最初の200行です。
Што е, да ти ебам?
Време е да станеш, Џуниор.
Што кажаа Чуварите?
За што?
Имаме 4 мртви вонземјани на фудбалско игралиште.
Друг разнесе половина од шерифската станица.
Нема да ги барам Чуварите.
Тогаш што правиш тука, Хал?
Те обучувам.
Не, навистина, не брзај.
-Што правиме? -Што зборуваш?
Ме малтретираш цел месец да научиш да леташ.
-Денес ќе научиш. -Имаме случај.
Господе Боже. Опушти се.
Спремен си?
Летај.
Да летам?
Летај!
Толку? Само... летај?
Не, не, не, не. Извини. Летај, те молам.
Треба да е инстинктивно. Фокусирај се.
-Јас сум борбен пилот. -Знам.
Кога ќе помислам на летање, автоматски е, па фокусирај се.
Мисли на летање.
Супер. Фала.
Повлечи се малку.
Што е тоа, бре?
Мислам дека е птица, господине.
А, да престанеш со „господине“? Знаеме дека не го мислиш тоа.
Да, да, да. Како ќе кажеш.
Прстенот е речиси празен.
Нова лекција. Гратис. Дај ми го прстенот.
Ајде.
Има проблем?
Не.
Не.
Кога прстенот е малку полн, има...
еднократен трик за полнење.
Само треба...
Да го удриш добро.
Прстенот е наполнет 5 %.
Добро.
Нов план на летање.
-Ти резервирав до прозорец. -Не сфаќам.
Во авион, има седишта до прозорците,
седишта близу патеката и седиштата во средината.
Никој не ги сака тие.
Поентата е, ми треба фенерот за да го наполнам прстенот.
Врати се во Коуст Сити кај мене и земи го.
Адресата е одзади, а клучот е напред, под карпата.
Хал, ова веќе е резервирано.
Чекај, што ќе направеше ако можев да летам?
Е, па, не леташе, нели? Не е важно.
Сега спреми се. Ми треба тој фенер.
Уште нешто. Нахрани го Ерл, може?
Храната му е во фрижидерот.
Што е Ерл? Куче ли е? Мачка?
Знаеш што? Уште една вежба за обука.
Земи ја... таа птица со тебе и врати ја жива.
Ако изгубиш концентрација, исчезнува. Ако исчезне, си потфрлил.
Немој да потфрлиш.
А, ти што ќе правиш?
Ќе уживам да не ти одговарам на прашањата.
ФЕНЕРИ
БАЈСОНС НАПАД!
ДОМ НА ПАЈОНИРС
ШАМПИОНИ НА ДИВИЗИЈА
Го добивте одделот на шерифот на Рашвил.
Ако е итно, спуштете и побарајте итна помош,
во спротивно, оставете порака
и некој од одделот...
Тука сте.
Овој прстен наскоро ќе се исклучи.
-Ебате. -Три, два, еден...
ДОМ НА ЛЕГИЈА БР.161
Зборуваше за мене?
Зборуваше за мене.
Извинете.
Извинете.
Извинете.
Продолжи.
Зборувавме дали да продолжиме со фудбалскиот натпревар овој петок.
Дали тоа би било трауматично
или може да помогне да се зближи заедницата?
Тренеру, сакаше да кажеш нешто?
Да.
Зборував со момците и...
доста се потресени.
Ова е нешто за кое работат уште пред сезоната.
Мислам,
се прашувам што ги учиме ако завршиме и се откажеме.
Да, тоа се обидуваме да решиме.
Добра вест.
Судијката ги повлече обвиненијата за напад.
Па, го ценам тоа. Колку ќе ме чини?
Не, јас честам.
И очигледно, загрижени сме...
Добрата вест е што можеш да се вратиш во Коуст Сити
или каде и да сакаш да одиш.
За што зборуваа сите кога влегов овде?
Пет луѓе умреа тука.
Вонземјанин се разнесе во полициската станица.
