처음 200줄입니다.
ИНТЕНЗИВНА НЕГА: ПИТСБУРГ
ЧАС ЕДИНАЕСЕТ 17.00 - 18.00
- Еј. - Не сега, Мирна.
Жена се пораѓа, за 10 минути.
- Што правиш уште овде? - Имам уште еден час во смената.
Ако се вратам пред 18.00, Бенџи ќе знае дека има нешто.
Модрото око ќе те издаде.
За жал, нема да си одам дома прв пат со повреда од пациент.
Докторе? Имаш сендвич?
Знаеш што, Ерл? Имам нешто подобро.
Ќе нарачам пица од Тагарис.
Ни треба подигање на моралот.
Нема сендвич?
Може да ја свиткаш на пола, њујоршки стил, како сендвич.
Подобро да нема ананас.
Без ананас. Ти ветувам, не овој пат. Добро?
Го кажувам ова со љубовта и почитта во моето срце. Искрено.
- Бегај оттука. - Ти требам.
КТ скенот е нормален. Носната коска има мала пукнатина.
Добро сум. Не грижи се за мене.
Звучиш како мене. Не е добро.
- Остави ме да си го завршам денот. - Нема да се расправам со тебе.
Сето тоа знаење и уште учиш. Навистина е импресивно.
Да. Може барем да држиш ладна облога?
Без ветувања.
Испив многу кафе, морам пак да мочам. Дојди.
И треба да ти кажам нешто.
- Што? - Па, Ленгдон си замина?
- Си замина? Каде? - Дома.
Јас ќе ги земам неговите случаи. Нема да паднат на друг.
И д-р Елис обично доаѓа порано.
Мене ме удираат, а тој си оди порано?
Не. Не е така. Верувај ми. Не сакаш да бидеш Ленгдон сега.
И ми треба услуга.
Сакам ревизија на лековите на Ленгдон од последните три дена.
Список од пациентите што ги лекувал
и сите лекови што ги препишал.
- Сакам да знам зошто? - Не, не сакаш.
Сигурно можеш да останеш?
Да. А, ти?
Искрено, почнувам да се сомневам.
Како Бог да сака да ти каже нешто?
Престанавме да зборуваме одамна.
Никогаш не сум го видела Роби толку лут.
Полошо од мртвата верверица?
0228.
Многу полошо. Тоа заврши смешно. Ова не беше.
Да. Дваесет кутии ќе бидат доволно. Десет сирење, десет пеперони.
Боже, не. Без ананас, не.
Гледа во нас. Сигурно знае дека зборуваме за него.
Добро. Фала многу.
- Може да зборуваме? - Со нас?
Со д-р Сантос.
Секако. Само да го завршам ова.
Ќе се видиме подоцна, дами.
Ти реков дека е Филипинка.
Но, таа е толку бела!
Па, ситуацијата за која разговаравме претходно е решена.
Го испратив д-р Ленгдон дома.
- Сакав да oставам голем впечаток. - Батали.
Сега ни фали постар специјализант, па сите ќе помагаме.
- Разбра? - Разбрав.
И верувам дека не си го спомнала ова на никој.
Не. Не познавам никого, па...
Добро. Нека остане така.
Д-р Гарсија, тука е Тринити Сантос.
Стажантката во Ургентното, прв ден.
Треба да зборуваме,
па најрано кога ќе можеш, би било добро. Фала.
И доаѓа пица, па ако сакаш...
Д-р Роби?
Тереза. Се слушна со Дејвид?
Не. Но, го објавил ова на Инстаграм пред 10 минути.
„Сѐ што сакав беше да се вклопам и да бидам сакан.
Но, тие ме исмеваа и ме протераа во осаменост и болка.
Не мораше да биде вака.“
- Леле. - Тие го сторија ова. Тие го сторија ова.
Мислам дека зборува за девојките на списокот.
Но, полицијата рече дека не е доволно за потерница.
Тоа значи: „Во потрага по.“
- Да, па, полицијата си замина. - Слушнав дека Ленгдон заминал.
Тереза, земи длабок здив и седни во чекалната?
Ќе те побарам. Ќе го завршиме овој разговор, ти ветувам.
Да, Ленгдон замина. Јас ќе го заменам.
Останаа два часа во оваа смена.
Ако треба да си одиш, ќе викнам некој да дојде порано.
Зошто би сакала да си одам?
Ти кажи ми.
Ќе го кажам ова само еднаш.
Имав спонтан абортус.
Хедер, многу ми е жал.
Добро сум. И не сакам да си одам.
И не сакам да зборувам за тоа.
Се обидував сама со ИВФ.
Не знам што да кажам.
Спремна сум да работам.
- Добро. - Добро.
Ми треба доктор овде.
Натали Малоун, 35, три бремености, две породувања, 39-недела,
се породува по пукнат воденик.
