The first 200 lines.
ВИСТИНСКИ ДЕТЕКТИВ Сезона2 Епизода6
Сакаш млеко? Шеќер? -Црно.
Ми чукаш на врата за да зјапаш? -Пред многу години,
ми даде име на човек на ливче хартија. -Ти дадов.
Затоа што знаеше што ќе направам. -Знаев ја што би направил.
Тебе не те знаев. -Што ти беше на тебе, тој човек?
На мене? Никој. Некој глуп Мексиканец.
Добив информација, и ја споделив.
Затоа што не би било лошо да уцениш полицаец. -Нема зијан од тоа.
Ама имам чувство за праведност. Знаеш.
Затоа ова толку ме изненади.
Тоа име на ливчето хартија, кој и да бил...
не бил човекот кој ја повреди жена ми.
Како? -Го фатиле типот, минатиот месец.
ДНК. -Не знаев.
Мислев дека информацијата е веродостојна.
Значи нема ништо ново. Никогаш не си имал целосна контрола.
И сега ќе се тепаме, Рејмонд? -Ќе бев поинаков.
Од сите лаги што луѓето си ги кажуваат, сигурен сум дека таа е најчестата.
Можев да бидам поинаков. Ти ме заеба.
Си ја продадов душата за ништо.
Ако си продавал, јас не сум купувал. -Си сакал контрола врз полицаец,
па ја искористи трагедијата на жена ми, за да ме натераш да убијам некого.
Ништо не сум те натерал. Ти дадов име,
а ти сам си одлучил. И таа одлука постоела во тебе уште пред жена ти
или било која друга работа. Отсекогаш била таму... чекала.
И зар не го искористи тој човек за да станеш тоа што отсекогаш си го посакувал?
Работава, со жена ти... Тоа се само изговори.
Пред тоа мислиш си бил Супермен?
Ако сакаш, мисли си така.
Мислиш јас не би?
Ако тоа те држи подалеку од рајот, јас не сакам да одам таму.
Кој ти го даде името?
Човек кој некој од моите луѓе го знаеше, како што се сеќавам.
Ми ја кажа твојата приказна. И кој бил силувачот.
Тогаш првпат слушнав за него. И за тебе.
Знам дека бил ѓубре.
Ништо не го прашав.
Тој човек, јас само...
Сакаш излез? Слободен си да заминеш.
Веќе подолго време не си во форма.
Не сакам двобој во мојата ебена кујна, Рејмонд.
И не сакам да умреш.
Од мене, или од некој од моите.
Јас не те наместив. И не сум твојот алат за самоубиство.
Државната земја почнува од шумата.
Главно внимаваме на пожари и одгледувачи на марихуана.
Некои од колибиве се од 30-тите.
Делува како да е од пред неколку недели. Може и повеќе. Целосно е контаминирано.
Ќе направиме анализи но можно е ништо друго да не најдеме.
А сега дознавте нешто? -Крвта е женска. Траги од гонореја.
Сакам темелно чешлање на теренот и кучиња за лешеви.
Исусе. Зар немаш доволно работа? Остави го ова на Шерифот од Сонома.
Блејк подведува девојки без да знаеш, надвор од клубовите.
Тоа не е некое изненадување. Амбицијата го поеба.
Поголемо е од што мислиш. Има посебно местенце со синот на Чесани.
Девојки од Истокот. Ги средуваат во клиниката на Питлор, да бидат топ роба.
Ќе ми каже за тоа. Не се секирај. -Знаеш за забавиве што се прават?
Богати луѓе. Политичари, бизнисмени.
Каспер одел таму. Се склучувале договори.
Сакам да ми го дадеш човекот што ти кажал за силувачот.
Дај ми време. Ќе го побарам. -Сигурен си дека имаш време?
Не крварам, само сум зашеметен. Знаеш и ти.
Да се вратам во коридорот и после се' ќе биде легално.
Ова од минатото што те возбуди, може да помине.
И Државата истражува. За возачката дозвола.
Сакаат да ја најдам девојката што ги заложи срањата кои не одведоа до престрелката.
Ирина Рулфо.
И ние ја бараме.
Сега ќе ја кренам и другата рака. Немој да ти текне да пукаш, Рејмонд.
Помогни ми да го најдам хард дискот,
и ќе ти го дадам човекот што ти згрешил. -Кој го бара хард дискот?
Тип од една корпорација.
Многу чувствителни снимки може да има таму.
Каде одиш сега? -Да видам нешто околу убивање човек.
Ако уште еднаш ми седнеш со вперен пиштол...
моли се да не те видам.
Би сакал да го избегнам тоа, Френк. -Добро.
Ти си можеби еден од последните пријатели кои ги имам.
Зарем не би било тоа заебано?
Ова е поврзано. Винчи, Каспер, забавите за кои зборувавме.
Исчезнатата девојка, Вера, последен пат ѕвонела од викендичка што е во близина.
И Каспер бил таму според ЏПС-от. Сега и местово каде што жена била искасапена.
Мене ме интересираат нелегални договори. -Може на забавите се склучувале договорите.
Ова е важно. Некој умрел тука. -Секоја секунда некој умира
и немаат сите среќа да умрат во Калифорнија. -Дами, бев информиран.
Мислам дека ние ќе превземеме сега.
Ова е поврзано со државен случај на исчезната личност.
И со задоволство ќе ги споделиме нашите наоди.
Знаете дали тука се органзираат некои забави? Во една викендичка, близу тука?
Не би знаел. Тоа е приватен имот, не е државен.
Од пред неколку години е продадена. -Нема звуци во шумата? Галама?
Ова е мое место на злочинот. -Па зафатете се со работа, Шерифе.
