Pierwsze 200 wierszy.
Прибери се, Теди!
Прибери се!
Тоа е само вода.
Тоа е многу вода.
Ајде.
Добро си, шефе? -Да, само... само не можам...
Не можам да поднесам вода.
Ти си мојот нов партнер? -Токму така.
Не е најдобар начин да те запознаам со пола глава во вц шолја.
Не му одговара на Теди Даниелс; легендата, ти го признавам тоа.
Легендата?
Што вие момци сте пушеле таму во Портланд?
Сиетл.
Доаѓам од канцеларијата во Сиетл.
Колку долго си бил со маршалите?
Четири години.
Значи, знаеш колку е мало.
А што е со тебе? Имаш девојка? Оженет?
Бев.
Умре.
Исусе... Шефе, не знаев... -Не бери гајле.
Имаше оган во нашата зграда, додека бев излезен.
Четворица загинаа.
Чадот ја уби, не огнот.
Тоа е важно. -Жалам.
Каде се моите проклети цигари?
Јас имам. Земи една од моите.
Би се заколнал дека ми беа во палтото кога се качив.
Владините службеници ве ограбиле.
Фала.
Дали те известија за институцијата пред да заминеш?
Се што знам е дека тоа е психијатриска болница.
За криминално болните.
Епа, ако беа само луѓе кои слушаат гласови
и бркаат пеперутки, претпоставувам дека не би им требале.
Таму сме упатени? -Да.
Другата страна од островот е непристапна од карпи,
се до водата.
Докот е единствениот влез или излез.
Ќе заминеме штом вие двајца ќе бидете на крајбрежјето.
Би го ценел тоа ако побрзате.
Зошто? -Бура се наближува.
Никогаш порано немам видено маршалова значка.
Јас сум Заменик Управител МекФерсон, господа.
Добредојдовте на Островот Шатер. Ќе ве одведам во обиколка.
Вашите момци делуваат малку наострено, Г-дине МекФерсон.
Во овој момент, Маршалу, сите сме.
"Запомнете не нас затоа што и ние живеевме, сакавме и се смеевме"
Наелектризиран периметар.
Како знаеш?
Имам видено нешто како тоа и порано.
Во ред. Вие г-да, ќе ја добиете сета помош што можеме да ја понудиме.
Но во текот на престојот ќе го почитувате протоколот, разбравте?
Апсолутно.
Зградата од црвена цигла од вашата десна е одделението А. Машкото одделение.
Одделението Б е женското. Тоа е од левата страна.
Одделението Ц е тоа во утврдената зграда.
Од граѓанската војна, најопасните пациенти се таму.
Влезот во одд. Ц е забранет без пишана согласност и
физичка присутност на мене и Д-р Коули.
Дали се разбравме?
Се однесувате како лудилото да е заразно.
Овде се бара од вас да го предадете вашето оружје.
Г-дине МекФерсон, ние сме прописни сојузни маршали,
мораме цело време да го носиме нашето оружје.
Извршна наредба 319 од Сојузниот Закон за казнени установи.
Кога се престојува во казнените установи,
управителот на институцијата го има финалниот афторитет.
Г-да, нема да ви биде дозволено да минете низ капијава со вашите оружја.
ОК. Тоа беше за службените работи. Ајде момци.
Што велите на тоа да го најдеме Д-р Коули?
Кога побегнала? Затвореничката?
Се плашам дека Д-р Коули ќе мора да ви ја објасни ситуацијата.
Протокол.
Поправни управители во психијатриската болница.
Тоа е чуден знак, ако не ви пречи што кажувам.
Ова е единствената установа од ваков вид во САД. Дури и во светот.
Ние се грижиме само за најопасните пациенти.
Повеќето од другите болници не можат да се справат. И се заради Д-р Коули.
Тој создаде нешто навистина уникатно овде. Тоа е болница за луѓе...
Легитимациите, г-да.
Покажете ги вашите значки, г-да.
Д-р Коули беше консултиран неколку пати.
Од Скотланд Јард, МИ5, ОСС... -Зошто?
Што мислите?
Зошто разузнавачките агенции сакаат да се консултираат со психијатар?
Претпоставувам дека вие ќе мора да го прашате.
Маршал Дениелс. -Тед.
Маршал Оул.
Благодарам, заменик управителу, тоа би било се. -Да, сер.
Задоволство ми е, г-да.
Имаше многу да каже за вас.
МекФерсон е добар човек. Верува во работата што се прави овде.
И што поточно би било тоа?
Морална фузија меѓу законот и редот и клиничката грижа.
Простете, Д-ре. Што меѓу што и што?
Тие слики се прилично прецизни.
Со таков вид на пациенти работевме овде.
Осакатени и оставени во нивната сопствена нечистотија.
Биле тепани како да нивната крв ќе допринесе за нешто.
Им ги бушеле нивните мозоци и ги потопувале
во смрзната вода се додека не ја загубеле свеста или...
...дури и да се удават.
А сега? -Ги лекуваме.
