200 baris pertama.
ЃАВОЛСКА ЖЕНА
Некои жени се родени убави.
Поради нив, се’ изгледа лесно.
Но, повеќето жени треба да вложат многу време и напор
во својот изглед.
А, на некои од нас...
...ни треба секоја помош што се нуди.
Како јас.
Вечерва, мојот сопруг ќе ме одведе
на многу елегантна забава,
па ќе се потрудам да изгледам одлично.
Понекогаш е потребно да се искористат сите можни ресурси.
Прекрасна минисерија базирана на страствениот роман
на кралицата на романите...
...нејзиното Височество, Мери Фишер.
Во нејзините прекрасни 34 години
има напишано преку 30 романи.
Овие сензуални приказни се продаваат во милионски копии,
а тоа и’ овозможува на Мери да живее живот
што дури и нејзините хероини би и’ завидувале.
Овде, во нејзината палата во Лонг Ајленд,
Мери живее во самото срце на луксузот.
Страст. Емоција.
Тоа е важно во сечиј живот.
Мислам дека тоа го гледаат жените во моите романи.
Наоѓаат начини како да сторат нивните сопрузи
да се чувствуваат удобно и важно,
да се осигураат дека се уникатни.
За да не дојде до било каква забуна.
Како добра и верна ќерка,
Мери никогаш не е зафатена за да оди да ја посети мајка си.
Таа ја минува својата старост со стил
во старачкиот дом „Златен самрак“.
Г-ѓата Френсин Фишер е горд матријарх
на семејството Фишер.
Шампањ, кавијар и згодни мажи.
Назад.
Г-не Пачет, вашата сопруга ве бара.
Ало, Рут. -Еј, мили.
Како е мојот омилен сметководител?
Натрупан со работа. Секретарката си отиде.
Полудувам. Се обидувам да работам со новата.
Се јавив да ти кажам дека сум возбудена за вечерашнава забава.
Рут, те предупредувам. Ќе биде здодевно.
Не ги познавам тие луѓе.
Само сакам да се запознаам со некои колеги.
Да се обидам да најдам нови клиенти.
Не вреди да возиш до центар.
Не е важно.
Одамна немаме излезено заедно.
Немој да ми кажеш дека не сум те предупредил.
Морам да одам. Чао.
Чао, Боб.
Извини!
Боже! Па тоа си ти! Не ми се верува!
Но, види...
Рут, што правиш?
Боб, штотуку истурив вино на познатата писателка Мери Фишер.
Ги имам прочитано сите ваши книги. -Мило ми е.
Донеси сол и Периер да ја извадиме дамката.
Брзо, драга!
Сол и Периер.
Маж запознаен со домаќинските финти.
Ми се допаѓа тоа.
На жена ми се’ и’ паѓа од раце.
Несмасна е. -Таа ти е сопруга?
Штета. -Да, предоцна е веќе.
Нема да исчезне. -Да ја прикриеме.
Инсистирам да ми ја пратите сметката од хемиско.
Жалам.
Галантен.
Сега ми треба нов пијалок, г-не...
Пачет. Боб Пачет.
Г-не Пачет.
Ќе ми дадеш сол и Периер?
Истурив вино врз Мери Фишер.
Ја знаеш, познатата писателка.
Што работите, г-не Пачет?
Финансиски консултант. -Навистина?
Ме фасциниран мажите кои знаат да работат со пари.
Јас не можам ни да ја балансирам мојата сметка.
Сметководителот не ви помага со тоа?
А би требало?
Добрите го прават тоа. Всушност, г-ѓо Фишер,
сакам да почнам да работам со уметници.
Сакам да работам меѓу креативни луѓе. Тоа ме стимулира.
Стимулиран сметководител... тоа звучи многу интересно.
Кажете ми и други работи, г-не Пачет.
Нема ништо друго за мене да кажам ако не ме викате Боб.
Важи.
Ако и ти ветиш дека ќе ме викаш Мери.
Колку семејства.
Мајки и татковци со своите мили дечиња...
