200 baris pertama.
Бегајте, дечишта ниедни!
Ej...
Јас требаше да одам! Јас требаше да одам во таа Јапонска куќа.
Ќе го пропуштиш возот. Побрзај.
'ПРВ ДЕЛ'
'Кузуки Нориаки'
Продолжи да спиеш. Сеуште сме далеку од куќата.
Мило ми е. Јас сум Очу. -Имотот има три градби.
Куќата е составена од крило во Западен стил од Англиски архитект, и Јапонско крило.
Дури ни во Јапонија не постои градба комбинирана во два стила.
Ја отсликува восхитта на Господарот за Јапонија и Англија.
Следна е доградбата која Господарот ја уреди во библиотека.
На крај, сместувањето за слугите.
Како лична слугинка на Газдарицата ти нема да спиеш таму.
Храната што ќе и остане можеш да ја јадеш, но чајот оди кај готвачките.
Користениот сапун е за управникот. Секој што е фатен како краде се исфрлува веднаш.
Сигурна сум дека нема ни да помислиш, Тамако.
Ти си "Тамако". Тоа е твоето име Очу на Јапонски.
Мене викај ме, Сасаки. -Да, г-ѓо.
Газдарицата има едноставна рутина. Оди на прошетки, или чита за Господарот.
Од најбогатите луѓе, Господарот е најголемиот вљубеник во книгата.
А од најголемите вљубеници во книгата, најбогатиот.
Поради неговите врски со колонијалната влада дури имаме и струја. Во таков дом,
јасно ти е што се очекува од слугинка како тебе?
Не се плаши кога ќе снема струја.
Тука ќе спијам? -Госпоѓата Хидеко лесно се буди поради нејзините нерви.
Позади вратава е?
Мамо!
Мамо! Мамо!
Г-це! -Г-це, добро сте?
Јунко! Ти си? -Ја отпуштија Јунко, г-це. Јас сум новата девојка.
Изгледа имавте кошмар. -Го гледаш големото црешово дрво?
Тетка ми полуде и се обеси таму.
Понекогаш кога нема месечина, духот на тетка ми
се ниша на таа гранка.
Еве, напијте се.
Кога некое бебе плаче, мојата тета им дава лажица саке.
"Слатка птичке, слатка птичке
"Слатка моја сина птичке
"Кој е овој мирис што ми го исполнува носот?"
Вие мислите дека сум Тамако, сиромашна Корејска слугинка.
Но моето вистинско име е Нам Сукита.
Израсната од г-ѓа Боксун, првокласен трговец на украдени добра.
На 5 години можев да разликувам вистинска монета од лажна.
Потоа Гугаи ме научи да фалсификувам печати,
и учев како да бидам џепчија од Катан,
но овие бебиња нема да ги научат тие корисни вештини. Напуштени после раѓањето,
ние ги бањаме и храниме, и ги продаваме во Јапонија. Многу значајна работа.
Наместо изгладнети, тие ќе пораснат во господа и дами.
Катан го дои само сопственото дете. Јас не би била толку скржава.
Посакувам да имав млеко во градите. Сите ќе ги доев.
Ќе ви кажам приказна за еден преведувач,
кој со корупција се проби да преведува за високи службени лица.
Откако помогна Јапонија да ја присвои Кореја, доби златен рудник.
Сега сака да стане вистински Јапонец. Се натурализира,
се жени со ќерка на починат Јапонски благородник,
и го прифаќа семејното име на жена му Кузуки.
Ко... Коп...
Копилето си гради палата, ја полни со книги и антиквитети.
Кани Јапонски колекционери во неговата библиотека,
одржува читања на ретки книги, и ги продава преку аукција.
Книгите и сликите ги сака како да се дел од него, и не може да даде ниту една.
Што да прави, кога мора да продаде, а нема срце за тоа? -Продава фалсификати.
Наоѓа стручњак кој ќе прави детални копии.
За разлика од него, овој стручњак... е вистински Јапонец, со благородно потекло!
