نخستین 200 خط.
25.000
Се е во ред? - Да, благодарам. Не грижете се.
Дали сте во ред?
Уживајте во Лос Ангелес.
Кажи ми, зошто секогаш се мора да се врти околу тебе?
Не се работи секогаш за мене! Знаеш ти за што зборувам јас...
Како да не го познавам?
Знаеш дека ми е жал, но не е така како што изгледа.
Срање! Што се случи со Пинкел?
Што да правам?! Работам со човекот, по ѓаволите!
А и ти си способна сама да се грижиш за своите глупости.
Колку што се сеќавам, спиеш со мене,
затоа, почни малку да го зафркаваш него!
Пријателу, како најдам пократок пат до аеродромот?
Таму. - Благодарам.
Тој беше во Лексус со мобилен телефон.
Каде?
До центарот, 312 North Spring Street.
Центар.
Слушај, преписот мора да биде готов до седум наутро. Во ред?
Почекај малку... одете по Сепулведа, Слаусон во Ла Бреј,
од Ла Бри северно на Шестата улица и потоа до центарот.
Па што, ќе си одиш дома подоцна.
Ќе бидам таму, затоа избриши ги солзите.
Ќе одам по 105-та, на исток до 110-та. Ќе биде побрзо.
Што?
По 105-та до 110-та. Побрзо ќе стигнете таму.
110-та кај У.С.Ц. се претвора во паркиралиште.
Како да одите по Ла Бреј, северно од Санта Моника,
каде што е тесното грло.
На 110-та луѓето се одвојуваат на 10-та од Пасадена,
каде што возат бавно.
Навистина, но тие нема да одат како јас, ќе се симнам од Главната.
Еј...
...ако сепак сакате така, ќе одиме по вашиот пат.
Ќе се обложиме ли?
Ох?
Што ако грешите?
Мислам, дека не грешам. А, ако грешам,
тогаш возењето е бесплатно.
Добро, се договоривме за облогот.
Ајде, кажете...
Што да кажам?
Ајде...
Ох, имав среќа со семафорите.
Немавте среќа со семафорите,
бевте во право, а јас тврдев погрешно.
Макс...
Можете ли да подзасилите?
Ја сакате класиката?
Да, порано свирев во средното училиште.
Да погодам, дувачки инструмент?
Не, гудачки. Немав толкави бели дробови за дувачки.
Би ме излажале, слушајќи го вашиот разговор на мобилниот.
Различни инструменти.
Видете, да ме послушавте, ќе заглавевме во сообраќајната гужва,
а вие би заслужиле дополнителни пет долари.
Купете си нешто за тие пет долари.
Забавувајте се.
Но, ништо посебно,
ништо посебно.
Колку таксисти познавате, кои ќе разговараат, да ви ги зачуваат парите?
Бевме двајца, но го убив другиот. Не сакам конкуренција.
Дали сте горди што сте добри во она што го правите?
Во ова? Ох, тоа е... тоа е...
...хонорарна работа. Дополнителна работа,
за да можам да си ги плаќам сметките.
Но, ќе бидам најдобар во тоа што го работам,
тоа е нешто сосема друго.
Што е тоа?
Подготвувам нешто.
На пример?
Кажете ми.
Претпријатие за изнајмување автомобили,
Исланд-Лимос, како острови на тркала.
Вистински cool-groove, како во ноќните клубови.
Кога би дошле на аеродромот, не би сакале да излезете од неа.
Затоа возам такси хонорарно,
да го земам мојот Бенц под наем,
да најдам вистински клиенти, и слични работи.
Како ви е вам да бидете адвокатка?
Што сте вие, видовит?
Малку.
Темен костум со црти, елегантен, не премногу класичен,
што не го гледаш на реклами,
првокласна актовка, во која може да се живее
и Bottegi торба.
Во секој случај, за секој маж кој ќе влезе во таксито со нож
мислам дека е готвач на суши.
Вие...
...Clarence-Darrels.
Па, не баш.
Работам на одбраната, државен обвинител сум.
Ох, голем случај? - Да.
Дојдовме брзо. - Секако.
Не ми одговоривте на прашањето.
Сакате ли да го работите тоа што го работите?
Да.
Но, не денеска?
Не, сакам. Само, не можам да дочекам.
