The first 200 lines.
ШЕСТО СЕТИЛО
Станува ладно.
Многу убава рамка.
Навистина убава.
Колку...
чини таква рамка? Што мислиш?
Никогаш не сум ти рекла, но звучиш како д-р Сеус кога си пијан.
Ана, сериозно прашувам.
Сериозно прашувам, Ана.
Неколку стотини долари.
Ќе прочитам што пишува. -Навистина звучам како д-р Сеус?
Признание за неговиот инзвореден успех
на полето на детската психологија, неговата посветеност на работата
и неговите напори за подобрување на животот...
Концентрирај се!
...и неговите напори за подобрување на животот
на голем број деца и нивните фамилии,
градот Филаделфија со гордост доделува на својот син,
д-р Малком Кров... Тоа си ти.
...награда за професионална работа.
Те нарекоа нивен син.
Да го закачиме во купатилото.
Оваа вечер е важна за нас.
Конечно некој ги препозна жртвувањата што ги направи.
Се стави на второ место, вклучувајки ме и мене.
Фамилиите за коишто говорат.
Исто така, велат дека мојот маж има посебна дарба.
Имаш дарба да ги учиш децата како да бидат храбри
во ситуации во кои многу постари луѓе би се исплашиле.
Мислам дека тоа што го напишаа е вистина.
Благодарам.
Би сакал малку вино.
Не во чаша, не во шише.
Малком...
Не мрдај. Тивко.
Ова е улица Локуст 47.
Скршивте прозор и влеговте во приватна куќа.
Не знаете многу работи.
Нема некакви игли и лекови во куќава.
Знаете ли зошто се плашите кога сте сами?
Јас знам.
Што сакате? -Тоа што ми го вети!
Го сакам тоа што ми го вети. -Господе.
Се знеме? -Не ме препознаваш?
Не се сеќаваш ни на своите пациенти?
Клиниката во градот.
Фамилијата со еден родител.
Можно пореметување на расположението.
Се плашев!
Рече дека тешко го поднесувам разводот на моите родители.
Не беше во право.
Погледни ме сега!
Не сакам да се плашам повеќе. -Дозволи ми да размислам.
10 години те чекав! Ништо нема да ти дозволам!
Бен Фридкин?
Некои луѓе ме викаа изрод.
Роналд Самнер?
Изрод сум. Погледни ме.
Винсент.
Винсент Греј.
Се сеќавам на тебе.
Тивок, многу паметен.
Друштвен.
Невообичаено друштвен.
Заборави ''проколнат''.
Ме изневери.
Ме изневери!
Винсент, жал ми е ако не ти помогнав.
Дозволи ми да пробам.
Дај ми шанса...
Немој да зборуваш.
СЛЕДНАТА ЕСЕН
ЈУЖНА ФИЛАДЕЛФИЈА
Винсент Греј: 10 години Кол Сиар: 9 години
Родители: разведени
Акутна болест: друштвено изолиран.
Можно е пореметување на расположението.
Во ред е, Кол.
Јас сум д-р Малком Кров.
Требаше да се сретнеме денес, но го испуштив состанокот.
Извини.
Порано, во Европа,
луѓето се кријеа во црквите. Бараа засолниште.
Од кого се кријеа?
Од лоши луѓе.
Луѓе кои сакаа да ги затворат, повредат.
Ги приметив твоите очила. Немаат стакла.
На татко ми се. Од стаклата ме болат очите.
Што им кажуваше на војниците кога дојдов?
Deprofundis clamo adte domine.
На латински е.
Сите твои војници знаат латински? -Не.
Само еден.
Дали сте добар доктор?
Бев некогаш.
Добив и награда. Од градоначалникот.
Во скапа рамка.
Ќе ве видам повторно, нели? -Ако тоа е во ред со тебе.
Јас сум.
ЛАТИНСКИ РЕЧНИК
Deprofundis clamo adte domine
Од длабочините те викам, Господе.
Еј, добро утро.
Кол!
Бисквитите ќе ти се растопат.
Дај да те видам.
Злато, имаш дамка.
Нешто бараше, срце?
Овошните тортици.
Тука се.
За што размислуваш, мамо?
За многу работи.
Мислиш нешто лошо за мене? -Погледни ме убаво.
Ништо лошо не помислив за тебе.
Во ред?
Во ред.
Тоа е Томи. -Намести ја машната.
Кол! Ги сакаш?
Еј изроду, како ти се допадна раката околу рамото?
Тоа јас го додадов. Спонтано.
Тоа го прават добрите глумци. Импровизираат.
Здраво, срце.
Како беше денес?
Можеш да ми кажеш што сакаш.
Знаеш што правев јас денеска?
Утрово добив на лотарија.
Дадов отказ.
Потоа ручав во паркот многу чоколадни пити,
и цело попладне пливав во фонтаната.
Што правеше ти?
Одбран сум за најдобар спортист во групата.
Бев најдобар во играта.
Сите ме подигнаа во воздух и ме носеа.
Во тој случај, ќе ти направам палачинки.
Имаш саат време.
Сакаш да седнеш?
Не ти се разговара денес?
Сакаш да играме една игра?
Игра со читање мисли.
Вака се игра.
Јас ти ги читам мислите.
Ако погодам, одиш еден чекор кон столчето.
Ако згрешам, одиш еден чекор кон вратата.
Ако дојдеш до столчето, ќе седнеш.
Ако дојдеш до вратата, можеш да си одиш.
Ќе играме?
Кога ти се разведоа родителите
мајка ти беше кај доктор како мене. Не и помогна.
Затоа мислиш дека и јас нема да ти помогнам.
Се грижиш дека му кажала многу работи.
Работи на кого на никој друг не можеше да му ги каже.
Тајни.
Ти имаш тајна која не сакаш да ми ја кажеш.
Татко ти ти го даде часовникот пред да си отиде.
Го заборавил во фиоката.
Не работи.
Тивок си на училиште.
Но добар ученик си, и никогаш не си бил во невоља.
Требаше нешто да нацртаме.
Што сакаме.
Јас нацртав човек.
Друг човек му заби нож во врат.
Тоа си го видел на телевизија?
Сите се исплашија.
Ја повикаа мајка ми на состанок. Мајка ми се расплака.
Веќе не цртам такви работи.
Што црташ сега?
Насмеани луѓе.
Кучиња кои трчаат.
Доги.
За догите никој не свикува состанок.
Така е.
На што мислам сега?
Не знам.
Мислам дека сте добар.
Но не можете да ми помогнете.
Мислев дека мислиш на другото место каде те побарав за жена.
Навистина ми е жал.
Заборавам на време.
Денеска не ми одеше добро со детето.
Толку се слични.
Исто однесување, изрази, исти проблеми ги мачат.
Можеби се работи за некаква злоупотреба.
Кол има изгребаници по раката. Можеби од ноктите.
Можеби во одбрана, не знам.
Можеби од учителот или комшијата.
Се сомневам дека е од мајка му. Видов каква е со него. Не се совпаѓа.
Или едноставно, не сум во право.
Можеби детето само сака да се качува по дрва.
Ана...
Знам дека не бев близок.
Знам дека тоа те разбеснува.
Но се осеќам како да имам втора шанса. Не сакам да ја загубам.
Ана.
Среќна годишнина.
Престани да ме гледаш.
Не сакам некој така да ме гледа.
Од тука одам во училиште со Томи Тамисим.
Тој ти е најдобар другар?
Ме мрази.
No comments yet. Be the first to leave one.