The first 200 lines.
СЕДМИОТ ПЕЧАТ
Кога Јагнето го отвори седмиот печат,
настана тишина на небото која траеше околу половина час.
А седумте ангели со седумте труби
се подготвија да затрубат.
Кој си ти? -Јас сум Смртта.
По мене дојде? -Веќе подолго време те следам.
Знам. -Дали си подготвен?
Моето тело е, но јас не сум.
Почекај малку.
Сите така велат. Но за никого нема одложување.
Играш шах, зар не? -Како знаеше?
Сум видел од фрески и слушнал од преданија.
Да, јас сум прилично вешт играч.
Не си подобар од мене. -Зошто сакаш да играш шах против мене?
Тоа е моја работа. -Во право си.
Но се додека трае играта, ќе ме оставиш да живеам.
И ако победам, ќе ме пуштиш.
Извлече црни.
Баш одговара, зарем не?
Помеѓу блуднички нозе како тесто,
Таму ми е мене место.
Господ е горе во рајот Далеку некаде во бескрајот
А тука доле на Земјата ли бекнеш
Сатаната ќе ја сретнеш
Во Фарјештад се зборува за разни ужаси и лоши предзнаци.
Велат вчера два коња меѓусебно се изеле. Гробовите се отвориле,
а лешевите се расфрлани насекаде.
Четири сонца имало вчера попладне.
Кој пат води до крчмата?
Ти го кажа патот. -Не баш.
А што ти кажа. -Баш ништо.
Нем е? -Не, господине.
Всушност, беше прилично речит.
Да, многу елоквентен.
Иако тоа што го рече беше прилично мрачно.
Добро утро. Појадуваше?
Штета што јас не можам да јадам трева. Ќе ме научиш?
Тешко е малку во моментов.
Луѓето тука не се многу заинтересирани по жонглирањето.
Миа, разбудие се! Морам да ти кажам што видов!
Се случило нешто? -Имав визија.
Не, не беше визија. Беше многу реално.
Значи пак си имал визија.
Навистина ја видов.
Кого виде? -Дева Марија.
Стварно? -Беше толку блиску што можев да ја допрам.
Носеше златна круна и и сина наметка со златни цветови.
Беше босонога, а со нејзините кафени раце
го придржуваше Детето, и го учеше да оди.
Ме виде како ја гледам и ми се насмевна.
Очите ми се насолзија, а кога ги избришав, неа веќе ја немаше.
И насекаде завладеа голема тишина,
на небо и на земја. Разбираш ли?
Што се нема да замислиш.
Не ми веруваш, ама тоа беше реално.
Не таа реалност што е видлива. Туку од поинаков вид.
Како кога кажа дека ѓаволот ги обоил со црвено тркалата од колата,
а опашката му служела како четка. -Зошто секогаш го спомнуваш тоа?
После ти најдовме црвена боја под ноктите. -Можеби и го измислив тоа,
ама само за да ми верувате на другите визии, на вистинските.
Чувај си ги твоите визии.
Инаку луѓето ќе мислат дека си глупчо, а не си.
Барем не сеуште, колку што знам. Иако и во тоа не сум веќе сигурна.
Не барав да имам визии. Не сум јас крив што ми зборат гласови,
што Богородица ми се покажува, и што ангели и демони ме сакаат.
Колку пати ви кажав да ме оставите да се наспијам наутро!
Молев и преколнував, ама ништо не помага.
Затоа сега ви кажувам: Заќутете!
Микаел.
Сакам подобар живот за Микаел. -Ќе биде одличен акробат.
Или можеби жонглер кој ќе може да го изведе невозможниот трик.
Кој трик? -Да направи топката да лебди во воздух.
Тоа е невозможно. -За тебе и мене да. За него не.
Ти и твоите соништа.
Вчера напишав песна. Не можев да заспијам.
Сакаш да ја чуеш? -Да, запеј ја. Баш сум љубопитна.
На кревко гранче долета гулаб
Под летното небо
Пее толку мило Пее за Исус Христос
И насекаде владее голема радост
Миа, заспа? -Убава песничка.
Има уште.
Слушнав, ама да поспијам уште малку. После ќе ми ја допееш.
Само спиеш.
Вредна ли е маскава за еден актер.? Ве прашувам.
Ако свештениците не плаќаа олку добро, ќе ги одбиев. -Ќе ја играш Смртта?
Чесен народ ќе исплашиме со овие бесмислици.
А каде ќе настапуваме?
Свештенскиот фестивал во Елсинор. И тоа, на скалите од црквата.
Зошто не нешто понепристојно? Луѓето го преферираат тоа, и позабавно е.
Идиоте! Злобна чума пустоши по земјата.
Свештениците проповедаат за страшната смрт и моралните болки.
Кои улоги ќе ги играме? -Будала како ти може да ја игра човечката душа.
Тоа е лоша улога.
Кој одлучува тука? Кој ја води оваа група?
Будали слушајте, за сите важи овој закон:
Животот ви виси на конец,
и немате уште многу време.
Дали дамите ќе ме бендисаат во овој костим? Ве прашувам.
Јоф. -Што? -Седи мирно и не зборувај.
Ќутам како гроб. -Те сакам.
Што треба да преставува тоа? -Танцот на смртта.
