Sleepers

Sleepers

ดาวน์โหลดคำบรรยายMacedonian

ข้อมูลรุ่น

SleepersMKD
ความคิดเห็นโดย Cleon

แท็ก

other
เผยแพร่เมื่อ: 2008-08-19
ดาวน์โหลด: 53
ผู้พิการทางการได้ยิน: Yes

ตัวอย่างคำบรรยาย Macedonian

200 บรรทัดแรก

З А С П А Н И

Ова е вистинска приказна за другарство кое тече подлабоко од крвта.

Ова е моја, и приказна на три мои другари во животот што ми значат нешто.

Двајца од нив се убијци кои не доживеаја до триесетата.

Другиот е адвокат, кој живее со болка од своето минато...

...престрашен за да ја заборави, и несакајќи да се соочи со хоророт.

Јас сум единствениот кој може да раскаже за нив...и децата какви што бевме.

ПЕКОЛНА КУЈНА ЛЕТО 1966

Моите тројца другари и јас бевме неразделни.

...среќни и задоволни што живееме во затворениот свет во Пеколна Кујна.

Западната страна на улицата Менхетен беше наше приватно игралиште.

...кралство од бетон, каде што чувствуваш дека си апсолутен владетел.

Пеколна Кујна беше населена со несовршен тип на...

Ирци, Италијанци, Порториканци,

и Источно Европски работници. Цврсти луѓе кои живееја тешки животи.

Живеевме во железнички станови, во згради од црвени тули.

Неколку мајки работеа и сите имаа проблеми со сопрузите во бракот.

Закопав една ебена жена, можам да закопам уште една!

Домашното насилство беше секојдневие во Пеколна Кујна.

Сепак, немаше разводи ниту пак раздвојувања.

Волјата на Црквата беше моќна.

За бракот да заврши, вообичаено некој требаше да умре.

Сепак, покрај тешкотиите во животот...

...Пеколна Кујна им понуди на децата на нејзините улици, безбедна мрежа...

...во која уживаа и некои соседства.

Криминални дејствиа врз луѓето од соседството не беа дозволени.

Кога ќе се случеше нешто такво, казната беше многу сурова...

...и во некои случаи, крајна.

Дилер на дрога од центарот на градот донесе хероин во Пеколна Кујна.

Едно пакетче уби дванаесет годишен син на еден Порториканец.

Тоа беше последното пакетче што го продаде дилерот.

Пеколна Кујна беше место на невиност...владеенo од корупција.

Моите пријатели и јас поминувавме доста време во црквата Свети Ангели.

Сите служевме како помошници.

Сите сакаа да работат кога ќе има погребна миса...

...затоа што за погребната миса имаше три долари надомест...

...и повеќе ако изгледаш исклучително натажен.

Имаше активно натпреварување помеѓу нас четворица...

...да направиме најдобра и најоткачена шега.

По две недели во новата учебна година...

...го најдов тастерот на калуѓерката во училишниот ходник...

...и бев спремен за големата лига.

Во црква се користеше да ги контролираат девојчињата кога да...

...станат, седнат, да клекнат и да се поклонат...

...се беше базирано на тоа колку пати ќе биде притиснат тастерот.

Во мојот џеб, беше причина за големо безредие.

Ќе бидете бранители на судбината. Ќе бидете војници на Христос.

И ќе добиете дар од...

...Светиот Дух.

Ќе биде голем ден и вашите...

...родители ќе бидат горди со вас. Кога ве крстеле...

...направиле ветување за вас. И сега...

- Ќе ги потврдите тие ветувања. - Дај ми го тастерот.

Кој тастер?

Веднаш!

Нека станат сите.

Да се помолиме.

Калуѓерките се лесни мети.

Џон и јас поминувавме повеќе време во црква од останатите.

Само ние двајца од групата влеговме без размислување во одајата на свештеникот.

И Џон и јас бевме запрепастени од моќта која му е дадена на свештеникот.

Таен свет на предавство и измама, каде што луѓето...

...отворено признаваа лоши дела и лоши постапки.

Исповедањето беше подобро од било која книга што ја имавме прочитано...

...или било кој филм што сме го гледале, затоа што гревовите беа вистинити.

...направени од луѓе кои ги познаваме.

Искушението да бидеш дел од тоа, беше премногу добро за да го одбиеш.

Ако не фатат, ќе не запалат.

Што ако нашите мајки се внатре?

Што ако ги слушнеме нивните исповеди?

Што ако слушнеме нешто пострашно?

На пример?

На пример, убиство. Што ако некој признае убиство?

Опушти се. Се што треба да направиме е да седнеме, слушаме и да не се смееме.

Секунди подоцна, нашата одаја оживеа.

Јас...спиев со женети луѓе.

Луѓе со семејства.

Наутро, си велам себеси дека е последен пат, ама никогаш не е.

Да?

Видете, јас сум...јас сум бремена.

Кој е таткото?

Земи бројче.

Што ќе правиш?

Знам што сакате вие да направам.

И знам што треба да правам.

Само незнам што ќе направам.

Види, морам да одам.

Благодарам што слушавте, момци. Го ценам тоа.

И знам дека ќе го задржите за себе.

Знаела.

Да, знаела.

Зошто мислиш дека ни го кажа сето тоа?

Не знам. Можеби морала да го каже на некого.

Отец Роберт Карило беше син на морнар...

