200 dòng đầu tiên.
КАРОЛА ВЕЛИ ДЕКА ХОКАН ЈА ПРОДАВАЛ КАКО СЕКСУАЛНА РОБИНКА.
ТОЈ ВЕЛИ ДЕКА ТОА НИКОГАШ НЕ СЕ СЛУЧИЛО.
КОЈ ЈА КАЖУВА ВИСТИНАТА?
СЕКСУАЛНА РОБИНКА
СИТЕ СМС-ПОРАКИ СЕ ЗЕМЕНИ ОД ПОЛИЦИСКАТА ИСТРАГА.
КОЛКУ?
1000.
ДОЈДИ МАЛКУ ПО 22 ЧАСОТ. ДЕЦАТА СÈ УШТЕ СЕ БУДНИ.
Знам кој ме продаваше.
Но, не знам кој ме купувал.
Тоа е сосема неверојатна приказна.
МАЈКА НА МАЛИ ДЕЦА ДРЖЕНА КАКО СЕКСУАЛНА РОБИНКА
Мајка на мали деца продавал како сексуална робинка
нејзиниот дечко во нивната куќа.
ПРИМАЛ УПЛАТИ НА МОБИЛЕН
Мислиш дека тоа не може да се случи во Норталје, а камоли на некој познат.
Постојано ја следи.
Со ГПС кога излегував од куќата и со камери во куќата.
И става превез на очите
и ја врзува за кујнската маса...
Каде што ја продава.
ПУШИ ЛИ?
ДА.
Не знаев дали се еден или повеќе мажи.
Повеќе од сто луѓе дојдоа во нашата куќа.
Има илјадници разговори.
Мора да ги прочитате сите за да го разберете целосниот обем на тоа.
Речиси сите го сакаа.
Работеше како наставник.
Таа работеше во малопродажба.
Живееја во куќа во Норталје.
Сè изгледаше нормално.
Но, така обично е тоа.
Стана жртва на личност
со која сите живееме и постојано се дружиме.
Тоа е голема истрага во која вложивме многу ресурси
затоа што го моравме тоа.
Не знае колку мажи имало.
Можеби било како што вели таа.
А можеби било така како што вели тој.
Сосема е јасно дека ова се лаги.
Ако ја следите логиката и ги поставите вистинските прашања,
вистината ќе излезе на виделина.
Ќе дојдете до истиот заклучок. Јас сум невин.
Карола лажеше.
Точка.
Отсекогаш сакав големо семејство.
Голема радост ми е да бидам со моите деца,
да ги гледам како растат и се менуваат.
Во средно го запознав мојот иден сопруг, Даниел.
Таа беше обична, среќна девојка.
ЕВА, БИВША СВЕКРВА НА КАРОЛА
Имаше само 16 години. Мојот син беше малку постар.
Имавме одличен однос уште од самиот почеток.
Кога добија деца, таа врска стана посилна.
Навистина ни се отвори.
И двајцата имавме работа.
Три деца.
Црвена куќа на село.
Имав сè што ми требаше за среќен и нормален живот.
КАРОЛА
Мислам дека искрата почна да се гаси по второто дете.
Во тој момент, некако се оддалечивме во нашата врска.
И на двајцата малку ни здодеа.
Имаше моменти кога редовниот секс беше пријатен,
но двајцата сепак сакавме да пробаме нешто ново.
Мислам, сакавме само малку возбуда во сексот.
Решивме да имаме отворена врска.
Мојот сопруг сакаше да објави оглас
за секс во тројка, можеби дури и четири.
БОЈА НА КОСА: ЦРНА
Беше малку неодреден. Не знаевме точно што бараме
па затоа повеќе зависеше од тоа какви одговори ќе добиеме.
КАРО85, 27, СТОКХОЛМ, ШВЕДСКА 167 СМ, 85 КГ, ПРИВЛЕЧНА
Како девојка, добиваш многу потврди за твојот квалитет на тие страници.
ПОРАКИ - ЛАЈКОВИ - ПОСЕТИ
Имаше стотици одговори.
Избрав
еден од одговорите.
КАДЕ ЖИВЕЕШ?
Мислам дека на почетокот растојанието беше најважниот фактор.
Тоа што живееше во близина.
И тоа беше Хокан.
ХОКАН, НОРТАЛЈЕ, ШВЕДСКА, СОЛО МАЖ БАРА ЖЕНА
Разменивме телефонски броеви
и мислев да му се јавам на враќање од работа.
Но, тој веќе беше доста директен.
Решивме да се сретнеме.
Мислам дека ова е добро место за запознавање некого за првпат.
Од другата страна има камења каде што може да седнете и да разговарате.
Мојот прв впечаток за него беше...
дека е многу добар.
Беше светски човек и се истакнуваше.
За мене беше многу важно што имаше интереси,
што тренираше во теретана и се грижеше за себе
и го интересираа глисери.
Кога бевме на тој остров, ме праша што сакам да правам.
Реков дека не знам.
