The first 200 lines.
К У М
Верувам во Америка.
Америка го создаде моето богатство.
И ја воспитував ќерка ми на Американски начин.
И дадов слобода, но ја научив секогаш да ја почитува фамилијата.
Си најде момче, кој не беше Италијанец.
Одеше во кино со него. Остануваше до доцните часови.
Не се бунев.
Пред два месеци ја земал да се повозат со уште едно момче.
Ја натерале да пие виски
и потоа се обиделе да ја искористат.
Дала отпор, си ја задржала честа.
Па ја претепале како животно.
Кога отидов во болницата, носот и беше скршен,
вилицата и беше скршена, и врзана со жица.
Не можеше дури ни да липа поради болките.
Но јас плачев. Зошто липав јас?
Ми беше светлина во животот.
Убава девојка.
Никогаш повеќе нема да биде убава.
Извинете.
Отидов во полиција, како секој добар Американец.
Двете момчиња беа изведени пред судот.
Судијата ги осуди на три години затвор, но им даде условна казна.
Условна казна! Излегоа слободни истиот ден!
Стоев во судницата како будала.
Двете копилиња ми се смееја.
Тогаш и реков на жена ми: За правда, мора да одиме кај Дон Корлеоне.
Зошто отиде во полиција? Зошто не дојде прво кај мене?
Што сакаш од мене? Кажи било што, но стори го тоа за што те молам.
Што е тоа?
Сакам да бидат мртви.
Не можам тоа да го сторам.
Ќе ти дадам се што ќе побараш.
Те познавам долго време, но прв пат бараш помош од мене.
Не се сеќавам кога последен пат си ме поканил на кафе.
И покрај тоа што жена ми е кума на твоето единствено дете.
Но да бидеме искрени. Никогаш не си сакал мое пријателство.
И си бил исплашен да имаш долг кон мене.
Не сакав да бидам во неволја.
Разбирам.
Го најде Рајот во Америка.
Имаш добра заработка, полициска заштита и законски судови.
Не ти требаше пријател како мене.
Но сега доаѓаш кај мене и ми велиш,
Дон Корлеоне, барам правда.
Но не ме праша со почит.
Не ми понуди пријателство. Не ти доаѓа ниту да ме наречеш Кум.
Доаѓаш на свадбата на ќерка ми и бараш од мене да убијам некого за пари.
Барам правда.
Тоа не е правда. Ќерка ти е жива.
Нека страдаат тогаш, како што страда таа.
Колку да ти платам?
Бонасера, Бонасера.
Што сум сторил за да ме третираш на ваков начин?
Ако дојдеше како пријател,
ѓубрето што ја повредило ќерка ти ќе страдаше уште денес.
И ако чесен човек како тебе има непријатели, ќе бидат и мои непријатели.
И тогаш ќе се плашат од тебе.
Ќе ми бидеш пријател?
Куме?
Добро.
Некој ден, можеби тој ден никогаш нема да дојде, ќе побарам услуга од тебе.
Но до тој ден...
...прифати ја правдава како подарок за денот на свадбата на ќерка ми.
-Благодарам, Куме. -Нема зошто.
Додели го ова на Клеменза.
Сакам луѓе што нема да се занесат во тоа што ќе го сторат.
Ние не сме убијци, како што вели овој погребник.
-Каде е Мајкл? -Не грижи се, ќе дојде.
Не се сликаме без Мајкл.
-Што е работата? -Го нема Мајкл.
Дон Барзини.
Поли! Донеси ми вино.
Поли! Уште вино.
-Изгледаш прекрасно. -Што си ти, судија си по танцување?
Работи си ја работата.
Сандра чувај ги децата. Не им дозволувај да полудат.
И ти внимавај.
20, 30 илјади. Во ситни банкноти, кеш.
Во свилената чанта.
Да беше нечија друга свадба... Среќа!
Еј, Поли!
Будала!
Што е работата?
-Мора да се вратам на работа. -Том.
Сицилијанец не може да одбие барање за денот на свадбата на ќерка му.
Дон Корлеоне, почестен сум и благодарен што ме поканивте во вашиот дом.
Бегајте од тука! Ова е приватна забава. Бегајте!
Што е? Свадба на сестра ми.
ФБИ не почитуваат ништо!
Дојди ваму, дојди ваму, дојди ваму!
...но на крај беше повикан да помогне во Американската војна,
па во минатите шест месеци работи во мојата слаткарница.
Назорине, што може да сторам за тебе?
Откако заврши војната,
момчево, Енѕо, сакаат да го вратат во Италија.
Куме, имам ќерка. Видете, таа и Енѕо...
Сакаш Енѕо да остане во државава, и ќерка ти да се омажи за него.
Ме разбирате.