Сакам да бидам во судницата,
истовремено добивам чудно чувство
секоја ноќ пред случајот.
Чудно чувство, какво?
Мислам дека ќе изгубам,
дека случајот “смрди“, дека моите докази не се доволно убедливи,
дека не сум доволно подготвена
и дека луѓето ќе мислат дека не знам што правам,
дека си играм сите овие години.
Дека го претставувам одделението за правосудство
и дека мојот воведен говор ќе доживее неуспех во најважниот момент,
и сите ќе ми се смеат.
Потоа плачам.
Не повраќам, многу луѓе повраќаат.
Јас имам добар желудник.
Потоа се соземам,
повторно го пишувам мојот воведен говор,
ги прегледувам моите докази
и тоа го правам во преостанатиот дел од ноќта.
Тоа е мојата рутина.
Кога ќе се пробуди утрото, се е во ред.
Потребен ви е годишен одмор.
Штотуку го имав во ова возење.
Не, не мислев во таксито,
морате да си ја разбистрите главата.
Да ги доведете овците на број...
Кога вие последен пат сте земале одмор?
Секој момент јас сум на одмор.
Колку често?
Десетина пати на ден, на моето најубаво место.
Малдивските острови.
Моето приватно скривалиште.
Кога ми е тешко, си земам пет минути
и одам таму.
Тогаш се концентрирам во потполна тишина.
Еј, земете ја. - Не, не можам.
Земете, бидејќи ви е потребна
многу повеќе отколку мене.
Ќе ви помогне, гарантирам.
Благодарам, Макс.
Средете ги.
Еј...
Не знам... во случај да ви треба адвокат,
повикувачкиот е 14500...
...или за расправи во таксито.
Еј...
Ох, простете!
Не ве слушнав. Влезете. Ќе ве одведам.
Каде?
10-39 South Union Street.
Колку долго ќе трае возењето?
Седум минути. - Седум?
Не осум или шест?
Две минути за крстосницата меѓу 110-та и Нормандиската улица,
од Нормандиската до Venice има три минути,
преку Унион има една минута и уште една за секој случај.
Во ред ли е да ти мерам? - Како сакате!
Доколку згрешиш, што добивам? Бесплатно возење?
Простете, денеска веќе подарив едно бесплатно возење.
Кому? - На соул-девојката.
Договоривте излегување со неа?
Прв пат сте во Л.А.?
Не, право да ви кажам, секогаш кога ќе дојдам овде, одвај чекам да заминам.
Самостоен сум и не се врзувам. Таков сум.
Ти се допаѓа? - Тоа е мојот дом.
Седумдесет милиони луѓе. Економски петта по ред
моќна држава во светот, а никој меѓусебно не се познава.
Читав за човекот, кој влегол во празен вагон на подземната железница
и умрел.
Поминале шест часа откако некој забележал
дека неговото тело кружи низ Л.А.
Луѓето покрај него седнувале и станувале.
Никој не го забележал.
Ова е најчистото такси во кое некогаш сум бил.
Дали ти го исчисти?
Да, го делам со еден тип. - Дали луѓето се љубезни ноќе?
Да, луѓето подобро се расположени, прометот е послаб и поголеми е бакшишот.
Какви се бенефициите? - Не, не е толку тешка работа.
Нема уште долго да го работам ова.
Ова е само моментно, додека да си средам нешто.
Колку долго возиш? - Дванаесет години.
Навистина? - Аха.
Што средувате?
Не зборувам за тоа, мал деловен план.
Немојте да забележите.
Секако.
Вие сте еден од ние што работат, наместо само да зборуваат.
Тоа е добро.
Седум минути. Добар сте.
Имав среќа со семафорите. - Да, веројатно им го имате распоредот.
Чујте, овде сум деловно и имам некаков договор.
Мора да го завршам за една ноќ, морам да застанам на пет места...
...да земам потписи, да видам пријатели,
а потоа, во шест наутро, летам надвор од Л.А.
Можете ли да ме возите? - Немам ништо против, но не е според правилата.
Правилата? - Да.
Тие луѓе не ве плаќаат... ...колку заработувате во една смена?
Колку? - 350... 400.
Ќе направиме вака,
ќе ви дадам 600.
No comments yet. Be the first to leave one.