200 baris pertama.
М А Т Р И К С 3 РЕВОЛУЦИИ
Не фаќам ништо, господине. Никаква трага, ни најмала.
Да се обидеме да стапиме во контакт со нив? - Подобро не.
Што друго можеме да направиме? - Можеме да се вратиме.
Не! Можеби се уште му требаме. - Тоа е лов на духови.
Пребарајте го секое место, секоја дупка, секоја пукнатина што ја знаеме.
Движете се што подалеку и што е можно побрзо.
Тоа е опасно. - Тогаш, колку побрзо ќе ги најдеме, толку подобро.
Подобро земи да јадеш нешто.
Благодарам.
Има ли промени?
Не.
Како е тој? - Ќе биде добро.
Барем додека не се разбуди.
Како мислиш? - Капетанот сака да му постави некои прашања.
Подобро за него да има добри одговори на нив.
Ги гледаш ли гребнатиниве? Мислам дека ги направил сам.
Зошто? - Можеби некакви болни причини. Не знам.
Како што реков... Подобро за него да има добар одговор.
Роман, пребарај ја Матрицата. - Кого да барам? - Нео.
Како би можел да биде во Матрицата, господине? Не е приклучен.
Те молам, направи го тоа.
Ова е она што ме загрижува. - Што?
Примерокот што се појавува кога некој е во кома.
Чудно е што тој примерок го гледам постојано. - Каде?
Кога некој е приклучен.
Големо ништо. Го нема. Не е таму.
Уште колку имаме? - Машините ќе останат без енергија за 20 часа.
Исусе... - Во ред, одиме. Кејн, оди горе кај холографот.
Маузер, сакам да ме известуваш за состојбата во секој момент.
Погрижи се да трошиме што помалку енергија. - Да, господине.
Еј! Еј, еј, имаме повик!
Оператор.
Тој е. - Ги пренесувам зборовите на Пророкот. Мора веднаш да дојдете.
Добро утро. - Кој си ти?
Се викам Сати. Ти се викаш Нео. Татко ми вели дека не би требало...
...да бидеш овде. Тој вели дека си се изгубил. Дали е така?
Каде сум? - Ова станица на метрото.
Дали ова е Матрицата? - Таму сме создадени. Таму живееме.
Но, ти не можеш со нас.
Зошто не? - Нема да те пуштат.
Кој нема да ме пушти? - Машиновозачот. Јас не го сакам.
Но, татко ми вели дека мора да правиме како што ни вели Машиновозачот...
или ќе не остави овде засекогаш.
Морфеус, Тринити... Благодарам што дојдовте.
Ако нешто научив низ сите мои години,
тоа е дека ништо не работи онака како што сакаме. - Кој си ти?
Јас сум Пророкот.
Би сакала да има лесен начин да се мине низ сето ова,
но, го нема. Сигурна сум дека тогаш ова не би се случило.
Сигурна сум дека не би сакала да ме запаметите ваква,
но тоа е судбина. - Што се случило?
Направив избор и тоа ме чинеше повеќе отколку што сакав.
Каков избор? - Да му помогнам на Нео, да го водам...
Сега... Бидејќи повторно го имам истиот избор
знаејќи добро што предизвикав...
Ми се чини дека тој избор ми се допаѓа,
бидејќи еве ме повторно во него. - Знаеш ли што му се случи на Нео?
Да, заробен е на местото помеѓу овој свет и светот на машините.
Тоа место го контролира програмата наречена Машиновозач.
Тој го користи за криумчарење на програми во Матрицата и од неа.
Ако тој дознае каде е Нео, пред вие да дојдете до него,
се плашам дека нашиот избор ќе стане тежок. - Зошто?
Затоа што ќе морам да го изневерам човекот за кој работам.
Мора да бидете внимателни во секој момент.
Сераф знае како да го најдете Машиновозачот. Тој ќе дојде со вас.
Ме штитеше со години. Се надевам дека тоа ќе го направи и за вас.
Молам, следете ме.
Пророчиштето... - Знам, Морфеус.
Гледам дека си исполнет со сомнеж и замаглен со неизвесност.
После се што се случи, како очекуваш да ти верувам?
Не очекувам. Го очекувам она што отсекогаш сум го очекувала.
Сам да решаваш за се. Да ми веруваш или не.
Се што можам е да ти кажам дека другар ти е во неволја,
и дека му е потребна твојата помош. Дека му треба помош од сите нас.
Дали си ти од Матрицата? - Да. Не сум...
Мислам, бев. - Зошто замина?
Морав. - И јас морав да заминам од дома.
Сати, дојди ваму, срце. Остави го кутриот човек на мир.
Да, тато.
Извинете, се уште е многу љубопитна. - Јас ве познавам.
Да, од ресторанот кај Французинот. Јас сум Рама Кандра.
Ова е мојата жена Камала и мојата ќерка Сати.
Голема чест ни е да ве запознаеме.
Вие сте програми? - О, да. Јас сум системски менаџер на електраната
за рециклажа. Мојата жена е интерактивна програма.
Таа е многу креативна. - Што барате овде?
Местото не ви е овде. - Камала... По ѓаволите, се извинувам.
Жена ми знае да биде многу директна. - Во ред е.
Немам одговор. Не знам дури ни каде е ова.
Ова место не е никаде. Тоа е помеѓу вашиот и нашиот свет.
Кој е Машиновозачот? - Тој работи за Французинот.
Се надевав дека тоа нема да го кажете. - Французинот не заборава и не простува.
Го знаете? - Го знам само она што морам.
Знам дека ако сакате да изнесете нешто од нашиот свет
во вашиот свет каде што тоа не припаѓа, мора да го прашате Французинот.