Работи на девоките и забавите. Ти работи на дијамантите.
Дознај од каде дошле. Можеби ќе дознаеме кој ги зел.
Велкоро? -Работи на Рулфо девојката.
Што?
Мислев дека те убив.
Пред 11 години. Отприлика.
Можеби пак ќе те убијам. -Така ли?
А кого всушност си убил? -Имаше една жена,
29 години. Септември 2004-та.
Адвокат. Темна кафена коса.
Подземен паркинг во центар на градот.
Да, се сеќаваш. -Велат дека сум направил многу работи.
Имам проблем со мозокот.
Заборавам работи.
Се чувствувам како да ми треба адвокат. Како те пуштиле да ме видиш?
Она ми беше жена.
Порано бев полицаец.
Немаш претстава колку ме чинеше.
За што и да е ова, нема да зборувам. -Слушна за што е!
Сакав да те погледнам во очи.
Ти си бил. А не ни изгледаш на него.
Кој? Исти очи имаме, ако ме прашуваш мене.
Има да те изгорат. -Тоа ќе видиме.
Подобро надевај се на тоа. Гледај ме во очи, шупаку.
Не се заебавам. Ако не ти дадат доживотна,
секој сантиметар од месото ќе ти го остранам со ренде, почнувајќи од курот.
Ќе ти ги исечам носот и усните. И јајцата исто.
И ќе се погрижам да преживееш. Па и доживотна да ти дадат,
може пак ќе ти го направам тоа. Како што кажав.
Еј. Кој си ти? Си ме помешал.
Не те ни знам. -Ме знаеш.
Само не си бил свесен.
Кога спомна сини дијаманти, ми текна. 92-ра, немирите.
Лоши времиња за осигурителниот бизнис. Може да се истите камења.
Два и пол милиони вредат сините дијаманти, Перузи форма. Мислам дека се истите.
Јувелирница “Сејбл Фајн“ во Холивуд. Имало грабеж на 30-ти Април, 1992.
Мора да разбереш каква беше тогаш ситуацијата. Пожари насекаде.
Снајпери пукаат накај полицијата. Тенкови на улиците.
"Еби ја полицијата" од сите страни...
Многу од нашите едноставно си заминаа.
Грабежот во “Сејбл Фајн“ јувелирницата, сини дијаманти во вредност од 2,5 милиони.
Да, со мене разговараше на телефон.
Двојно убиство, сопствениците беа во брак. Жената беше бремена.
Маргарет Остерман. Се сеќавам на името.
Во извештајот не пишува за никакви осомничени. Ништо.
Местото беше опљачкано набрзо после вистинскиот грабеж,
па не се водеше како место на злочин.
А тоа не беа пљачкаши од толпата.
Безбедносната лента ја немаше. Брачниот пар беше погубен.
Знаеле што прават. Во тактичка смисла.
А и тие кутри деца.
Леонард и Лаура.
Они биле сведоци?
Боже.
Мораше да ми го покажеш ова?
Се криеле во еден од плакарите за излог.
Морале долго време да седат таму.
Се криеле додека нивните родители лежеле така...
Имав 4 пати повеќе работа од обично, заради немирите.
Ако за нешто не беше сигурен, продолжуваше со друг случај.
Децата не дадоа некои информации?
Едвај зборуваа. Девојчето имаше околу 4 години.
Момчето беше постаро. Носеле маски.
Тоа е отприлика.
Завршија во системот за посвојување.
Ти имаш деца?
Првото е на пат.
Господе. Полудев заради тие деца.
Го преживеаа тоа, па завршија во сиропиталиште.
Плус и градот изгоре до темел.
Биди кај клубот “Кали“ во Вентура следната сабота во 18:00 часот.
Кажи дека сум јас. Дека го бараш Богдан.
И треба да се дотераш како да вредиш 2,000$ по ноќ.
Некој треба да ти помогне за тоа.
Автобусот ќе те однесе до забавата, така слушнав.
И нема да ти дозволат да внесеш ниту чанта ниту телефон.
Се' што имаш ќе мора да им го дадеш.
Добро.
Ќе бидеш околу многу мажи кои очекуваат лесен секс.
Што ќе направиш околу тоа? -Ќе се снајдам.
Ако тоа со веб-камерите беше лошо, ова е ептен полошо.
Тина, јас сум полиција. Знам да се грижам за себе.
Нема да ти дозволат да земеш нож.
Ќе те претресат и ќе те соблечат.
Така слушнав.
Тоа е се' што треба да знам? -Тоа го направив за тебе.
Мотив ми беше жена која се дави на суво. -Не се разбирам многу во уметност.
Не ми е јасно зошто толку се трудиш да бидеш сама.
Не треба голем напор за тоа. -10 минути сум тука,
а ти се играш со ножот само за да ме оттргнеш. -Вежбав кога чукна.
Добро. Нешто друго околу забавата?
Само... што и да планираш,
штом влезеш во автобусот, или ќе се ебеш, или бегај.
Тешко е, нема да лажам. Ја исполнуваше куќата.
Ве сакаше и' двајцата колку што човек може да сака.
Се' што сакаше беше за семејството.
Знам дека е глупаво.
Ова не е утеха. Ова беше негово, Џојс.
Оној Блејк не е тука, така? -Сега?
Не. Го знаеш Блејк?
Дојде тука веднаш после погребот. Прашуваше како сум.
Сочувство и сите тие срања.
А откога заврши со срањата?
Праша дали Стен ми кажал нешто, што може да му помогне да го најде убиецот.
И ти рекол нешто Стен? -Не.
Мислам, не го правеше она што Блејк го прави за тебе, така?
Тоа се само вештини. Го сакав Стен.
No comments yet. Be the first to leave one.