Јас, Грофот Фуџивара од Нагоја.
А ова кој е?
Жената. Неговата Јапонска сопруга.
Ти ќе ја заведеш... -Убава е? -Сопругата умрела одамна, без деца.
Но ќерката на мртвата сестра на мртвата сопруга ги изведува тие читања на книгите.
Ама убава ли е? -Сирак. Татко и' бил богат.
Наскоро ќе се заљуби во мене, и ќе побегнеме во Јапонија.
Откако ќе ја оженам таму, и го добијам нејзиното наследство, ќе ја прогласам
за луда и ќе ја бапнам во лудница. -Да!
Суки ќе биде моето глувче, ќе и биде слугинка, ќе ја прислушува,
ќе биде покрај неа и нежно ќе ја убедува да се заљуби во мене. -Заљуби?
Што знае измамник што е тоа љубов?
А нејзиното богатсво? Колку е богата?
Секоја ноќ во кревет мислам на нејзиниот посед.
1.5 милиони во кеш. 300,000 во обврзници.
Вујкото е само старател. Богатсвото е на Хидеко.
Затоа Кузуки сака да се ожени со неа. -Со... со неговата внука?
Каков... болен л... л... -Да, болен лудак.
И колку е нашиот дел? -Ќе ви дадам 50,000.
Суки го добива накитот и облеката. -Јас ќе го направам тоа! Земи ме мене!
Мојот Јапонски е подобар, и имам работено како слугинка!
Покрај 50ката,
ја добивам облеката, накитот, и мои 100,000. -Полудела...
Луда? Нималку. Си ги земам парите и бегам од земјава.
Ќе ги издржам уште малку простациве.
Мамичето ваше.
Ова е Тамако. -На ваша услуга. Г-це...
Да му се плукнам.
Требаше да ми каже дека е толку убава. Целосно сум зашеметена.
Писмо со препорака од Мадам Минами, мојата последна Газдарица.
Еве го писмото. Внимавај.
"Драга Г-це Изуми Хидеко,
"Грофот Фуџивара ме информираше за вашата итна потреба од слугинка.
"Слугинката е како штапчиња за јадење.
"Нивното присуство е малку забележително, но нивното отсуство создава проблеми."
Ти се допаѓа местово? Овде едвај продира сонце.
Вујко не дозволува. Книгите избледнуваат од сончева светлина.
Никој не би можел да засака вакво мрачно место.
Не умееш добро да лажеш, нели? -Јас ќе се повлечам.
Главата ме боли пред секоја вежба за читање.
Ќе ми го прочиташ ти? -Извинете?
Колку љубезно од неа. Г-ѓа Минами кажала толку убави работи за мене!
Да?
Вие сте Јапонска Дама, зошто не зборувате на Јапонски? -Смачено ми е.
Книгите што ме тера да ги читам се сите на Јапонски. Затоа ти прочитај ми.
"Драга Г-це Изуми Хидеко,
"Грофот Фуџивара ме извести дека барате слугинка. Слугинките се како...
лажица... не... "како штапчиња за јадење..."
Лажица ли е?
Не знам да читам, Г-це.
Воопшто? А Корејски?
Ова е твоето име. Не можеш да прочиташ?
Читањето се учи, и не ми е гајле ако пцуеш или поткраднуваш.
Но немој никогаш да си ме излажала. Јасно? -Да, г-це.
Мајка ми.
Прекрасна е, шармантна! -А јас? Дали сум јас "шармантна?"
Сите велат дека не можам да се споредам со мајка ми.
Грофот Фуџивара рече... -Значи се имаш запознаено со Грофот?
Извинете? Не, не сум го запознала...
Тетка ми! Од тетка ми сум слушала. Она му беше дадилка.
Што рекол Грофот за мене? -Дека твоето лице...
Секоја ноќ во кревет мисли на твојот посед... твоето лице.
Зошто во кревет, се прашувам?
Што е со твоето стапало?
Немам каде да одам. Тука сум во куќава од мои 5 години, откога дојдов од Кореја.
