200 baris pertama.
Илјадници години, ајкулите владееле со океаните
благодарение на нивните неверојатни предаторски напади.
Древните луѓе ги почитувале. Современата култура ги слави.
Но секое лето ги напаѓаат со сензационалистички наслови,
лажни обвинувања...
Едвај чекам да јадам луѓе на плажа.
И со одвратно малтретирање на интернет низ целиот свет.
На ајкулите им треба глас.
Некој доволно силен да му ги покаже на светот нивните вистински намери.
Најневеројатниот херој се одзва на повикот.
Јахта во мојот кадар. Глупава јахта.
Еј, еј! Тука ми се стаклените фигурини.
Здраво, мои забести пријатели.
Јас сум Кен Џонг, но веројатно веќе ме знаете
бидејќи сте ги гледале "Мамурлак" 1, 2 и 3.
Тука сум да ви го вратам угледот. Нема на што.
Многу добро.
К-ПОП ЧУВАРИ НА АЈКУЛИ
Последниве неколку недели гледам само снимки од ајкули.
Овој тип го плесна риба. Морски бекхенд.
Ниту коментарите не помагаат. Луѓето полудеа.
"Ајкулите буквално ги јадат луѓето. Не влегувајте во вода."
"Ако крвариш или имаш отворена рана, не пливај."
"Доста со славните и "Неделата на ајкулите". Донесете научници."
Добро, да не претерувате малку? Боже!
Да бидеме искрени. Ајкулите имаат ужасен имиџ во јавноста.
Вистината е дека не нѐ ловат, само го прават она што им е природно.
Тие се погрешно сфатени негативци, како мене.
Ако сакаш да го смениш разговорот, не се расправај со тролови.
Менувај ја културата на единствениот можен начин,
со гласна и претерана химна за ајкулите.
Затоа го повикав Дискавери. Ало, Дискавери? Тука Кен Џонг.
Да, Кен Џонг. Да, ќе почекам.
Доаѓам на "Неделата на ајкулите" за да им помогнам на ајкулите
и да направам К-поп химна за нив.
Пишуваш К-поп музика? -Слушај, не сум полудел.
Не мислам дека сум К-поп ѕвезда.
Немам ниту еден Греми, но имам пет номинации за Златна малина.
Ми недостигаат уште четири за да ги имам сите пет награди.
Ми треба некој што навистина знае што прави
и прво ми текна на К-поп ѕвездата номинирана за Греми, Реј Ами.
Здраво, јас сум Реј Ами, гласот на Зои од филмот "Ловци на демони".
Здраво. -Боже!
А Кен е гласот на мојот менаџер Боби. -Многу ми е мило што те гледам.
Изгледаш неверојатно. -И ти. Зошто сум тука? Ајкули.
Пораснав гледајќи ја "Неделата на ајкулите" секое лето.
Аплицирав за работа во каналот "Дискавери" по факултетот,
но никогаш не ми одговорија.
Ја донесе и придружбата. -Секако. -Боже!
Извинете, би биле ли љубезни да ја понесете оваа торба?
Многу е тешка, веројатно требаат двајца. Во ред. -Чао.
Да разговараме. Која ни е мисијата? -Да го вратиме угледот на ајкулите.
Ќе го укинеме осудувањето на ајкулите и ќе направиме К-поп химна.
Ми се допаѓа неговата страст, но не знаеме многу за ајкулите.
Треба многу да научиме. -Да. -Дискавери повика експерти.
Одиме да се сретнеме со нив. -Навистина? -Да. -Ајде.
Здраво. -Здраво. Како сте?
Мило ми е. Јас сум Кен.
Јас сум д-р Тристан Гатриџ, експерт за однесувањето на ајкулите.
Дискавери сака да му помогнам на Кен да им го врати угледот на ајкулите.
Најдобар начин е да направам низа научни демонстрации
за да покажам колку се прекрасни ајкулите.
Многу сме возбудени што ве запознавме.