Добро сум. Не ми е прв пат.
Да ја однесеме во Траума 2 за брза проверка,
а потоа ќе ја испратиме на породување.
Разбрав.
- Јас сум д-р Хедер Колинс. - Мило ми е.
Џастин ќе дојде во секој момент. Беше зад мене.
- Проблеми со бременоста? - Па, трета среќа.
Џастин има трема. Ова му е прв пат.
Притисокот е 112 со 72. Пулсот, 84.
- Д-р Колинс, може да се приклучам? - Секако.
- Добро. Кога почнаа контракциите? - Вчера.
Навистина?
Последните две породувања ми беа многу долги, па решив да почекам овој пат.
Но, ми пукна воденикот.
Натали. Тука сум. Извини. Малку се изгубив.
- Контракција. - Завеса.
Не туркај. Само диши.
Провери ја, д-р Кинг.
Добро.
Гледам влакна.
Косата на бебето.
- Натали, бебето излегува. - Беше во право, чекав премногу долго.
- Мислев дека имам повеќе време. - Во ред е. Само диши.
Може да пробаме да те однесеме кај акушер,
но со ова темпо, може да го родиш бебето во лифтот.
- Која е мојата друга опција? - Да се породиш овде.
Земете прибор за новороденче и грејач за бебе.
Кажете им на Гинекологија и Акушерство дека бебето пристигнува сега.
Заостануваме за 20 во тријажа.
Матео, третирај и ликвидирај. Види колку ќе отстраниш.
Ни фали постар специјализант. Како да помогнам?
Да? Кој специјализант?
Ленгдон мораше да си оди да среди нешто. Роби го заменува.
Може да го следиш Матео во чекалната. Таму ќе ни требаш.
Чекалната ќе биде моја кучка.
Па, ова е поради кавгата?
Која кавга?
Роби и Ленгдон се скараа кај шкафчињата.
Пердуви летаа. Буквално.
Доволно е од вас двете. Ни збор повеќе.
Ќе биде пекол.
Продолжете така и двете ќе работите за празниците.
Ти кажав.
Можеби си во право.
Што имаме?
39 недели, се породува по пукање на воденик.
Здраво, мамо. Јас сум главниот лекар. Д-р Робинавич.
Јас сум Натали, но не сум мајката.
- Што се случува? - Дојде баш на време.
Ние сме татковците. Натали е најдобра пријателка и сурогат.
Двајцата предаваме во четврто, па дури делиме и училници.
Иста соба, иста утроба.
Ја убедуваме да престане да го вели тоа.
Ја зедов пренаталната торба и да ја пуштам плејлистата на телефонот.
Време е.
Нека се носи Бијонсе. Нека се носи.
Можам да преземам.
Не.
- Можам. - Ајде, д-р Колинс.
Добро, Натали?
Голема е шансата да се породиш на следната контракција.
Шмукалката е спремна.
Така. Главата е надвор.
Добро, одмори. Здивни пред следната.
Добро. Ќе ми треба уште едно големо туркање од тебе.
Го можам ова.
Три, два...
Кого имаме овде?
Ајван Пуглиси, 55-годишен, има
еден ден стомачни грчеви, повраќање и дијареја.
Афебрилен. Тахикардичен со 124. Притисок 192 со 100.
- Јас сум д-р Мохан. - Јас сум студент доктор Витакер.
Мило ми е, дечки.
Ќе се јавев кај мојот доктор, но од Њујорк сум.
- Вие деца сте биле таму? - Никогаш не сум бил во Њујорк.
Доаѓањето во Питсбург ми беше прв пат да ја напуштам Небраска.
Колку време сте во градот?
Само до понеделник. Ќерка ми се мажи.
Таа е моето бебе и единственото девојче.
- Честитки. - Да, фала.
Знаете, велат дека не треба да имате омилено дете, но...
Јас сум единица. Па, родена сум како омилена.
- Витакер? - Најмлад од четворица.
Среќен сум кога моите се сеќаваат на моето име.
Не, мислев дали имаш прашања за пациентот?
Може ли да добијам нешто за болката?
Штом ќе завршиме со проценката.
Сакаме да си ја завршиме работата.
Некоја цревна болест во вашето минато?
Чир, камен на жолчката, општи стомачни проблеми, операции?
Не, не, ништо.
- Добри звуци од цревата. - Фала.
Мек абдомен, ништо фокално.
Ве мачи нешто друго?
Знаеш, грбот ме убива. Четири часа возење го прави тоа.
Последниот пат кога го истегнав,
мислам дека ми дадоа морфиум и тоа добро функционираше.
- Пушите? - Не.
Пиете алкохол?
Еднаш, двапати месечно. Не сум многу по пиењето.
No comments yet. Be the first to leave one.