No Man's Land

No Man's Land

د Macedonian ژباړه ډاونلوډ کړئ

د خپرونې معلومات

No mans land-MKD
د لخوا تبصره Cleon

تګونه

other
په خپور شو: 2008-07-21
ډاونلوډونه: 22
د اوریدلو معیوبیت: Yes

د Macedonian سرليکونو مخکتنه

لومړۍ 200 کرښې.

23.976

НИЧИЈА ЗЕМЈА

Мавни ме, ако овој знае каде не води.

И мене ми се чини така...

Добро е што не не одведе кај непријателот.

Момци, ќе почекаме додека да се крене маглата.

Премногу е ризично да продолжиме понатаму.

Со тебе и пиењето кафе е ризично.

Каков водич!

Обиди се ти да бидеш подобар во маглава!

Слушнете го! Нему секогаш се му е таман.

Вечен оптимист!

Ја знаеш ли разликата меѓу оптимистот и песимистот?

Која е? - Песимистот вели: “Веројатно не можеше да биде полошо“.

А оптимистот вели: “Би можело, би можело“.

Откако те знам ги слушам твоите вицови, а уште никој не се насмеал.

Да имаше малку ум, одамна би се откажал.

Зарем? Ако имав малку ум немаше да чекам овде со вас.

Би бил генерал или би работел за ОН.

Или би отворил некој ресторан. Зошто ме гледаш?

На мојот буџет би му било подобро кога би почнал да пушиш свои цигари.

Типично за тебе... - Зарем ви личам на Мајка Тереза?

Дали сте нормални?

Сакате да ве видат?

Кој ќе не види? Не можам да си ги видам дури ни стапалата.

Гасете ги цигарите! Гасете ги!

Дали се исчешла?

Ова уште не сум го видел!

Прв пат оди на линијата на фронтот, а заспал пред да стигне. Види го.

Ниту децата веќе не се исти!

Што е?

Еј, знаеш ли ти воопшто, каде сме? - Според мојата пресметка, сме стигнале.

Уште малку ќе се раздени, па ќе ни биде полесно.

Ова ми е прв пат да водам ноќна смена на линијата.

Блазе си ни!

Гледај!

Гледајте!

Срање...

Бегај!

СРПСКИ ПОЗИЦИИ

Мислите дека повторно се обидоа да го заземат средниот ров?

Не верувам, беа надвор од ровот.

Мислам дека тоа им била смената што се изгубила. - Сакам да се провери!

Разбирам!

БОСАНСКИ ПОЗИЦИИ

Што се случило?

Нашата смена... се изгубила во маглата.

Има ли преживеани? - Е... срање!

Одам да јавам во штабот. Викнете ме ако има некакви промени.

Какви промени? - Ако видиш некој зомби.

Ми требаат двајца доброволци да го проверат оној напуштен ров.

Ти... новиот! Оди со него.

Што ќе ми е тој? Не знае ниту пушката да ја наполни.

Одлично. Ти ќе го научиш.

Срање!

Цера!

Не ти е потребно ова, и ова, ни ова...

Се викам Нино.

Држи.

Ако нешто забележите, враќајте се веднаш!

Што е?

Да не се посра? - Не.

Сонцето бие право во очи, нема да можат да ве видат.

Ако не се вратите веднаш, чекајте ја ноќта. Лозинката е: “Пушка, Параќин“.

По ѓаволите!

Следи ме и прави што правам јас. Не обидувај се да бидеш паметен.

Среќно!

Не допирај ништо! Можеби е минирано!

Ајде, влечи го...

Застани овде!

Што ќе правиш со ова?

Бидејќи имаме време, малку ќе се забавуваме.

Погледни: “Изработено во ЕУ“.

Моето бебенце!

Што мислиш, новајлија, што е ова?

Нагазна мина. - Отскокнувачка мина!

Кога, како што се вели кај нас во армијата...

...непријателската жива сила ќе нагазне на неа, што ќе се случи?

Таа ќе експлодира. - Не, ништо не се случува.

Но, кога непријателската жива сила ќе ја подигне ногата...

...таа отскокнува и експлодира...

...на околу 1 метар, распрснувајќи околу 2000 оловни топчиња...

...кои уништуваат се живо во радиус од 50 метри.

Сега ќе видиш...

Мрдни го малку...

Полека.

Внимателно со осигурувачот додека добро не си го наместил телото...

...инаку ти ќе настрадаш наместо нив.

Ајде сега, повлечи.

Јас? Зошто јас?

Ајде, не плаши се, нема да експлодира се додека има притисок врз неа.

Ајде, полека, без брзање.

Не смеам.

Плашливец!-

Виде ли?

Овој систем јас го измислив.

Кога неговите ќе дојдат да го земат телото, мината ќе ги разнесе сите.

Како се викаше ти? - Нино.

После, ти ќе наместиш една.

Изгледа како да заспал.

Затоа што е свеж. На оваа топлина нема долго да остане таков.