И Смртта е таму? -Да, со танц ги води луѓето.
Зошто сликаш такви глупости? -За да ги потсетам луѓето дека ќе умрат.
Тоа нема да ги расположи.
А зошто мора секогаш да се расположени? Зошто да не се исплашат малку?
После нема да ги гледаат твоите цртежи. -Ќе ги гледаат.
Черепот е поинтересен од гола жена.
Ако ги ислашиш...
Ќе почнат да размислуваат. -А што повеќе размислуваат...
Повеќе се плашат... -И после трчаат кај свештениците.
Тоа не е до мене. -Ти само сликаш.
Сликам тоа што гледам. Луѓето нека прават што сакаат.
Некои ќе те колнат.
Тогаш ќе насликам нешто интересно. Мора да се живее од нешто.
Барем додека чумата не ги однесе.
Чумата? Звучи ужасно.
Треба да им ги видиш гнојните чирови на вратот,
како телото им се суши,
и како мавтаат со млитавите раце.
Гадно звучи. -Баш.
Пробуваат да си ги откорнат чировите.
Си ги гризат рацете, си прават отворени рани,
и вресокот им се слуша до небо. -Се уплаши?
Јас? Не. Не ме знаеш.
Што се оние глупости таму?
За чудо, кутриве бедници мислат
дека чумата е казна од Бога.
Толпи на “грешници“ лутаат по земјата и се камшикуваат меѓу себе
за да го задоволат Господ. -Се камшикуваат себе си?
Да. Ужасна глетка.
Човек подобро да се сокрие во дупка додека поминуваат.
Имаш ракија? Цел ден само вода имам пиено.
Жеден сум како камила. -Мислам дека сепак си исплашен.
Сакам колку што можам поискрено да се исповедам, но срцето ми е празно.
А таа празнина е како огледало свртено кон моето лице.
Се гледам себе си, и чувствувам презир и ужас.
Незаинтересираоста кон другите луѓе ме изолираше.
Живеам во свет на духови,
затвореник на сопствените соништа.
А сепак, не сакаш да умреш. -Сакам.
Тогаш што чекаш? -Сакам да знам.
Сакаш гаранција. -Како сакаш наречи го тоа.
Зошто е толку незамисливо да го спознаеш Бога преку сопствените сетила?
Зошто мора да се крие позади нејасни ветувања
и невидени чуда?
Како да им веруваме на верниците кога ни себе не си веруваме?
Што ќе стане со нас кои сакаме да веруваме но не можеме?
А што со оние кои или не сакаат или не можат да веруваат?
Зошто не можам да го убијам Бога во себе?
Зошто мора да живее во мене на овој болен и понижувачки начин,
додека се обидувам да го искорнам од моето срце?
Зошто опстанува да биде иронична реалност
која не можам да ја оттргнам? Ме слушаш? -Те слушам.
Сакам знаење. Не вера или претпоставки, туку знаење.
Сакам Бог да ја подаде својата рака,
да го покаже лицето, да зборува со мене. -Но Тој ќути.
Го повикувам од темнината,
но понекогаш се чини како да нема никој. -Можеби навистина нема никој.
Тогаш животот е бесмислен ужас.
Нема човек кој може да се помири со смртта знаејќи дека се е ништотија.
Повеќето луѓе не размислуваат за смртта и ништотијата.
Еден ден при крај на животот ќе се соочат со темнината.
Ах, тој ден.
Знам што сакаш да кажеш.
Од нашиот страв создаваме идол кој го нарекуваме Бог.
Вознемирен си. -Смртта ме посети утрово.
Играме шах.
А тоа ми дава време да се погрижам за едно исклучително прашање. -За што?
Целиот мој живот е едно залудно талкање и барање,
многу зборување без смисла. Се беше напразно.
Ова го велам без горчина или самопрекор,
знаејќи дека повеќето луѓе живеат на овој начин.
За ова преостанато време сакам да направам барем едно значајно дело.
Значи затоа играш шах со Смртта.
Вешт тактичар е,
но сеуште не сум изгубил ниту една фигура.
Како мислиш да ја надмудриш?
Со една комбинација на ловец и коњ
која сеуште ја нема приметено. Со следниот потег ќе ја нападнам странично.
Ќе го запаметам тоа.
Ме изигра. Ме измами.
Но повторно ќе се сретнеме, а јас ќе најдам начин да се извлечам.
Ќе се сретнеме кај крчмата и таму ќе продолжиме.
Ова е мојата рака. Можам да ја движам.
Низ неа тече крв.
Сонцето и понатаму е високо на небото,
а јас, Антониус Блок,
играм шах со Смртта.
Мојот господар и јас само што се вративме од странство.
Разбираш ли, пријателу сликар?
Од крстоносните војни? -Точно.
Десет години во Светата Земја не' касаа змии, не' бодеа инсекти,
не' распарчуваа ѕверови, не' напаѓаа безбожници,
не' труеше лошо вино, не' инфицираа жени, вошки, болести...
сето тоа за Славата Божја. -За Славата Божја.
Крстоносниов поход беше толку глупав,
што само вистински идеалист би можел да го смисли.
Тоа што го кажа за чумата е стварно ужасно. -И полошо е.
No comments yet. Be the first to leave one.