Le prime 200 righe.
Човеков сум јас: Хавиер Гарсија.
Човеков исто така е Хавиер Гарсија.
Друг Хавиер Гарсија. Поарно е кога не зборува.
А наваму доаѓа летот на Хиспавија 3567
што конечно успеа да полета на време.
Веројатно се прашувате зошто сум тука и се соочувам со смртта.
Епа, затоа што јас сум Хавиер Гарсија
и од истата причина поради која правиме 99 отсто од глупавите работи.
Поради љубов.
Гарсија и Гарсија
Ама најдобро е да почнеме од почеток.
Пред околу три дена...
Добро утро!
Мадрид Нискобуџетен аеродром
Канцелариите на Хиспавија
Боже, тука како никој да не работи.
Види, Дарио. Слушај ме.
Немате работа?
Слушај ме.
Ова е осмиот лет што е откажан месецов. Нормално ли е тоа?
А најлошата работа е што најдобриот авион ни е приземјен.
Што ќе им кажеме на акционерите?
Немој да драматизираш, Ева. -Драматизирам?
Август и септември, загуби. Октомври...
Ужасно? -Не. Катастрофа.
Да наплатиме некои дополнителни услуги.
Дополнителни услуги? Наплаќаме за багаж,
за вода, за храна, за бебиња, за дебели патници,
за кредитни и дебитни картички... На крај воздух ќе им наплаќаме.
Треба нешто да се направи.
Со таванот. Да му се мавне едно бојадисување?
Компанијата треба да се реновира.
Ќе не исфрлат. -Па, што чекаме?
Победата или поразот ни зависат од тоа дали ќе го средиме ова.
Собранието на акционерите е за два дена.
Боже дај ми сила...
Зошто си заминав од Бритиш Ервејс? Арно ми беше таму.
Хавиер Гарсија, нинџата на авијацијата.
Што? -"Деловен консултант број еден."
Специјалист за големи компании. Јави му се, тој ни треба.
Малкумина го имаат видено.
Како Супермен. Доаѓа, ја оправа работата и исчезнува.
Ќе ни треба чудо за да најдеме пари за него.
Не, чудо ќе биде воопшто да го донесеме тука.
Погрешно работиш!
Ова е за никаде.
Сега што е? -Ми ја влошува астмата.
Не црвената жица, зелената.
Веќе му кажав. Зелената, не црвената, Борхита.
Кажи ми која, далтонист сум.
Далтонист, астматичар... Родителите сигурно ти се среќни.
Алфонсо!
Како оди?
Може да работиш на авионот, ова е итно!
Не ми прави притисок затоа што се блокирам и не можам да работам.
Поминаа две недели во празни обиди.
Немој многу да се надеваш. Не сум баш сигурен за ова.
Клои, имаме состанок за ручек. Ти текнува?
Како да заборавам, Рики?
Запален сум! -Испрскај го. Запален е!
Целијакија, воспалителна...
И глупав. -Ептен глупав.
Летајте со Хиспавија Не верувајте на тоа што го велат
Чекаме тука три часа.
Смирете се. Сите поплаки ќе се разгледаат.
Само една поплака имаме. Уште не сме полетале.
Се одложува. Мислам, авионот, не Вашата...
Молам?
Внимание, молам, патници на Хиспавија 6611.
Наскоро ќе полетаме. Се извинуваме за одложувањето.
А сега може да ги купите нашите лозови за лотарија и да освоите десетици евра.
Види. -Што?
Стјуардесата е на Синдер. -Ме зезаш!
Вели: "Сакам да спијам гола." -Секако.
И види. "Ајде да правиме работи за возрасни."
На пример што? Да плаќаме хипотека?
Ова е срамота. Кога ќе полета летот 6612?
Кога ќе слета 6611. Тоа е истиот авион.
А кога слетува 6611?
Ги гледаш сиве авиони, Паблито?
Види го големион. -Закон!
Стој!
Стој!
Види што вели тука!
Колку е голем!
Голем.
Види...
Леле, голем е...
Пабли... Паблито?
Голем авион! -Паблито!
Летот 6611 тукушто пристигна.
За повеќе информации, одете на нашиот шалтер на Хиспавија.
Канцеларии на Хавиер Гарсија, Билбао
Од каде се јавувате?
Од Хиспавија. Хис-па-ви-ја.
Треба да разговарам со г. Гарсија. Итно е.
Ќе мора да разговарате со мене, тукушто се врати од Дубаи...
Се работи за живот или смрт.
Добро. Ако е толку сериозно, ќе се обидам да го најдам.
Колку досадни.
Досадни.
Никогаш не би ни замислил ваква ситуација.
Ама ова ти е третиот развод, Хавиер.
Не можам повеќе да се расправам со Нина. Премногу е.
Исто како другите.
