш пет сантиметри?
- Добро си? - Јанг?
Дејвид?
Дејвид? - Дејвид!
Сврти го! Не може да дише!
- Донесете лекар, веднаш! - Ајде!
Сврти го!
- Не сакам прв да кажам, сер Џон, но сите го мислиме тоа.
- Ниеден од тројцата кои умреа на Бичи не покажуваше симптоми.
Ако се работи за тоа, ќе бидеме на Тихиот Океан
пред да почне да коси.
- Вашата самодоверба охрабрува, секако. - Зар Вие не сте уверени?
Со нашиот напредок?
Не знам зошто. За една година го пронајдовме преминот.
Сепак, не весламе на дракари.
- Тука технологијата се уште се поклонува на среќата, Џејмс.
- Господине? Му дадовме доверов прав на момчето,
и му ги смиривме грчевите. Се одмора колку што може.
Во столицата има црна крв.
Сварена крв. Крвави над дебелото црево.
- Сликовит опис. - Скорбут ли е?
- Не можам ни да потврдам ни да негирам,
но ако морам да погодувам, би рекол дека има туберкулоза.
Не ги напаѓа белите дробови секогаш. - Нека го прегледа д-р Стенли.
Можеби ќе забележи нешто повеќе. - Ќе пратам чамец. -Нема потреба.
Ќе го земеме со нас. - Јанг? Во неговата состојба? -Да.
Завиткајте го добро и подгответе ни го чамецот. - Не би го превезувал.
Не знам уште колку живот има во него.
- Ќе го освежи студениот воздух. Ќе биде подготвен за половина час.
Полека. Попушти.
- Франсис, кажете му на готвачот "да" за телешката глава,
и "не" за мирудиите со кои ја зготвил.
За во иднина.
- Добра ноќ, Франсис. Обидете се да не бидете толку замислен.
Се е добро.
Се е чисто. Дигни.
- Нема полошо од човек кој ја изгубил радоста.
Станал неподнослив, а исто така е и пијаница.
- Треба да му бидеме подобри пријатели.
Не ми е јасно зошто е тука.
Ја презира славата, дури и славата на добриот пудинг,
а не гледа од високо и нас офицерите.
Еден поглед од него и морам да се потсетам дека не сум измамник.
- Не дозволувам да зборувате толку нељубезно за него.
Тој ми е заменик.
Ако ми се случи нешто, Вие ќе бидете негов.
Треба да го цените.
- Понекогаш мислам дека ги сакате своите луѓе повеќе од Бог, сер Џон.
- За ваше добро, да се надеваме дека не сте во право.
Подготви се!
Терор
- Подгответе се за спуштање на јажињата...
Човек во морето од десната страна!
Сите на палубата!
Сите очи свртени кон човекот во водата!
Кој го следи?
Ене го! Назад.
Фати го јажето!
Направете ми место!
Направете ми место!
- Колинс, не! - Дозволете ми да се обидам!
- Тој морнар не би сакал да ризикуваш!
- Се вика Били Орен! - Мртов е!
- Не разбирам зошто не си кажал ништо,
кога си почувствувал дека се разболуваш. Отвори.
- Имам главоболки цел живот. Не обрнував внимание.
И секоја вечер пиевме сок од лимон.
- Екипажот е под строга наредба да се јави во случај на болест.
Мислев дека закопот на тројцата на Бичи беше доволна мотивација.
Сокот од лимон не е лек за се.
Не сакав да го разочарам сер Џон.
No comments yet. Be the first to leave one.