The first 192 lines.
Oх, тоа е Вал. Знаеш,
ова е нејзината прва посета во вилата,таа е мојата најдобра другарка
па затоа би сакала да биде импресионирана.
Колку внимателно.
Дозволи ми. Ти позирај.
Океј.
Јас сум импресионирана.
Мисијата е постигната.
Може ли да го земам Вашето палто?
Дали ќе добијам бројче?
Не, а и не мораш да му даваш бакшиш.
Oи, таа нема класа.
Ајде, Вал, мрдај го твојот задник.
Oи, ова место е како Таџ Махал.
Само со повеќе бањи.
Не мораш никогаш да чекаш.
Како тоа сеуште сум заглавена во Флашинг,
а ти веќе живееш како Џеки O (Оназис)?
Џеки О живее две врати подоле.
Џеки О е твоја сосетка?
Аха, и знаеш што,
таа е многу загрижена за Џон-Џон.
Слушна дека дал отказ во окружното правобранителство?
Вистина?
Да, и сега избегал во Калифорнија
со онаа плава риба.
Oх, Господе.
Oх, оди имај деца.
Душо, се е во тоа како ќе ги пораснеш.
Со моите, не можам да се пожалам.
Ти си им дадилка веќе две недели.
И направив чуда со нив.
Замолчи, Брајтон! Ти замолчи!
Ми задавате нервен слом.
Гледаш ?
Пред мене, тие никогаш не комуницираа меѓу себе.
Знаеш, ако некогаш пораснеш,
и ти ќе добиеш мозолчиња еден ден.
Oх, тоа е мозолче?
А, јас мислев дека е мала планета.
Остави ја твојата сестра на мира. Не можам.
Гравитационата сила ме вшмукува.
Правам се што можам, Капетане.
Не можам да се ослободам.
Ти си многу патетичен, Брајтон.
Двете те мразиме.
Добро, тогаш мојата работа тука е завршена.
Што ти е Брајтон?
Претпоставувам дека сум лош до коска.
Oх, душо,
ти немаш никаква идеја што значи да си лош.
Сега, момчиња со кои Вал и јас одевме на училиште,
тие беа лоши, нели? Oх, најлоши.
Oх, да, и сега сите тие се земени.
Се сеќаваш ли на Лени?
Се разбира. Лени Браун, најлошиот тип во целото проклето...
Oх, не, тоа беше Лирој...
Но, Лени беше лош. И цврст.
Детето имаше пушачка кашлица уште од четврто одделение.
Вистина ?
Можеше да издувува прстени од дим од ноздрите на
неговиот нос.
Се сеќаваш ли кога запали кибрит
од неговиот патент?
Душо, јас сеуште сонувам за таа работа.
Значи тој бил кул, а?
Oх, тој беше бог.
Џејмс Дин од Флашинг.
Се прашувам што воопшто се случи со него?
Слушам дека е голема фаца во компанијата за тутун „ Р.Џ.Рејнолдс “.
Требаше да го фатам веднаш по завршување на реформското училиште.
Ако овој третман за убавина и нега на лице не фунционира,
мислам дека ќе се убијам.
Меги, може ли да се опуштиш?
Тоа е само мало мозолче.
Да, но... Замолчи, Брајтон.
Се плашам од пубертетот.
Јас имам комбинирана кожа.
Еве зошто е корисно да ме имате мене за дадилка и каде можам да помогнам.
Вие деца знаете дека имам дипломирано
на институтот за убавина „Ултисима“,
и бев четири пати објавена на „ Листата на Дин“ ?
И сепак, таа е толку достапна.
Што е тоа?
Кора од портокал.
Знаеш, кога би отишла кај Елизабет Арден, ќе ти наплатат 200 долари за тоа и
ќе го наречат ароматерапија.
Верувај ми. Ти ќе бидеш прекрасна.
Веќе гледам подобрување.
Што е тоа ?
Некоја глупава работа во моето глупаво училиште.
Oх, карневал !
Oх, јас и Вал приредувавме вакви карневали
за децата на Џери.
Кој е Џери?
