Harka

Harka

Macedonian வசனம் பதிவிறக்கம்

வெளியீட்டு விவரம்

Harka 2022 1080p HMAX WEB-DL DD5 1 H 264-RBB
கருத்துரை வழங்கியவர் Pinguoin

குறிச்சொற்கள்

Web-DL
web-dl
web
WEB-DL
1080
வெளியிடப்பட்ட தேதி: 2023-03-20
பதிவிறக்கங்கள்: 18
காது கேளாதோருக்கானது: No

Macedonian வசனங்களின் மாதிரிக்காட்சி

முதல் 200 வரிகள்.

"Али ми раскажа за место

блиску до местото каде што растевме."

"Длабоко во пустината,

од никаде се појавило езеро. Прекуноќ."

"Од камен и песок потекла кристално чиста вода."

"Било совршено."

"Едно утро ја нашле двајца стари земјоделци."

"Доаѓале луѓе од далеку да пливаат во неа и да ја видат."

"Никој не знаел од каде се создала."

"Никој не прашал."

"Тоа било чудо."

"Луѓето каде што живеам веруваат во магија и такви работи."

"Неколку месеци подоцна, некој ја открил вистината."

"Се работело за вртача преполнета со одлив

од блискиот рудник на фосфат."

"Но никому не му било гајле."

"И натаму доаѓале и пливале."

"Потоа водата почнала да се менува."

"Отров, претпоставувам."

"Водата станала црна."

"И наеднаш, веќе никој не пливал."

ХАРКА

Али!

Морам нешто да ти покажам.

Излези!

Што е? -Излези.

Што е тоа?

Ќе го продадам, имам купувач.

Тоа е обичен бокал.

Ова е староримски сад! Вреди богатство.

Дај да видам. -Полека!

Погледни ги резбите.

Не е како евтините глупости од пазар.

Од каде ти е? -Од чичко ми. Ми дава половина.

А јас тебе ќе ти дадам дел бидејќи си ми другар.

Што мислиш? Ќе учествуваш?

Одам на работа.

"Ми треба денеска попладне!"

Побрзај, да му се сневиди!

Ајде, ќе бидеш добро.

Дај ми уште две.

Гледај да платиш до крајот на денот.

Оди по друг пат и ќе ти се јавам.

Имаш цигара?

А запалка?

Шефе!

Не смееш да пушиш пред куќата на гувернерот.

Не е запалена.

Како е таму?

Студено. -Ајде.

Ми се испотија јајцата тука.

Имаш женска? -Ами како. Тина.

Тина не е германско име.

Многу Германки се викаат Тина.

Донеси ми пиво. Ова е топло.

Услугата е за никаде.

Батка, тоа е Германија. За две години имав се.

Пари. кучки, куќа, кола...

Овде ништо не можеш.

Колку заработуваш во Германија?

Можам да те купам. Можам да ги честам сите тука ако сакам.

Тогаш, што чекаш? -Не им плаќам на пацерите.

На кого мислиш?

Сам откриј.

Мајката твоја! Ќе те убијам!

Излегувај надвор!

Да не те видам повеќе тука! -Кој ги пуштил овде?

Алиса?

Отвори ја вратата.

Немам клуч.

Зошто крвавиш?

Што бараш тука?

Што бараш тука?

Се работи за тато...

"Поради големата невработеност,

во државата продолжија протестите.

Постојано се покачува и илегалната миграција

во последните години.

Многу Тунижани го плаќаат влезот во Европа

преку црниот пазар.

Веќе 450 Тунижани загинаа годинава

при преминување на Средоземното Море со чамец."

Сочувство.

Алиса ми кажа.

Две години беше болен.

Од што? -Од рак.

Мило ми е што дојде.

Ќе дојдеш дома со мене?

Им недостигаш на девојчињата.

И?

Ќе видиме.

Се возев со Рида.

Мачка го премина патот.

Возеше со полна брзина

и ја смачка мачката. На мртво.

Маченце, што талкаше по жештина.

Го уби без да трепне.