Тоа е многу за прифаќање.
Ти кажа жена ти дека вонземјанинот дрдореше за одмазда
пред да се разнесе?
Еве за што сакам да разговараме.
Завршив на фудбалското игралиште поради претчувство.
Само претчувство дека ќе биде вонземјанско.
Но, луѓето на татко ти застрелале четворица.
А сепак, пријателот на тие момци излезе вонземјанин?
Тоа е... прашање или...
Не, само индиректно велам
дека не убиваш луѓе поради претчувство.
Не би знаел.
Не, ти кажувам. Не убиваш.
-Добро. -Како луѓето на татко ти
знаеле кого да нападнат?
Ќе мораш да го прашаш.
Те прашувам, како мој адвокат, кој се грижи за мене
и очигледно, распоредот за патување.
Сѐ уште зборуваме со доверливост адвокат-клиент, мислам.
Извини, душо.
-Да. -Да!
Му зборував на маж ми.
Да, секако.
Ако продолжите да зборувате, ќе ми треба г. Џордан да си оди.
Тој почна.
Ми останаа уште 30 секунди трпение.
Ми требаат само 40.
И со задоволство ќе ти ги дадам кога ќе завршиме овде.
Колку време ќе трае тоа?
Ќе трае колку што треба.
Да, мислам дека не можам да молчам толку долго.
Извини. Морам да... морам да се јавам.
Продолжете.
Кажи ми, Џуниор.
Куќава е луда.
Се јави да ми го кажеш тоа?
Не, не. Не можам да го најдам клучот.
Па, погледна под каменот?
Кој камен, Хал?
Лево од вратата, под грмушката.
Изгледа како компир со насмевка или намуртен, ако го оставам наопаку.
Камен како компир.
Како оди таму?
РАШВИЛ КЛИНИКА
Имам чувство дека сите сакаат да си одам.
Некако... ме тера да се чувствувам дека треба да останам.
Ќе те натера да мислиш така.
Фенерот ми е во плакарот.
Ако си кај влезната врата, горе по скалите лево.
Па, колку ги плаќаат Фенерите?
Недоволно, да ти кажам.
Па, твојата куќа не би се сложила.
Што беше тоа, бре?
Не грижи се.
Куќата ми е од еден богаташ.
Го спасив син му. Таткото се чувствуваше лошо оти не можеше да помогне.
Не сакав да го омаловажувам повеќе, па...
му дозволив да ми купи куќа.
Кога ќе се преселиш во местово?
Што зборуваш?
Живеам во таа куќа осум години.
Немаш мебел.
Имам кревет.
Ти ја најдов собата.
Фенерот е во кутија назад во плакарот.
Оди во ходникот и сврти десно.
Еј, дали...
сакаш да донесам униформа или нешто?
Не, освен ако не ме научиш како се моча
во тие проклети работи.
Ја гледам кутијата.
Добро. Се активира гласовно.
Кога ќе ја ставиш до тебе, стави ме на звучник.
Поздрав, Хал Џордан.
За да влезете во сефот, потврдете го идентитетот.
Спремно.
Мого не се социјализира.
Отвори ја кутијата. Фенерот е внатре.
Темно е.
Тоа е џебна димензија, Џуниор. Напипај и...
ќе го најдеш.
Го најдов.
Нахрани го Ерл. Лажиците се на пултот.
ЕРЛ ЏОРДАН СПЕЦИЈАЛНО ГОВЕДСКО И БИЗОНСКО
Ерл.
Еј, Ерл.
Време е за вечера.
Ерл?
Го имам твоето омилено. Говедско и бизонско.
ЕРЛ
Ерл.
Еј, Ерл, слушај. Не знам каде си, но...
Спремен сум да завршам со ова месо.
Што ти е тебе, бе, Џордан?
Што има, другар? Еј, Ерл, јас...
Јас сум Џон и тука сум да те нахранам.
Не ми ја јади птицата...
добро?
No comments yet. Be the first to leave one.