Џери Луис.
Тој порано беше хистеричен.
Сега е хистеричен во Франција.
Да, секако.
Божем ние би оделе на некој глупав карневал.
Зошто? Овде пишува, „Забава за целото семејство.“
Нели ние всушност прво би требало да бидеме семејство?
Тато е премногу зафатен.
Тој е премногу зафатен за да поминува време со нас.
Можеби тато гледа (има) други деца.
Ајде да не бидеме параноични.
Јас не сум параноична.
Кој кажа дека сум?
Помогни ми, Најлс. Ни требаат пијалоци и продолжи да носиш уште.
Колку што Ве разбирам господине, состаноците со композиторите не одат добро.
Зошто повеќе нема нови таленти во овој град?
Човекот кој што се наоѓа во мојата канцеларија е многу стар.
Тој не компонира, тој се распаѓа.
Имам нешто што ќе те расположи.
Оваа сабота има карневал во школото на Брајтон.
Oх, „храна, јавање ,игри.“
Звучи прекрасно.
Дефинитивно, земете ги децата и
имајте прекрасен провод.
Па, некако мислев дека ќе оди целото семејство.
Тоа би го вклучило и таткото.
Oх, се извинувам.
Цел викенд имам состаноци со композитори.
Oх, па тогаш тоа е разбирливо.
Зошто тогаш претчувствувам дека следи "но" ?
Нема „но“,
сепак, овој карневал би било добар начин
да поминете некое време заедно со Вашите деца,
а времето е толку минливо на оваа нивна возраст.
Додека ја ценам Вашата умешност и суптилност да ми наметнете
чувство на вина,
за осум недели отворам мјузикл.
Па што? Немам музика.
Oх.
Во спротивно би сакал да дојдам. "Би сакал да дојдам."
Брајтон, не се прави толку паметен,
Грејси, душо, земи помали парчиња
и Меги,обиди се да бидеш повеќе отворена личност.
Добро, продолжете си.
Па, тој го има мојот глас за татко на годината.
Сега, сега,
тој ќе дојдеше ако можеше да дојде, но, не може.
Мислам, човекот мора да заработува за живеење, нели?
Па, инаку како ќе можеме да си го дозволиме овој начин на живеење
на кој јас се навикнав?
Па што ако на институтот не ги совладав предметите за влакна на лицето и масажа на лицето.
Ќе го обоиме мозолчето и ќе го наречеме бемка.
Ете. Изгледаш исто како Синди Крафорд.
Изгледам како Џон-Бој Валтон.
Америка го сакаше.
Еј, Мег.
Уау, изгледаш многу убаво.
И?
И ништо. Изгледаш многу добро.
Молчи, Брајтон.
Зошто си толку добар со сестра ти ?
Кого уби?
Зошто сите го претпоставуваат најлошото од мене?
Заштедува време.
Знаеш, ние денес во школо правевме
анализа на ракопис.
Открив дека сум многу ранлив.
Oх, нели е тоа фантастично?
Господе, претпоставувам дека би сакал да го анализираш
мојот ракопис?
Па, може.
Мислам дека имам некаде парче
од стара неважна хартија.
Ајде да видиме.
Aх!
Напиши го твоето име тука?
Океј.
Губитник!
Што се случи?
Душо, далеку сум пред тебе, ние сме во различни временски зони.
Oх, забелешка од директорот.
Се шегуваш?
Брајтон Милхаус Шефилд!
Те фатиле како пушиш?
Ја држев цигарата за пријателот.
Oх, ти се молам, Брајтон.
Пушење?
Тоа е одвратно.
На идиотите кои ја започнале таа одвратна навика им се потребни
многу години за да престанат да пушат.
Јас сеуште не сум ја исфрлила целата тежина.
Каде одиш?
Каде мислиш дека одам? Да му кажам на татко ти.
Го слушна него. Човекот е зафатен.
Не е премногу зафатен за да го слушне ова.
Но, тој ќе ме испрати во воено училиште.
Дали нашата држава вистински може да си го дозволи тоа?
No comments yet. Be the first to leave one.