Тогаш, што работите вие овде? - Рама, те молам...
Не сакам да бидам груб. Можеби нема да види никого додека е жив.
Извинете. Не мора да ми одговорите. - Не, не ми пречи.
Одговорот е едноставен.
Многу ја сакам мојата ќерка. Мислам дека е најубава на светот.
Таму од каде што доаѓам тоа не е до- волно. Секоја програма мора да има цел.
Ако не, ќе биде избришана. Бев кај Французинот да ја спасам ќерка ми.
Вие не разбирате. - Само, никогаш не сум слушнал...
Програмата да зборува за љубов? - Тоа е човечко чувство.
Не, тоа е збор, но важна е врската што се подразбира со него.
Гледам дека и вие сте вљубени.
Можете ли да ми кажете што би дале да ја одржите таа врска? - Се.
Заради тоа, вашата причина не се разликува многу
од причината зошто јас сум овде.
Тоа е тој.
Назад! Подалеку од мене!
Не сакаме незгоди. - Подалеку од мене!
Ни треба твојата помош. - Не можам да ви помогнам.
Никој не може да ви помогне.
По ѓаволите...
Што прави Машиновозачот? - Изгледа дека доцни.
Не му личи на Машиновозачот да доцни.
Мислите ли дека тоа има некаква врска со мене?
Не можам да кажам. Никој не ги знае тие работи. Само Пророкот.
Знаете за Пророкот? - Сите знаат за Пророкот.
Се консултирав со неа пред да се видам со Французинот.
Вети дека ќе се грижи за Сати кога ќе се простиме.
Кога ќе се простите? Нема да останете со неа? - Невозможно е.
Аранжманот со Французинот беше само за ќерката.
Камала и јас мораме да се вратиме во нашиот свет. - Зошто?
Тоа е нашата карма. - Верувате во карма? - Карма е збор.
Како љубовта. Начин да се каже: “Што правам јас овде?“
Не жалам поради мојата карма. Благодарен сум заради неа.
Благодарен сум заради мојата прекрасна жена и мојата убава ќерка.
Тие се дарови и јас правам се што морам за да им направам чест.
Тато, возот. - Да, најди ја својата торба.
Може ли да ви го понесам тоа?
Во ред.
Побрзајте, доцнам.
Кој си ти? - Тој е пријател. - Рама...
Те познавам. Значи, тоа го сакаа...
Нема да се покаеш. Ќе ти платам колку сакаш.
Ќе се качам на возот вака или онака.
Не, не, не... Ќе останеш овде се додека Французинот не каже поинаку.
А колку што го познавам, ќе останеш овде многу долго.
Не сакам да те повредам. - Ти не разбираш.
Јас го изградив местово. Овде јас ги одредувам правилата.
Не сакам закани.
Нема да влезеш во мојот воз.
Влегувај внатре, или ќе останеш со него.
Треба да се вратиме кај Пророкот. Таа знае што треба да се направи.
Не, ќе го сториме она што мора.
Срање...
Веројатно ме зафркаваш...
По ѓаволите... Сфатив. Мора да си подготвен да умреш.
Морам да разговарам со неа. - Единствениот начин да поминеш
низ оваа врата е преку мојот опасен мртов газ.
Нека биде така.
Подгответе го оружјето. На дното на овој лифт има соба.
Ако имаме среќа, во неа ќе има само еден човек.
А, ако немаме среќа? - Ќе има многу луѓе.
Можам ли... По ѓаволите...
Што е она таму?
Не можам да верувам во ова.
Блудниот син се врати после долгото скитање.
Дали си овде заради уцена, Сераф?
Кажи ми... Колку куршуми има во тие пиштоли не знам,
но мислам дека има доволно. - Ти и јас мора да разговараме.
Да, сигурен сум. Мора многу да ти е важно тоа.
Ќе ти кажам што ќе правам.
Спуштете ги пиштолите и ќе ви ветам безбедно излегување од овде.
Потполно безбедно излегување? - Да, да, секако.
Какво убаво изненадување. Кој би ве очекувал толку брзо.
Што се однесува до тебе, мој мал пријателу-предавник,
би можел да погодам каква судбина те очекува.
Ме разочара, но не неочекувано.
Се надевам дека беше доволно пристојна да те научи на лекцијата
и да запомни дека нема акција без последици.
И ако земеш нешто од мене, ќе платиш цена.
Знаеш заради што сме овде?
Знам ли? Какво е тоа прашање? Мојата работа е да знам.
Некои можеби мислат дека ова е необична коинциденција, но не е.
Сепак, љубопитен сум како точно се случи ова.
Знаете ли? - Не. - Не?
Ни не мислев. Но, секогаш е најдобро да се праша.
Сакаме да се договориме.
Секогаш право на работа. А, Морфеус?
Во ред... Имам нешто штом вие сакате да се договорите.
Мора да имате нешто што јас го сакам. Да...
А случајно постои нешто што јас го сакам.
Нешто што го сакам откако прв пат дојдов овде.
Велат дека тоа не може да се земе. Дека може само да се даде.
Што?
Очите на Пророкот.
Зарем не ви кажав дека не можете да побегнете од природата на Универзумот?
Таа природа е она што најмногу ми значи.
Гледам случајности и гледам консеквенци.
Таму каде што другите ја гледаат шансата, јас ја гледам цената.
Донесете ми ги очите на Пророкот, а јас ќе ви го вратам спасителот.
Мене тоа ми личи како совршено фер и разумна спогодба.
Да? Не?
Јас немам време за вакви срања.
Сакаш да се договориш? Дај ми го Нео или сите ќе умреме овде веднаш.
Интересна спогодба.
No comments yet. Be the first to leave one.