Ама целово ова стапување во брак и разведување ме збогатува.
Дали е изводливо за една недела? -Брзопотезен развод?
Брзопотезно или суперсонично, но нека биде брзо.
Погледни го.
Сигурно имал коса кога се согласил да ја застапува жена ми.
Види сега каков е бушав. -Хавиер!
Така е кога си биполарен. Никогаш не знаеш што да очекуваш.
Нина е биполарна? -Понекогаш да, понекогаш не.
Каде беше, Хавиер? Копиле едно.
Сакаш да се ослободиш од мене?
Само преку мене мртва.
И преку мртвите тела на баба ми, татко ми, мајка ми и Светиот Дух.
Значи, имаме договор?
Поарно ќе те убијам отколку да се разведам.
И тебе.
Се надевам дека џигерот ќе ти откаже.
Никогаш. Ме слушаш? Никогаш нема да ти дадам развод.
Така.
Каде одиш? -Да, Олга?
Никаков сопруг! -Се јавија од Хиспавија.
Хиспавија? -Една никаква нискобуџетна авиокомпанија.
Им треба план, а ти си најдобриот.
Рекоа дека ќе било трагедија ако не им помогнеш.
И јас си имам сопствени трагедии.
Да, слушам. Истражив малку.
Гласините велат дека сопственикот, Дарио Торес,
бил вмешан во некакви матни зделки.
Ама се согласуваат да ја платат нашата тарифа, па...
Кога ќе биде тоа? -Веднаш.
Кажи им дека доаѓам.
Алфонсо, на луѓево горе им е доста, сакаат механичар.
Надворешен. -Рики е од Галиција.
Некој што знае како да го поправи.
Добро, како и да е...
Братучедот на жена ми е зет на еден кретен
што му е роднина на типов,
Хавиер Гарсија.
Не го познавам, ама велат дека бил најдобар. Шпански Мекгајвер.
Па, зошто ќе работи за нас ако е толку добар?
Жена му починала, па бил депримиран.
Со години нема работено. Еве, Хавиер Гарсија.
Хавиер Гарсија.
Да му се сневиди. Не пак ова, Гарсија!
Штедна банка
Стој таму или значката ќе ти ја тостирам!
Денес на менито, "препечена хипотека". -Се познаваме уште од училиште.
Уште тогаш беше злобен лихвар. Премногу лош за да делиш нешто.
Тато...
Знам што правам. -Се вративме за да ја провериме сметката.
Немој да бидеш наивна. Се уште е во негатива.
Ако немам куќа, сакаш да спијам тука?
Гарсија е во право. Ти си лихвар и злобен си.
Смирете се, госпоѓо. Знаете дека ги одложив исплатите на хипотеката.
Се извинувам. Претерал со лекарствата.
Само колку да знаете, полицијата доаѓа.
Навистина?
Тогаш, нека почне скарата. -Не.
Да му се сневиди. Ти јави се, Роза. Зафатени ми се рацете.
Заеби ги банките, хипотеките, акциите, а еби се и ти, Антонито.
Зафатен е. Му паднаа едни шрафови.
Да, најдобар.
Што би било тоа?
Секако дека може.
Тато, нема да ти се верува! -Што?
Имаш работа!
Земи го ова, момче.
Се е под контрола. Само шега беше.
Можам да те удрам! Бегај ми од пред очи! Ајде, марш!
Да му се сневиди. Проклет Гарсија и...
Билбао Аеродром Лухуа
Сигурно сакаш да си заминеш сега, насред разводот?
Баш затоа. Епа, со среќа, ќе го средиш ова.
Инаку, не и кажувај на Нина каде сум.
Не грижи се. Имај убав лет.
Ни збор...
Развесели се, нема да не избркаат месецов.
Не можеш да одиш сам, тато, се уште не си добар.
Што ако повторно те фати депресија? Ги имаш апчињата?
Да, а тоа е само ако се изнервирам. Па, немој да ме нервираш.
Ќе ти се придружиме. Така ќе одам на аудиција за Цирк ди Солеј.
Секако! -Да, демек тебе ќе те земат.
Реков не. Ќе го поправам авионот и ќе се вратам за два дена.
Сигурен си? -Да... Одете.
Чао, тато. -Чао.
Да сумирам. Би рекла дека си личност од тип 5,
можеби 8, мешавина од двете.
Доминантен, опседнат со себе, со мегаломански тенденции.
Чист случај на нарцисоидност. Го видов тоа кога влезе.
Ти си психијатарка?
Очигледно имаш потсвесен недостаток на самодоверба.
Веројатно предизвикан од отсутен татко и/или премногу посесивна мајка.
И го заменуваш тој очигледен недостаток на самодоверба
со постојано менување партнерки што ги гледаш како предмети
или површни трофеи.
Дали се познаваме?
No comments yet. Be the first to leave one.