Пробај да спиеш. Мора да ја чекаме ноќта за да заминеме одовде.

Подоцна ќе им наместиме уште неколку “бебиња“.

А, каде е онаа пушка?

Која пушка?

Каде води оној ров?

Каде води оној ров?!!

Каде води оној ров?

Надвор!

Ама ајде! Каде надвор? - Во полето.

А, мините?

Оној другиот ров, каде води?

Не знам.. - Не знаеш ништо?

По ѓаволите...

Не мрдај! Тргни се оттаму!

Последен пат прашувам: Како стигнавте овде? - Ползевме до ровот.

Низ полето?! Лажеш!

Не, твоите не можеа да не видат, оти сонцето им одеше во очи.

А мините? - Не знам, тој знаеше каде се.

Каде е мапата?

Каква мапа? - Мапата на Боливија... Мапата на мините, глупаку!

Испразни ги џебовите! - Зошто?

Бидејќи јас имам пушка, а ти немаш. Испразни ги џебовите!

Тоа е се?

Соблекувај се!

Што? - Соблекувај се!

Зошто?

Што ти е тебе? Реков, затоа што јас имам пушка, а ти немаш.

И запомни дека овде јас командувам. Соблекувај се!

Уф, ама сум гладен.

Ти постојано си гладен.

Што е? - Ова мора да го видиш.

Што е сега?

Што е ова, брате? - Дали е наш?

Не знам, не му пишува на гаќите. Викни го командантот!

Што да му кажам? - Дека си видел мртовец што оди.

Во ред е. Слегувај!

Слушаш? Слегувај!

Сигурен си дека не беше наш?

Навистина не знам, го видов само за момент, пред да скокне во дупката.

Така ли вие ја набљудувате линијата?

Нема да ризикуваме.

Ало. Дај ми ја артилеријата.

Не гледам ништо. - Пред малку трчаше, и тој го виде.

Наш ли беше? - Не знам, ви реков дека беше по гаќи.

Имаш ли уште некоја умна идеја?

Не сери, оти повторно ќе шеташ.

Изгледа дека престанаа.

Да. Твоите никогаш не престануваат.

А твоите...? Дали престануваат?

Но можеме да се споредуваме. Па, не ја започнавме ние војната!

Не сме веројатно ние?

Не, туку Црвените Кмери. Вие само би војувале.

Ние да војуваме?! - Не, вие сте мирољубиви.

Вие сте пацифисти, “Србија до Пацификот“!

Не сери, целиот свет гори од вас, само вие за другите.

Кој свет? Вашиот свет!

Вашата телевизија прикажува наши села што горат и вели дека се ваши.

Ова пред малку, моите бомбардираа, нели?

А вие, сите сте светци. Небесен народ. Погледни ги вашите методи.

Дури и на мртвите не им давате мир.

Тоа е поинаку!

Зар? Подметнувате бомби под мртви? Што е исправно? Да се краде, силува, убива...

За кого ти зборуваш? - За тебе, за твоите...

Слушај, ме мобилизираа пред 10 дена и немав време да видам...

Јас видов како гори моето село, а не го запаливме ние!

Не знам, не бев таму. - Јас бев!

Нашите села не гореа, нели? Кој ги уби нашите луѓе?

Не знам... твоите. Гледаш дека пукаа и на тебе.

Пукаа затоа што не ме препознаа. Не сакаат да го освоите ровот.

Со вас не треба воопшто да се разговара...

Кој ѓавол ве натера да ја растурите оваа убава земја? Имаше ли место за сите?

Ние ја растуривме? - Вие ја растуривте!

Ти не си нормален. Па, не сакавме ние да се одвоиме, туку вие.

Секако, кога вие ја започнавте војната!

Вие ја почнавте војната! - Што, кој ја почна војната?

Вие ја почнавте војната! - Вие ја почнавте!

Кој ја започна војната?

Ние. - Вие ја започнавте.

И не сери, ми досади.

Ајде надвор, марш надвор!

Серко!

Ќе ми кажува дека ние сме почнале војна.

Што стана ова?

Одам да јавам во штабот. Викнете ме ако има некакви промени.

И што ќе правиме сега? - Ништо, ќе ја чекаме ноќта!

А потоа?

Потоа... ако преживееш, ќе ја ползиме до линијата.

И престани да прашуваш, досаден си.

Значи, нема да ме ослободиш?! - Сонувај.

Цера, жив си!

Не мрдај!

Не мрдај!

Под тебе има мина. Може да експлодира.

Каква мина? - Отскокнувачка. Ако се помрднеш, ќе не убие.

Ме зафркаваш? -Зарем ти изгледа дека се зафркавам?

Дојди ваму! Деминирај го.

Ме слушна? Деминирај го! - Не знам.

Не зафркавај се, деминирај го. Ќе те убијам!

Не знам, ќе загинам и јас и тој, ако пробам.

تبصرې

No comments yet. Be the first to leave one.

Keep it about this subtitle — sync, quality, typos.500 characters left