Az első 200 sor.
Мислам дека никој не знаеше... -Јас сум Џејкоб Елорди. -Енгус Клауд.
Сторм Рид. -...какво влијание ќе има "Еуфорија"?
Имам 12 години и јас сум Ештреј.
Немав поим. Никаков.
Тоа е лудо.
Кога ќе погледнам наназад... Буквално бевме деца.
Навистина се плашиш? -Да, кучке!
Кога создаваш уметничко дело, не знаеш што ќе се случи.
Како филмаџија, Сем е вистински провокатор.
Сакавме да ја вклучиме публиката. Секој ќе има свое мислење.
Во тоа е целата убавина.
Чувството да се создаде нешто олку големо е прекрасно.
Голем обожавател сум на "Еуфорија" уште од самиот почеток.
Како сте вечерва, Коачела?
Сакавме да погодиме. Сакавме да бидеме сигурни
дека сме работеле колку што треба.
Кога ќе се осврнам на серијата, многу сум горд на она што го постигнавме.
Неверојатно сум благодарна на секој од вас и за сите наши спомени.
Ви благодарам многу.
ЕУФОРИЈА: СПЕЦИЈАЛ
Што ако можете да се вратите на почеток?
Кажете ни како настана "Еуфорија".
Мислам дека беше 2016 година.
Ми се јавија поради еден израелски формат наречен "Еуфорија".
Тоа беа деца што се однесуваат... лошо, поради недостиг на подобар опис.
Решивме да го купиме форматот
и да побараме некој што ќе има свое мислење за тоа.
Една директорка работеше во драмскиот оддел, Кристин Ким.
Таа беше свесна за модификациите на Сем за ХБО филмс.
Седнав со шефицата на ХБО-драма, Франческа Орси.
И зборувавме за сите лоши срања што сме ги правеле како тинејџери.
На крајот на состанокот таа рече: "Одлично, ќе го напишеме тоа."
Реков: "Апсолутно!"
Зедов искуства на луѓе со кои пораснав
и ситуации во кои се наоѓате кога дрогата ви е главен мотив во животот.
И сето тоа само го запишав на хартија.
Дел од можноста беше да се покаже дека денешните тинејџери
се справуваат со многу работи со кои ние не се справувавме.
Додајте на тоа дроги, социјални медиуми, паметни телефони...
Тоа ни отежна малку.
Зависноста е универзална приказна,
но ставајќи ја во средно со средношколка што се справува со тоа,
тоа беше донекаде револуционерно.
И мислам дека тоа можеме да го направиме само на ХБО.
Сите беа одушевени и ја одобрија серијата.
Јас сум Зендаја, ја играм Ру. Ова е премиерата на "Еуфорија".
Кога серијата излезе, добивме добри критики.
Имавме добра гледаност, но не беше до таван.
Но, исто така, имаше многу контроверзи во тоа време.
Сакаш да одлепиш?
Се сеќавам дека мислев дека може да оди во која било насока.
Во тоа време излезе "Си беше еднаш во Холивуд".
И Леонардо Дикаприо на црвениот тепих го прашаа што гледа.
Ја гледав "Еуфорија", одлична е. Тоа е фантастична серија.
Леонардо Дикаприо ја обожава контроверзната "Еуфорија" на ХБО.
Кога го кажа тоа, тогаш за прв пат се промени траекторијата на серијата.
Бевме интересна серија што некои ја гледаа, некои чуле за неа,
но сè уште не отскокнуваше.
А кога тој го кажа тоа, тоа ја лансираше во друга стратосфера.
Нешто се помести.
Беше мало чудо што ја издадовме серијата.
Бев среќна што ја прифатија.
Голем дел од тоа беше поради актерите.
Јас сум Џејкоб Елорди, висок сум 193 см.
Здраво, јас сум Ника Кинг. -Јас сум Сторм Рид.
Имам 12 години и сум Ештреј.
Кога почнавме со кастингот, добро истраживме за тоа кои се овие актери.
Баравме свежи лица и луѓе кои претходно не нужно глумеле,
но да имаат сурова харизма.
Дали мислиш дека моите ареоли се чудни? -Не!
Воопшто не ги гледаш!
Имавме повеќе рунди аудиции.
Мамо, буквално ќе те отрујам во сон.
Сидни Свини првично се пријави за Меди.
Мислиш дека повеќето луѓе се 100% стрејт или...
Потоа побаравме да проба за Каси.
О, Боже! Мамо, престани!
Кога се пријавив за "Еуфорија" не знаев каков лик е Каси.
Разговарав со Сем и сфатив дека навистина ми е грижа за неа.
Тоа беше почетокот на тоа.
Зошто сите се толку драматични?
Се сеќавам кога ја запознав Алекса и кога дојде на аудицијата.
Имаше уникатна личност.
Првата сцена што ја имав беше сцената на карневалот
пред голема група луѓе.
Не треба да бидам тука зашто сум облечена како курва и никој не ме сака!
Не знам што ми стана, но бев наострена!
Ги погледнав сите и го кажав она што требаше да го кажам.
Ако имаат нешто да ми кажат, нека ми го кажат во лице!
Се заљубив во нејзиниот лик
и можностите за тоа каде може да оди станаа бескрајни.
Изгледаш прекрасно!
Не сум убедена.
Мод Апатоу... Можевте да ги видите сите критики што си ги упатува
во некоја сцена. А тоа само го продлабочува ликот.
Мислиш дека влијае лошо?
Се сеќавам дека бев многу нервозна и многу несигурна.
Би сакала да бев малку поопуштена.
Ќе избегнев многу непотребна енергија.
Што кур гледаш?
Џејкоб Елорди ни беше нов бидејќи е од Австралија.
Кој е тоа, по ѓаволите?