...на кого му беше удобно да седи на столче во некој бар...

...како што стоеше пред олтарот за време на Голема миса.

Се зафатил во животот со криминал, пред да го најде своето место.

Тој беше пријател...пријател кој случајно беше и свештеник.

Знаеш ли што ти прави тоа срање на твоето тело?

Како не, Оче, го победува пушењето. И поевтино е, исто така.

Можеби. Па, дали си слушнал нешто ново?

Не, ништо.

Јас слушнав дека си заинтересиран да станеш свештеник.

Кој го кажал тоа?

Зборуваат дека си сакал да бидеш во одајата за исповедување.

Не знам за што зборувате, Оче.

Не знаеш?

Можеби сум добил погрешна информација.

Мислам дека е така.

Ќе се видиме подоцна, вечерва.

Што има вечер?

Морам да разнесам некои книги и списанија...

...за старите и инвалидите низ соседството.

Мајка ти рече дека си сакал да помогнеш.

Сигурно го кажала тоа.

Шејкс... Не сакам да правиш проблеми.

Како не, Оче, знаеш дека никогаш не правам проблеми.

Тоа е се што посакувам за тебе и твоите другари.

Тоа е се?

Тоа е се. Ништо друго, се колнам, тоа е се.

Знаеш, свештеник не треба да се колне.

И деца не треба да слушаат исповед на други луѓе.

Ќе се видиме вечер.

Во ред...се гледаме.

Мајкл сексуално беше најискусен во нашата група,

Што значеше дека бакнал девојка во повеќе од една прилика.

Неговата вистинска љубов беше Керол Мартинез, новонаселена во Пеколна Кујна.

Полу Порториканка, полу Ирец, беше одгледана од нејзиниот татко,

нејзината мајка починала на пораѓање.

Керол се држеше настрана, ама секогаш и беше пријатно во наше друштво.

Секогаш можевме да сметаме на Керол...

...да стои и да стражари на првата ноќ кога беа Игрите на Мраз.

Кога групи семејства се редеа на влезот на Гарден...

...чекајќи ја изведбата на лизгачките...

...секој од нас зјапаше низ дупка...

...гледајќи дваесетина убави и скоро голи девојки...

...како ги облекуваат нивните лизгачки облеки.

Вака најверојатно изгледа Рајот.

Керол, сакаш да погледнеш?

Зар има нешто што не сум видела?

Ама си среќна!

Таа е толку убава. Боже, би можел да умрам сега и да не жалам.

Кога јас и моите другари бевме мали,

Пеколна Кујна беше раководена од човек по име Крал Бени.

Кога бил млад, Крал Бени бил платен убиец за Лаки Лучијано.

Лаки Лучијано направил доста добри дела за оваа земја во Втората светска војна.

Ама нема да го прочиташ тоа во ниедна ебена книга по историја!

Се збори дека Крал Бени бил убиецот на Лудото Куче Кол...

...тој шутрак од Западната 23-та улица. Имаше бар, заедно со Холанѓанецот Шулц.

И отвори неколку клубови со Цврстиот Тони Анастасија.

Имав 14 години кога првпат слушнав за него. Приказната е:

Како дете, не бил ништо посебно.

Секогаш бил претепуван во улични тепачки.

И тогаш еден ден, и којзнае ебено зошто, некој Ирец...

...имал околу 25 години, го фаќа Крал Бени...

...и го бутка надолу по скали.

Крал Бени ги крши сите предни заби.

Знаете што направи Крал Бени?

Чекаше. Чекаше осум години...

...да му се одмазди на тој шутрак.

Влегува во јавна бања.

Типот си лежи во када.

Крал Бени ги вади предните заби. Ги остава на лавабото.

Го гледа типот и му вели:

„Кога гледам во огледало, го гледам твоето лице.“

Вади пиштол...

...и го пука двапати во секоја нога.

Тогаш му вели на типот:

„Сега, кога ќе се бањаш ти ќе го гледаш моето лице.“

Никој не се заебаваше со Крал Бени потоа.

Одмазда!

Одмазда!

Може ли да разговарам со тебе малку?

Сакам да работам за тебе. Да ти помагам, се што ти треба.

Ти си син на касапот...во право сум?

Каква работа бараш?

Било каква, не е важно.

Не е важно?

Сите велат дека ова е место за да побараш работа.

Кој е „сите“?

Луѓе од соседството.

Да те прашам, што знаат тие?

Знаат дека имаш работи.

Извини што ти го потрошив времето.

Почекај малку!

Дојди утре ако сакаш да работиш.

- Кое време утре? - Било кое време.

Ќе бидеш тука?

Јас сум секогаш тука.

Мојата прва работа за Крал Бени се плаќаше 25 долари неделно, и...

...трошев само 40 минути од моето време.

Во темна соба во барот, еден од момците ќе ми дадеше завиткана хартиена кеса...

...и ќе ме пратеше во една од двете полициски станици за испорака.

Беше совршен начин за да се среди исплаќањето.

Ајде, одиме! Овде.

Да видиме какви пари имаш во кесата.

Мора да сте луди! Знаете ли од кого крадете?

Да, знаеме, и се посравме од страв.

Дај ми ја кесата. Дај ми ја ебената кеса!

Еј, што правите таму? Одговорете ми! Што правите таму?

ความคิดเห็น

No comments yet. Be the first to leave one.

Keep it about this subtitle — sync, quality, typos.500 characters left