Се обидуваме да ги излечиме.
А ако не успее, барем им даваме некаква утеха во нивните животи.
Овие се сите...
...насилни престапници, така?
Тие повредувале луѓе.
Ги убивале во некои случаи. -Во речиси сите случаи. Да.
Лично, Д-ре, би морал да кажам, заеби го нивното чувство за мир.
Моја работа е да ги лекувам моите пациенти, не нивните жртви. Не сум овде да судам.
Оваа затвореничка... -Пациентка.
Простете, пациентка. Рејчел Соландо,
побегнала во изминатите 24 часа. -Минатата ноќ.
Помеѓу 10 и полноќ.
Дали се смета за опасна? -Би можело да се каже.
Ги убила сите три нејзини деца.
Ги удавила во езерото зад нејзината куќа.
Ги изнесла едно по едно и им ги држела главите во водата додека не се удавиле.
Потоа ги донела назад и ги сместила околу кујнската маса,
и доручкувала пред да дојде соседот.
А што е со сопругот? -Умрел.
На плажата во Нормандија. Таа е воена вдовица.
Гладувала кога прв пат дошла овде.
Инсистирала дека децата не биле мртви.
Извинете, Д-ре, имате ли аспирин? -Склон кон главоболки, маршале?
Понекогаш, но денес...
...повеќе склон кон морски болести. -Ах, дехидрација.
Во ред си, шефе? -Да.
Во тој случај, во право сте. Што поедноставно тоа подобро.
Многу ви благодарам.
Рејчел сеуште верува дека нејзините деца се живи.
Таа истотака верува дека ова е нејзиниот дом во Беркшир.
Се зезате?
За две години не прифати дека е во институција.
Верувала дека сите ние сме
доставувачи, млекари, поштенски работници.
Да ја одржи илузијата дека нејзините деца никогаш не умреле,
креирала и елаборирала фикционална структура.
На сите ни дава улоги да играме во таа фикција.
Дали го пребаравте теренот?
Управникот и неговите луѓе го пребараа островот.
Нема ни трага.
Уште повознемирувачко е тоа дека не знаеме како излегла од нејзината соба.
Беше затворена од надвор,
и единствениот прозорец има решетки.
Како да испарила низ ѕидовите.
Ја доведов овде после групната терапија и ја заклучив внатре.
Се вратив на полноќна обиколка и ја немаше.
Сериозно, Д-ре, како е можно вистината никогаш да не допрела до неа?
Во институција е за ментално болни, така?
Понекогаш би забележале од време на време.
Колку пара чевли добиваат пациентите? -Два пара.
Здравиот разум не е избор, маршале.
Не можете туку така да изберете да преболите.
Значи... таа заминала одовде боса?
Ајде, Д-ре, не може да пројде ни 10 јарди по тој терен.
Маршале?
ЗАКОНОТ НА 4-ТЕ КОЈ Е 67?
Ова дефинитивно е ракописот на Рејчел.
Немам поим што е "Законот на 4-те". -Не е психијатриски израз?
Се плашам дека не е.
"Кој е 67?"
Само кога би знаел.
Би морал да кажам дека тоа е прилично близу до мојот клинички заклучок.
Мислите дека тоа се случајни чкртаници?
Не, воопшто. Рејчел е паметна. Всушност, брилијантна.
Хартијава би можела да биде важна. -Извинете, Д-ре, но,
ќе мора да го задржиме ова. -Секако.
Морала да пројде одовде.
Откако ќе се изгасат светлата, болничарите играат карти овде.
Синоќа седуммина седеа на скалите и играа покер.
И некако, Рејчел успеала да се протне покрај нив.
Зошто?
Како? Станала невидлива?
Д-ре, ни треба пристап до личните досиеја на сите вработените.
Сестрите, чуварите, болничарите...
Секој што работи овде. -Ќе го земеме во предвид вашето барање.
Ова не е барање, Д-ре.
Ова е сојузен објект, и опасна затвореничка...
Пациентка. -Пациентка избегала.
Можете да се сложите... -Се што ќе кажам е дека ќе видам што можам.
Д-ре, ќе мора да разговараме со вработените, дали разбирате?
Ќе ги соберам во заедничка просторија после вечерата.
Ако имате други прашања, придружете му се на заменикот управник во потрагата.
Има 11 милји до најблиското копно и водата е смрзнувачка.
Струјата беше силна синоќа. Плимата туркаше.
Би се удавила или би удрила во карпите.
Телото би и испливало назад на обалата.
Тие пештери, таму долу, дали ги проверивте?
Нема шанси да стигнала таму.
Карпите се прекриени со отровен бршлен, дабовина, смрадлика,
илјадници растенија со трња големи колку мојот стап.
И самиот рековте, маршале, дека таа нема чевли.
Во ред! Да ја провериме другата страна!
Што е онаа кула? -Стар светилник.
Стражарите веќе проверија внатре.
Што има таму? Уште пациенти? -Канализационен објект.
Наскоро ќе се замрачи.
No comments yet. Be the first to leave one.