لومړۍ 200 کرښې.
Старите склоности кон расистички, сексуален и религиозен шовинизам,
кон разгорен фанатички национализам, прекинуваат да функционираат.
Работата која нè прави, добри или лоши, успешни или не,
ја спознаваме пропатно.
Тоа е само пат,
и можеме да го смениме кога и да посакаме.
Тоа е само избор. Без напор, без работа, без штедење пари.
Сфатив дека погрешно ја играв играта.
Играта беше да дознаам она што веќе сум.
Ќе видиме
колку е важно
да се создаде кај човечкиот ум
радикална револуција.
Кризата, е криза на свеста.
Криза која не може повеќе,
да ги прифати старите норми,
старите шеми,
древните традиции.
И, со оглед на тоа каков е светот денес,
со целата мизерија,
конфликти,
уништувачка бруталност,
агресија,
и така натаму...
Човекот
е сèуште она што беше.
Уште побрутален,
понасилен,
поагресивен,
попосесивен,
поалчен.
И, создаде општество
во согласност со овие особини.
"Да се биде прилагоден во неверојатно болно општество не е мерило за здравје." Ј. Кришнамурти
Општеството денес,
е создадено од низа институции.
Од политички институции,
правни институции,
религиски институции.
До инситуции на социјалната класа,
фамилијарни вредности,
и работни специјализации.
Длабокото влијание што овие традиционализирани структури го имаат
во обликување на нашите сфаќања и перспективи е очигледно.
Сепак, од сите општествени институции, во кои што сме родени,
режирани и условени,
се чини дека не постои друг систем кој се зема толку "здраво за готово"
и без разбирање,
како што е монетарниот систем.
Добивајќи скоро религиски пропорции,
воспоставените монетарни институции постојат
како облик на вера за која не се поставуваат прашања.
Како се создаваат парите,
политиката која се води околу нив,
и како тоа влијае врз општеството
се работи за кои големиот дел од популацијата не се интересира.
Во свет во кој 1% од популацијата поседува 40% од богатствата на планетата.
Во свет во кој 34.000 деца умираат секој ден
како последица на сиромаштија и излечливи болести,
и каде 50% од светската популација живее со помалку од 2 долари дневно...
Една работа е јасна.
Нешто е многу погрешно.
И без оглед на тоа дали сме свесни или не,
главната артерија на сите наши институции,
и со тоа самото општество,
се парите.
Затоа, да се разбере политиката на монетарните институции
е најважно за да разбере зошто нашите животи се вакви какви што се.
Нажалост, економијата често се смета за конфузна и досадна работа.
Безкраен низ на финансиски жаргони, застрашувачки математики,
кој брзо ги оддалечува луѓето од обидот да ја разберат.
Во секој случај, се работи за ова:
Сложеноста на финансискиот систем е само маска.
Создадена за да ја прикрие една од најпарализирачките структури,
која што човештвото некогаш ја имала.
"Никој не е толку безнадежно поробен од оние кои погрешно веруваат дека се слободни."
Јохан Волфганг Гете (1749-1832)
Пред многу години, Централната Банка на САД, Федералниот Трезор,
направи документ насловен "Модерна Механика на Парите".
Издание кoе ја образложува институционализираната пракса на создавање на пари
создадени од страна на Федералниот Трезор и мрежата на глобални комерцијални банки.
На првата страна, документот ја изјаснува целта.
Намената на овој прирачник е да ги опише основите на процесот на создавање на пари
во посебен дел на банкарскиот систем.
Потоа, продолжува со описот на тој процес
низ различни банкарски терминологии.
Просто речено, тоа би звучело вака:
Владата на САД носи одлука дека има потреба од пари.
Го повикува Федералниот Трезор кому бара 10 милјарди долари.
Тие одговараат: "Секако, ќе купиме 10 милјарди обврзници од вас".
Така што Владата на САД зема парчиња хартија,
ги дизајнира како што сакаат за да би изгледале официјално,
и ги нарекува "обврзници".
Тие парчиња хартија добиваат вредност од 10 милјарди долари.
и им ги праќа на Федералниот Трезор.
За возврат, луѓето од Трезорот носат импресивни парчиња хартија.
Овој пат, нарекувајќи ги "Ноти на Федералниот Трезор".
Притоа, давајќи им вредност од 10 милјарди долари.
Федералците ги земаат овие ноти и тргуваат со нив за обврзници.
Кога размената е завршена,
Владата на САД подигнува 10 милјарди во федерални ноти,
и ги депонира на банкарска сметка.
По депонирањето, нотите официјално стануваат легални пари.
Додавајќи така 10 милјарди долари на државните парични резерви.
И така! Десет милјарди свежи пари се создадени.
Се разбира, овој пример е банализиран.
Затоа што, реално, оваа трансакција би се извршила електронски.
Без никакво користење на хартија.
Во суштина, само 3% од парите во САД постојат во реални банкноти.
Останатите 97% постојат исклучиво во компјутерите.
И сега, владините обврзници се креирани за да послужат како инструмент за задолжување.