Јас сум д-р Сора Ким. Тука сме со Реј и Кен,
и се обидуваме да побиеме некои митови за ајкулите.
Со што се занимавате? -Го проучувам однесувањето на ајкулите. -Терапевт?
Да. -Јас сум доктор. Во ред.
Знам дека Кен е обучен лекар,
но тоа не значи дека е морски биолог или дека знае нешто за океанот.
Тристан... Не знам. Има нешто кај него... Не знам.
Како се вика тоа? Неговото лице. Да? И гласот.
Што слушна за работата со Кен? -Дека е малку непредвидлив.
Морам да внимавам на него. -Друштво.
Како стигна таму? -Здраво. Ме слушате, нели?
Дојди, ајкуло. Здраво.
Од кој океан си? Јас сум од Калабасас.
Ќе се погрижам луѓето да ги почитуваат ајкулите, како мене.
Глумев во "Куќата на Голема Мама 3". Го гледавте тој филм?
Беше најдобар од сите делови.
Го обожавам океанот. Пораснав покрај него.
Господе! Но малку се плашам.
Ајкула! Ене една таму!
Еве сива тигреста ајкула. -Здраво.
Ова е млада сива тигреста ајкула. -Ме допре.
Погледнете го бебето. Не знаев дека ајкулите можат да бидат толку слатки.
Какво би било менито од соништата на една ајкула?
Сите се хранат различно. Овој вид сака мали без'рбетници и ситни риби.
Се хранат со вшмукување. Вшмукуваат мали ракови и риби.
Како правосмукалки. -Токму така. Океански правосмукалки.
Здраво, јас сум Кен Џонг. Без грижа, ќе ви го средам имиџот во јавноста.
Врвни сте, но не сте грабливци, туку пријателки.
Устата им е многу ниско на главата.
Не се создадени да касаат. -Преслатки се.
Ме потсетувате на мојот голдендудл.
Се гледа дека се љубопитни. Се прашуваат што правиме тука.
Сега се мирни, но ако сакате да видите какви се кога ловат,
можеме да одиме на друго место. -Да.
Ги следи лош глас бидејќи луѓето се плашат од она што не го гледаат.
Ќе им покажеме на Кен и Реј дека луѓето не се на менито на ајкулите.
Влегувањето во водата со овие ајкули ќе покаже дека не се безумни убијци.
Ова е првиот од четирите теста што ќе ги спроведеме.
Ќе видиме како ловат. Подготвени?
Да. -Не. -Едвај чекам. -Ти остани на пристаништето.
О, Боже! -Да, ќе го поддржувам ловот оттука.
Дали мажјаците покажуваат доминација над другите мажјаци?
Искрено, кај ајкулите треба да се пазите од женките.
Мојата кралица. Кралица на ајкулите. -Пази се од нив.
Женките обично се поголеми од мажјаците. -Така е. -Навистина? -Да.
Да, поголеми се. -Добро. -Тие се задолжени за размножувањето.
Ја вршат потешката работа. -Да. -Создаваат живот. Благодарам.
Ова е гребенот кај Триаголните Карпи. Дом на карипските гребенски ајкули.
Веројатно 15 или 20 од нив моментално кружат околу нас.
Ова е недопрено гребенско живеалиште. -Тоа е гребен?
Да. Гледате колку се мирни? Само се лизгаат.
Сега се мирни, љубопитни и разгледуваат наоколу.
Сора и Реј ќе бидат под вода со ајкулите.
И покрај нивното присуство во водата, тие ќе останат мирни.
Кога ќе им фрлиме храна во водата, Реј ќе види
како одеднаш се активираат и преминуваат во режим на лов.
Кен и јас ќе бидеме на палубата, ќе сечеме риба и ќе фрламе мамки.
Ова е моето прво вистинско искуство со нуркање во океанот
и би лажела ако кажам дека не сум нервозна.
Многу сум нервозна.
Боже! Ајкулата е точно под мене.
Овие ајкули се меѓу главните предатори тука.