Но во нови чевли, и најизодените патеки делуваат свежо. Овие од тука
до тука би требало да ти одговараат.
Време е за вежби за читање. Сама ќе одам.
Г-це? Но врне дожд.
На пладне, дојди и чукни на вратата. Ветуваш?
Ќе ве видам кај... Се глеаме после.
Што е ова?
Зошто дама во ваква голема куќа би се...
Дали полудела од големината на куќата?
Мојата нова лична слугинка. -Змијата, змијата!
Не смееш подалеку од таму. -Предупредена си!
Змијата ја означува 'границата на знаење'.
Змија!
Грофот? Денеска?
Затоа инсистираше на капење. -Тетка ми, кога ќе дознаеше дека доаѓа гостин,
оставаше се' и ја бањаше нејзината ќеркичка.
Беше најсреќна на свет кога гостите го фалеа мирисот на бебето.
Вие сте моето бебенце.
Тета им даваше лижавчиња на бебињата. Да ги научи дека бањањето е слатко.
Нешто не е во ред? -Еден заб ми е заострен. Ми прави рани.
Од тука мирисало.
Сега е мазно.
Добредојдовте, г-дине!
Премногу сте љубезни што сте ми приредиле ваков дочек,
а јас вака неуреден од патувањето. Сега вашата монотонија заврши.
Ве уверувам дека часовите по сликање се возбудливи.
Ова мора да е Очу. -На ваша услуга, г-дине.
Ако не се покажеш, ќе ме ставиш во незавидна ситуација.
Солидна структура на коските како за Корејка...
И, ги извршуваш задачите како што треба?
Грофот Фуџивара бара г-ѓа Хидеко љубезно да дозволи нејзината слугинка Тамако
да биде пратена до неговото Господство за кратка задача.
Ме повикавте, ваше Господство? -Можеш да влезеш.
Сите во Еунпо зборат за тебе. Како ќе бидеш поголема арамијка дури и од мајка ти.
Кој верува во муабетите на преварант?
Кога ќе ти кажам, "целосно созреана", среди јас и она да бидеме сами.
Тогаш ќе и го свртам умот. -Ептен е наивна, дури и маж да и' се нафрли на брадавиците
нема да знае што тој сака. -Тогаш твоја задача е да и' кажеш
дека се' е поради мене. "Боже мој, откога пристигна Грофот,
твоите нокти растат многу побрзо!" Такви некои работи, важи?
На ти, подарок.
Ох, колку е внимателен!
Тоа ќе биде мое кога ќе отиде во лудница.
Душата ме боли кога ја гледам кутрава девојка. -Си видела олку сини сафири?
Да видиме...
Ова не е сафир, туку син шпинел.
Тоа е добро, г-це. И шпинелот е скап. -Како знаеш...
Тетка ми... мислам, Мадам Минами ме научи. Но во ред е!
Нема потреба од никаков срам. Просечен дилер на накит тешко би ги распознал.
Така ли?
Од сите работи кои сум ги испрала и облекла, дали нешто било толку убаво?
Сакам да им ја покажам дома. Што ли би рекле?
Веројатно ова?
Волшепство! Ф... Фасцинантно прекрасно!
Каков бесрамник.
П... П... Прекрасно! М... М... Маѓепсан сум од вашата појава!
Ако така пелтачиш и поцрвениш во лицето,
тие вообразени кучки ќе се чувствуваат супериорно, и ќе ти се отворат.
Пробај.
Еден, два, три!
Грофот упорно ми дотураше вино.
Добро е? -Ме задушува. Како носат вакви работи дамите?
Мислиш дека ова е задушувачки?
Г-це, ме убивате!
Вака дотерана, и ти изгледаш како дама.
Мислам дека знам, што мислеше Грофот.
Твоето лице... Секоја ноќ во кревет,
мислам на твоето лице.
Не бидете будалести, г-це.
Дамите се вистински кукли на нивните слугинки.
No comments yet. Be the first to leave one.