Се спремав за дома и аудицијата за "Еуфорија" ми беше последна.
Некој нека каже нешто или кучката ќе наебе!
Се откажал од глумата и мислам дека живеел во својот автомобил.
Дојде и беше толку проклето добар и посветен.
Ја силуваше? Ја силуваше ли, кажи?!
Се сеќавам дека многу се вцрвив затоа што бев многу нервозен.
Наводно му се допаѓало тоа.
Ајде де!
Се возев дома и ми се јави мојот агент.
Рече: "Можеш ли да се вратиш на кастингот?" Само ја свртев колата!
Би го направил тоа за Ру!
И сè едноставно... се разви.
Беше голем предизвик да се обидам да ги откријам сите нови таленти
и да ги поврзам сите во едно.
Имаше смисла да се види што постои во реалниот свет.
И затоа работевме со Џенифер Вендети, која работеше уличен кастинг.
Ми пријдоа од А24 и ми рекоа дека Сем ја сака мојата филозофија за кастинг.
И затоа ја развив идејата за улично извидување.
Имам 17 години. Некои луѓе едноставно треба да бидат претепани. Јасно?
Моите извидници беа насекаде. -Два палца нагоре.
Еден ден, една од моите вработени видела двајца момци.
Им дала моја визит-карта и рекла: "Ако сте заинтересирани, дојдете."
Следниот ден бев во канцеларија и влезе Енгус.
Се викам Енгус Клауд и доаѓам од Оукленд, Калифорнија.
Оукленд во САД. Сфаќате?
Се сеќавам на неговата прва снимка. Го прашаа за името и висината.
Се викам Енгус Клауд и висок сум 182 см.
Си помислив: "Совршено! Земете го!"
Хантер... Кога ја баравме, тоа беше многу тешка улога.
Потоа контактирав познаници од модната индустрија.
Се појави нејзиното име.
Гледаш? Јас сум ебено непобедлива! -Ти си психопат!
Сите веднаш знаевме: "Ова е Џулс."
Ру... Ја имам најдобрата вест на свет!
Никогаш порано навистина не сум глумела.
Се глумев себеси. Брзо сфатив дека тоа е она што го сакаат.
Се сеќавам дека ја добив улогата и бев воодушевена!
И веднаш потоа ми поминаа морници
затоа што сега морав и да го направам тоа.
Зендаја беше во плановите на Сем за Ру.
Нејзините претставници беа нервозни поради незгодниот материјал.
Тукушто завршив една фаза од мојата кариера.
Си помислив: "О, срање, сега морам да бидам актерка."
Не знам што следно и никој не верува дека го можам она што го мислам.
А ни јас не сум сигурна дали можам.
Потоа прочитав малку од "Еуфорија" и морав да бидам дел од тоа.
Март 2019 г.
ЕДЕН МЕСЕЦ ПРЕД ПРЕМИЕРАТА НА СЕРИЈАТА "ЕУФОРИЈА"
Пред "Еуфорија", Зендаја беше актерка на Дизни.
На Мет галата во 2019 година се појави како Пепелашка.
И тоа изгледаше како матура од корените на Дизни.
Многу деца-актери некогаш мора да се ослободат од својот имиџ,
а работите што ве прават успешен детски актер,
не секогаш ве прават успешен актер за возрасни.
Ги криеш чувствата, работиш со повеќе нијанси.
Рик, искрено се извинувам што ти реков да се ебеш.
Всушност сакав да кажам дека мама може подобро
и мразам што седиш на столчето на тато.
И го испратив пилотот во раната фаза. Се јави и беше полна со емоции.
Рече: "Го гледав пилотот. Секогаш чувствував дека го имам тоа во себе.
Само немав доказ дека можам да испорачам таков настап.
А сега имам доказ."
Ру! -Тоа беше важен емоционален момент.
Мислам дека така му пристапивме сите од сите оддели, од актерите до мене.
Сите имавме нешто да докажеме.
Да! Вечерва ќе биде добра. Да одиме по пари!
Ќе признаам, добар дел од снимањето на првата сезона бев преплашен.
Ги земаш парите со двете раце...
Верував во визијата на серијата, верував дека може да успее,
но беше неверојатно тешко.
Позадината се движи и... Акција!
Сакав да црпам идеи од... Не нужно од нашите сеќавања на средното,
туку од заедничките сеќавања што ги имаме како култура.
Едно од нашите мотоа за првата сезона беше: "Кој ја ебе реалноста".
Важно е какви чувства буди средното училиште, а не какво е.
Таа прва сезона учевме кои сме, на некој начин.
Експериментиравме со многу работи.
Сечи!
Постојат многу тинејџерски серии, а некои како да ги имитираат другите.
Или не се доволно храбри.
Ние сакавме да ја прикажеме оваа генерација каква што треба,
како што ние мислиме дека се гледа себеси.
Искрено, кој го ебе целото семејство.
Навистина. -Затоа што моментално гледам илјада верзии од себе
и покрај тоа што изгледам добро, се чувствувам ептен добро. -И јас, кучке.
Таа излегува од колата тука, да? И потоа колата тргнува.
Не го гледа огромниот џип што оди кон неа.
Во првата сезона, сакавме кокаинска, луда енергија.
Втората сезона стана малку помрачна.
Ру! -Не го можам ова! Извини, мамо, не можам!
Врати се во колата! Ру!
Сакавме да создадеме одредена грубост и темнина.
затоа што во втората сезона го напуштаме магичниот дел
и навлегуваме во длабочините на зависноста.
Го гледав тоа како сеќавање што избледнува.
Дека постои темнина на работ на видот што ги опфаќа ликовите.
Ајде да го направиме тоа, по ѓаволите!
Тоа е сосема поинаков пристап.
No comments yet. Be the first to leave one.