Имаат клучна улога и се неопходни за здрави океани.
Го обожавам твојот глас. Размислувам за мојот проект.
Можеш да ми пееш далечни придружни вокали.
Колку далечни? -Кога песната ќе забави, ќе кажеш: "Тука е гребенот."
Сакам и да едуцирам и да забавувам. -Во ред.
Не им верувам на добрите, знаеш? "Јас сум Тристан."
"Истражував ајкули за Неделата на ајкулите."
Сите знаат дека ајкулите се американски.
Погледнете ги тие ајкули.
Овие гребенски ајкули се огромни.
Се надевам дека е добро.
Реј, овде Кен. Само да проверам. Како си? Прием.
Добро сум. -Да!
Воодушевена сум.
Прв пат разговарам со некого под вода.
Ало? Те сакам, Реј. Те сакам, Сора.
Кен, прием. -И ние те сакаме, Кен.
Нема да лажам, малку сум преплашена.
Не ми се верува дека сум тука без кафез.
Лудо е, нели?
Ова се главно женки.
За една минута ќе ја фрлиме храната.
Не врз вас, туку за ајкулите што кружат над вас.
Прием.
Ја отпеа. Ова е К-поп химна за ајкулите. Така било судено. Прием.
Погледни ја гребенската ајкула горе. Колку опуштено се лизга.
Гледаш колку ѝ се опуштени градните перки?
Да. Навистина се величествени.
Ајкулите се вакви во 99% од времето.
Не ми се верува колку се убави. Толку се грациозни.
Дали сте на дното? -Да. На позиција сме.
Подготвени ли сте за мамката? -Само напред, подготвени сме.
Не може да биде појасно. -Во ред.
Имаме туна тешка околу 45 кг
на систем со чекрек и дигалка.
Ќе ја спуштиме во водата и ќе ги раздвижиме овие ајкули
како никогаш досега.
Ајкулите обожаваат туна. Им го даваме најголемиот поттик.
Ова е како најголема шведска маса за ајкули.
Леле! Ајде да го направиме тоа.
Целосно ќе се подмамат. -Да.
Подготвен? -Да, ајде. -Три, два, еден, сега.
Не се спушти до крај.
Еве ја! -Боже! Погледни го ова!
Леле! Неверојатно.
Ќе се обидеме повторно. Ова беше генерална проба. Подготвен? -Да.
Три, два, еден. Сега. -Боже!
Погледни ги. -Леле!
Полудеф.
Ги раздвиживме.
Доаѓаат. -Навистина полудеа тука долу.
Погледнете како се ројат. Сега се во режим на лов.
Ние не ги интересираме. -Возбудени се.
Се гледа како целосно го менуваат однесувањето.
Се менуваат држењето, брзината и насоката на движење.
Од многу опуштена и мирна состојба
преминуваат во хаотично и лудо однесување.
Изеди го тоа.
Кен? Можеби е доволно.
Боже! Погледни го ова!
Изеди го тоа. -Господе, ова е лудо.
Тоа беше неверојатно. -Ги изброја ли? -Да.
Имаше милијарда ајкули што јадеа.
Никогаш не сум видел таква динамика. Сите се многу активни.
Неверојатно. Погледнете го ова. Погледнете. Ајкулите полудеа.
Се нафрлија на туната. Една дури скокна од водата
и ја гризна. Нема на што. Нема на што.
Тоа е сѐ што остана. -Гледате? Еве малку океанографија.
Гризнувањата е исто со назабените рабови. Сам го измислив тој поим.
Се совпаѓаат со забите. Назабени се.
Тоа докажува дека ова го јаделе ајкули, а не луѓе.
Ако не беше доволно очигледно, сега знаеме дека го јаделе ајкули.
Точно. Не ми ја расипувај парадата. Сам ја смислив таа теорија.
Еј, Реј. Излези од водата. Прием.
Успеав. -Да. -Боже, успеав. -Да.
No comments yet. Be the first to leave one.