А тој потоа рече:
"Би сакал да те бакнам."
Јас одговорив: "Тогаш бакни ме."
Потоа се случи експлозија на емоции.
Отидовме кај него.
Не го помина она низ што поминав јас.
Била само на почеток.
АНЕЛИ, ПОРАНЕШНА ДЕВОЈКА НА ХОКАН
За Хокан, јас сум жената пред Карола.
Најубавиот состанок во мојот живот беше оној со Хокан.
Беше одлично. Имаше рози, беше убаво и пријатно,
а тој беше многу внимателен и прекрасен.
Стабилен, силен и мажествен.
Неверојатно добар заводник.
Никогаш не ми падна на памет дека може да биде опасен.
Но, релативно рано сфатив дека е можно.
Веднаш реагирав кога Карола го запозна.
ЕВА, БИВША СВЕКРВА
Ова не е добро.
Почна да ѝ се додворува многу отворено
и тогаш таа го прифати тоа.
Дојде кај неа на работа
на Свети Валентин со рози.
Им покажуваше нејзе и на светот колку е прекрасен.
Како да беше маѓепсана.
ГОЛА И ЧЕКАМ, ИСПРАТИ ФОТОГРАФИЈА.
ХАХА
Многу брзо откако влезе во мојот живот
се впуштивме во бурна романса.
Навистина сакаше да ме запознае и да открие која сум, а јас...
никогаш порано не се имав чувствувано така.
И по само шест месеци...
донесов одлука да се разведам.
Имав четири или пет години кога моите родители се разведоа
и мама го запозна Хокан.
Сите други го сметаа за...
НОРА, ЌЕРКА КАРОЛА
генерално добар човек.
Речиси сите го сакаат.
Бев многу фрустрирана
затоа што знаев каков човек е всушност.
Многу добро се прилагодуваше на различни ситуации.
Можеше да биде забавен, можеше да биде тивок...
Можеше да биде гласен.
Имаше различни страни.
Дури откако ќе го запознавте, ја добивавте целата слика.
Има нешто кај него што не може да се опише.
Таа беше длабоко вљубена во Хокан.
КУЌА ВО СМОЛАНД - ПРОДАДЕНА
Сè се случи брзо.
Добија кредит за куќа на Бјорн и тоа не за каква било куќа.
Мораше да има две гаражи бидејќи чамците му беа хоби.
Многу пари се во прашање, а нивните финансии беа прилично кнап.
Нивната цел беше да создадат лажна слика за себе.
И мислам дека Хокан
сакаше и да има дополнителна контрола врз Карола.
Карола е во врска со Хокан и живее со него.
РЕБЕКА ЛО, АДВОКАТКА НА КАРОЛА
Има пет деца, две со Хокан
и три од претходниот брак.
Живее во свет каде што нема слобода.
Таа е целосно оставена на милост и немилост на Хокан.
Тој сака груб и насилен секс, а таа не.
Хокан во куќата повеќе пати
извршил вагинален, анален и орален однос.
Мислам дека за Хокан, сексот е прашање на моќ и контрола.
Само неговите потреби се важни.
Понекогаш имавме секс, а јас бев врз него,
ќе почнеше убаво,
а потоа одеднаш ќе ме плеснеше.
Ќе ме фрлеше со лицето надолу на креветот
и ќе ме силуваше анално.
Се сеќавам како цврсто го стискав ќебето.
А кога ќе завршеше, ми велеше
да се истуширам.
Некој што навистина го сакам ми го правеше тоа
и се обидував да го оправдам.
Дека не е така како што мислам
и потоа е како никогаш да не се случило.
И исто така како моите искуства...
тешко е да се опише, но како да не постојат.
Сум видела многу случаи.
каде што кршиш некого користејќи само моќ и контрола.
Малку се ладни, малку топли, а лицата изложени на тоа
никогаш не знаат на што се со таа личност.
И со текот на времето, тие почнуваат најмногу да се обвинуваат себеси.
"Ако го направам тоа поинаку,
ќе биде подобар и ќе ме сака" или нешто слично.
И постојано ги поместуваш своите граници.
И тоа е сосема јасно во случајот на Карола.
Мислам дека во тој момент почнав да се сомневам
за сè што е поврзано со мене.
Постојано ме водеше до тоа да се сомневам во вистината.
Ако доживеев нешто,
тој успеваше да ме натера да поверувам дека сум доживеала нешто сосема друго.
Се чувствував како да сум ја изгубила мајка ми
затоа што таа повеќе не беше мајка ми со која пораснав.
Таа беше сосема поинаква личност.
Тој ја контролираше, а таа се изгуби себеси,
правеше како што сакаше тој и тоа што тој и наредуваше.
ЗНАЕШ ДЕКА ПРАВИЛАТА ОДАТ ДО КРАЈ, НЕЛИ?
СЕКАКО, ЗНАМ ШТО ПРАВАМ И ШТО САКАМ.
No comments yet. Be the first to leave one.