...се подготвуваат да си легнат.
Колку се среќни.
Ви благодарам за превозот.
Нема проблем.
Внимавај, Рут.
Ќе те оставам овде.
Не би требало да ја однесеме до пред куќа?
Нема врска. Блиску живееме.
Не мора да вртиш.
Има уште многу пат пред нас.
Има уште еден час до...
Хемптонс.
Добро си? -Да.
Сигурно не ти е тешко?
Не грижи се. 110 км не е ништо.
Чао, драга.
Мило ми е што се запознаме, г-ѓо Фишер.
Исто и мене.
Чао, драги. Вози внимателно.
Мери Фишер.
Мери Фишер е убава и богата...
...и слаба...
...и пишува бест-селери со љубовна тематика.
За среќа, можам да му верувам на маж ми.
Ова е фантастично!
Треба да ми ја видиш сметката за струја.
Би сакал.
Имаш време?
Гарсија!
Те чекав.
Не си требал. Може да си легнеш.
Ќе бидеме добро.
Да, г-ѓо.
Сакаш пијалок? -Да.
Добра ноќ. -Да... добра ноќ.
Ова е најдобрата домашна канцеларија што сум ја видел.
Не сфаќам... Коњак?
Се’ што имаш во собава,
вклучувајќи го и тој кувоасиер,
можеш да ги исклучиш од сметката за данок.
Тоа е добро?
Генијално.
Не ми се јасни тие работи.
Сето тоа ме збунува.
Се обидувам да мислам само на убави нешта.
Така се познава убавината во мојата работа.
Сигурно живееш многу гламу- розен живот, Мери.
Претпоставувам, Боб...
Но понекогаш, седејќи овде секој ден,
пишувајќи без престан...
Понекогаш пишувањето знае да ме направи осамена.
Претпоставувам дека мора да имаш бујна фантазија
за да ги пишуваш тие романтични романи, нели?
Така е.
Но понекогаш и истражувам.
„Го зграби со своите екстремитети,
додека нејзините бршлени го прегрнуваа со сета сила.
Кога неговиот љубовен нектар се потроши,
тие се препуштија на задоволството на спиењето.“
Можеби имал несреќа и сега има амнезија.
Не биди глупав. Да го изгубел сеќавањето,
докторите во болницата би му погледнале во паричникот.
А ако колата излетала од автопат
и го искинала во мали крвави парчиња?
Престани!
Ендрју, спушти го животното на земја.
Татко ти отиде да однесе некого до дома,
и најверојатно му се дупнала гума сред автопат...
И затоа доцни.
Ти ли си, Боб?
Ајде, Фази.
Здраво, мила.
Каде беше? -Нема да ми веруваш!
Возам на сред автопат и.. бум!
Задната гума пукна.
Ја заменив, но веќе беше доцна, па отидов во мотел.
Не сакав да спијам на волан.
Како си, шампионе?
Зошто не ми се јави?
Во 4:30? И сите да ги разбудам?
Добар ден, принцезо.
Здраво.
Колку сум гладен.
Расположен си утрово.
Патем, имам добри вести.
Ќе работам за Мери Фишер.
И ова е само почетокот.
Со неа, ѕвезда...
веќе не сум обичен сметководител.
Сега сум менаџер.
Тато, ќе бидеме богати?
Работиме на тоа.
Супер!
Маж ми ме изневерува со Мери Фишер.
Како можеш да го кажеш тоа?
Секогаш сум бил искрен према тебе.
Ти си ми најдобра другарка.
Со Мери не’ врзува чисто професионална врска.
Никогаш не би ве повредил ни тебе ни децата.
Ајде, де...
Верувај во мене.
Мери Фишер, се надевам дека твојата палата
ќе потоне во морето.
Се надевам дека ќе добиеш алергија на таа убава кожа,
и дека ќе исчезне сјајот од твојата плава коса.
А дотогаш, ќе набљудувам.
Ќе се грижам за нашиот дом.
No comments yet. Be the first to leave one.