Господине Хеган. Благодарам.
Да ја видите свадбената торта што ја направив за вашата ќерка!
Невестата, младоженецот и ангел...
-На кого да ја доделам оваа работа? -Не на нашите.
Дај му ја на еврејски конгресмен во друг реон. Кој е уште на листата?
Мајкл!
Лука Браци не е на листата, но сака да ве види.
Неопходно ли е?
Не очекуваше дека ќе биде поканет на свадбата, па сака да ви се заблагодари.
Дон Корлеоне, почестен сум и благодарен што ме поканивте во вашиот дом
на свадбата на вашата ќерка. Првото дете нека им биде машко.
Мајкл...
Човекот онаму си зборува сам со себе.
Го гледаш оној страшен тип онаму?
-Многу страшен тип. -Како се вика?
Се вика Лука Браци. Му помага на татко ми понекогаш.
Мајкл, доаѓа наваму!
Изгледаш извонредно!
Мојот брат Том Хеган, госпоѓица Кеј Адамс.
Те бараше татко ти.
-Мило ми е што ве запознав. -Мило ми е што ве запознав.
Зошто брат ти има различно презиме?
Мојот брат Сони, го најде Том Хеган на улица.
Немаше дом, па татко ми го зема.
Со нас е од тогаш наваму.
Добар адвокат е.
Не е Сицилијанец. Мислам дека ќе биде советник.
-Што е тоа? -Тоа е...
...како советник, советодавач. Многу важен за фамилијата.
Ти се допаѓаат лазањите?
Дон Корлеоне
почестен сум и благодарен
што ме поканивте на свадбата на вашата ќерка.
На денот на венчавката на вашата ќерка.
И се надевам дека првото дете ќе им биде машко.
Свечено се заколнувам на бескрајна верност.
-За невестинската чанта на ќерка ви. -Благодарам Лука. Мој најдраг пријателе.
Дон Корлеоне, ќе ве оставам сега, затоа што знам дека сте зафатен.
Благодарам.
Госпоѓа Корлеоне!
Не!
Сенаторот Коли се извинува што не дојде, но рече дека ќе го разбереш.
Исто така и некои од судиите. Сите испратија подароци.
Што се случува надвор?
Џони! Џони!
Те сакам!
Дојде дури од Калифорнија. Ти реков дека ќе дојде!
-Веројатно е пак во неволја. -Добар кумашин е.
Џони, Џони! Запеј песна!
Не си ми кажал дека го познаваш Џони Фонтана!
-Секако. Сакаш да го запознаеш? -Супер! Секако.
-Татко ми му помогна во кариерата. -Му помогнал?
Како?
-Да ја слушнеме песната. -Мајкл...
Те молам Мајкл. Кажи ми.
Кога започна Џони, имаше потпишано договор
со голем водач на бенд.
Како што му се подобруваше кариерата, сакаше да го раскине договорот.
Џони му е кумашин на татко ми.
Татко ми го посети водачот на бендот.
Му понуди 10000 долари за да го пушти Џони,
но водачот на бендот не прифати.
Па следниот ден татко ми го посети, но овој пат заедно со Лука Браци.
За околу еден час,
го раскина договорот за чек од 1000 долари.
-Како го сторил тоа? -Му дал понуда што не можел да ја одбие.
-Каква понуда? -Лука Браци му вперил пиштол во главата,
и татко ми му рекол дека или мозокот или потписот ќе се најдел на договорот.
Вистинска приказна.
Таква е мојата фамилија Кеј. Јас не сум таков.
Прекрасно!
Ќе средам.
Том...
Најди го Сантино. Кажи му да дојде во канцеларија.
Како си Фредо?
Мојот брат Фредо, ова е Кеј Адамс.
-Здраво. -Како си?
-Ова е мојот брат Мајк. -Се забавуваш?
Да. Ова е твоја пријателка?
Не знам што да направам. Гласот ми е слаб. Слаб е.
Ако ја добијам улогата во филмот, ќе ме врати повторно на врвот.
Но овој...човек не ми дозволува, главниот на студиото.
-Како се вика? -Волтс.
Не ми ја дава улогата, и вели дека нема шанси.
Сони?
Сони?
Сони?
-Сони внатре ли си? -Што?
Стариот те бара.
Една минута.
Пред еден месец ги купи филмските права за оваа книга, најдобро продавана.
Главниот лик е тип како мене.
Јас не треба ниту да глумам.
Куме, не знам што да правам.
Однесувај се како маж! Што се случува со тебе?
Вака ли ќе градиш кариера во Холивуд, плачејќи како жена?
Што да правам? Што да правам? Каква глупост.
Смешно.
-Поминуваш време со семејството? -Секако.
Добро.
No comments yet. Be the first to leave one.