И кога Федералците ќе ги откупат тие обврзници
со парите (нотите) кои ги создадоа од "чист воздух",
владата ветува дека ќе ги врати
парите на Федералците.
Со други зборови, парите настануваат од долгови.
Овој парадокс од кој ве боли глава, како парите или вредноста
можат да бидат создадени од долгови,
ќе се разјасни понатаму
во следните примери.
Сега, размената е направена.
И така, 10 милјарди долари седат на сметка на некоја комерцијална банка.
Еве каде работите стануваат навистина интересни.
Базирано врз трезорската пракса,
овие 10 милјарди долари како депозит
моментално стануваат дел од банкарските резерви.
Како што и сите резерви функционираат.
И, со оглед на потребите на трезорот,
како што е наведено во "Модерната Механика на Парите"
"Банката мора да ги одржува легално стекнатите резерви
еднакво на предвидениот процент на нејзиниот депозит".
Тоа се заокружува со следнава изјава:
"По денешните регулативи,
провизијата на трезорите кон сите трансакции изнесува 10%."
Ова значи дека со 10 милјарди долари депозит,
10%, или 1 милјарда
се задржува како потребна резерва.
Додека останатите 9 милјарди долари се сметаат за вишок резерва,
и може да се употреби
за нови задолжувања.
Сега, логично е да се претпостави, дека овие 9 милјарди
произлегоа од постоечкиот депозит од 10 милјарди.
Меѓутоа, тоа овде и не е случај.
Што навистина се случува е тоа дека тие 9 милјарди долари
се направени од "чист воздух"
врз постоечкиот депозит од 10 милјарди долари.
Тоа е начин како паричните резерви се прошируваат.
Како што е изнесено во "Модерната Механика на Парите"
"Се разбира, тие" - банките
реално не ги враќаат долговите во пари, кои што ги добиваат како депозит.
Доколку би го правеле тоа, не би имало повеќе потреба за создавање додатни пари.
Она што го прават кога задолжуваат
е да ги прифатат "ветуваните" банкарски ноти
договори за задолжување
во замена за кредит - пари
на потрошувачите (должниците) кои ги поседуваат сметките.
Со други зборови, 9 милјарди долари можат да се создадат од ништо.
Едноставно бидејќи постои потреба за такво задолжување,
и бидејќи постојат 10 милјарди долари депозит кои што би ги задоволиле барањата на федералните резерви.
Сега да замислиме како некој влегува во таа банка и
позајмува 9 милјарди свежо создадени долари.
Тој најверојатно би си ги зел парите и би ги депонирал
на својата сметка во банката.
Така процесот се повторува.
Затоа што депозитот станува дел од банкарските резерви.
10% се изолирани и за возврат, 90% од тие 9 милјарди
или 8.1 милјарди се сега достапни како новосоздадени пари за повеќе заеми.
И, се разбира, тие 8.1 милјарди можат да бидат повторно депонирани создавајќи така додатни 7.2 милјарди долари
па 6.5 милјарди, па 5.9 милјарди, итн...
Парите создадени на овој начин можат да одат до безконечно.
Просечен математички резултат е дека околу 90 милјарди долари можат да бидат создадени на база на почетните 10 милјарди.
Со други зборови:
За секој депозит во банкарскиот систем, околу 9 пати повеќе можат да се создадат од чист воздух.
Криза со пари. Прашајте ја љубезно Американската Банка за тегла
инстант пари.
П-А-Р-И во форма на достапни лични заеми.
Сега кога знаеме како се направени парите од овие фракции на банкарскиот систем.
Може ќе се прашате, логично, но и илузорно прашање:
Што е тоа што им дава вредност на овие новосоздадени пари?
Одговор: Парите кои веќе постојат.
Во суштина, новите пари крадат вредност од резервите на веќепостоечките пари.
Затоа што огромна количина на пари се создава и се зголемува без обзир дали постојат побарувања за стока и услуги.
И, како што набавките и побарувањата дефинираат рамнотежа,
цените растат, обезвреднувајќи ја куповната моќ на секој долар во обрт.
Ова се вика инфлација.
А инфлацијата е есенцијално скриен надомест за јавноста (луѓето).
Кој е советот што генерално го довивате? Тоа е: направете инфлација.
Не велат: снижете ја вредноста. Не велат: обезвреднете ги парите.
Не велат: измамете ги луѓето кои што се сигурни. Велат: намалете им ги каматите.
Вистинската измама е кога ја дестабилизираме вредноста на парите.
Кога создаваме пари од чист воздух, немаме заштеди. Но, и тука постои нешто што се вика "капитал".
Моето прашање се сведува на следново: Како на светот, можеме да очекуваме да ги решиме проблемите на инфлацијата?
Одговор: Зголемете ја количината на парите, со уште повеќе инфлација.
Се разбира дека не може.
Системот на монетарната експанзија е сам по себе инфлациски.
Затоа што чинот на зголемување на количините на пари, без притоа да постои
пропорционална експанзија на стоката и услугите во економијата,
секогаш ќе ја дестабилизираат валутата.
Всушност, еден брз преглед на историјата на вредноста на американскиот долар,
во однос на паричните резерви,
No comments yet. Be the first to leave one.