Го прашав зошто го згази.

Рече дека се обидел, но не можел да го избегне.

"Убиј човек, а не кутра мачка!"

Добар си?

Ни збор не прозборе.

Ќе си одам од државава.

Илегално? -Да.

Што зборуваш, бре?

Мислиш дека е лесно да добиеш документи

и да се вратиш дома со кола и пари?

Ќе те пречекаат со музика... -Носи се. Не останувам тука.

Нема да умрам овде како татко ми.

Да речеме дека ќе одиш. Што ќе правиш?

Ќе талкаш една-две години дури добиеш некакви документи.

И луѓето таму се бедни.

Тунис е твоја земја.

Сите се како тебе.

Сите мразат што се тука.

Помири се со тоа.

"Али се отсели од нашата куќа пред три години.

Кажа дека засекогаш заминува.

Му се смачи тука."

"Рече дека земјава врие од измамници."

"Се грижат само за себеси."

"Луѓето секој ден откинуваат дел од тебе.

Делче по делче."

"Да останеше,

од толку откинати делчиња, едноставно ќе исчезнеше."

"Го штедеше секој денар."

"Планираше да го премине морето со чамец."

"Го замислував како се дави во морето."

"Не би ни чуле за тоа. Едноставно би умрел."

"Тогаш навистина би исчезнал."

Боже, сте пораснале.

Како сте? -Добро, а ти?

Што е ова? -Работите на тато.

Ќе ги продадам на пазарот накај работа.

Работиш? -Да.

Што работиш?

Чистам куќи со мајка и на другарка ми.

А школо? -Се испишав.

Ни требаа пари.

Без пари сме.

Каде е жена ти?

Во посета кај нејзините во Хамамет.

Да разговараме надвор.

Што се случува?

Најдов работа.

Среќлијо. Каква работа?

Мијач на садови и келнер.

Каде?

Во Хамамет. Во туристичко место кај плажата.

Кој се грижи за девојчињата?

Немаме избор.

"Нема веќе да седиме гладни и сиромашни!"

"Нема веќе да молчиме! Повторете!"

"Без страв! Без терор! Власта му припаѓа на народот!"

"Без страв! Без терор! Власта му припаѓа на народот!"

"Бандо крадлива! Имаме право на работа!"

"Бандо крадлива! Имаме право на работа!"

"Заслужуваме да работиме!"

Скандер.

Не останувам тука. Идниот месец одам од земјата.

Се е подготвено. Не можам да ги чувам.

Штом заработам, ќе им пратам пари.

Дојде автобусот. Отидов.

Не ја поднесувам миризбата на цигари.

Добро, ќе одам надвор.

Си размислувал да продаваш грицки со бензинот?

Не.

Како на бензиска. Пијалаци, СИМ-картички, грицки.

Би спечалил многу повеќе.

Морам да јадам.

Твоја е колава? -Зошто прашуваш?

Онака.

На продажба е?

Не знам. На татко ми е.

Сакам да купам кола.

Колку чини? -Реков дека не знам. Не е моја.

Имаш дозвола? -Зошто прашуваш?

Онака. Зошто се плашиш?

Што правиш, момче?

Пишува дека колата е на продажба. -Зошто зборуваш со неа?

Што сакаш? -Да купам кола.

Влегувај.

Колку чини?

Сакаш да купиш кола? -Да.

Купи си магаре. Ем ќе му зборуваш, ем ќе го јаваш.

Што ти е, серко? -Еби се!

Ги знам таквите како тебе!

Пропалитети!

Многу си сладок. -Ќе ти покажам!

Ќе се видиме вечерва.

Али?

Зошто спиеш надвор?

Колку е часот?

Одам на работа.

Зошто спиеше надвор?

Живееш ли таму каде што те најдов?

Да.

Но тоа е градилиште. -Така е.

Твое е? -Сопственикот е во странство.

Што учиш?

கருத்துகள்

No comments yet. Be the first to leave one.

Keep it about this subtitle — sync, quality, typos.500 characters left