The first 200 lines.
Пораснав возејќи скејтборд.
Да, и уште скејтам. Ама чудно е бидејќи имам триесет и кусур години.
Чудно е кога ќе минам часови на некое место за скејтање под мост,
а кога ќе погледнам наоколу,
сфаќам дека се дружам со група
деца од по 14 години.
ТИМ РОБИНСОН ВИ ГО ПРЕТСТАВУВА
Само јас и куп момчиња... И тоа, обично голи до појас.
Спремен?
Постојано се снимаат еден со друг како изведуваат финти при спуштање.
Некогаш ме тераат јас да ги снимам како прават финти.
И искрено, во телефонов секоја втора слика ми е од 14-годишни момчиња.
Сечкам брокула, сечкам броку...
Има нешто интересно кај скејтерчињава секогаш кога ќе се повредат,
а тоа е непризнавањето.
Може фацата да им е цела крвава,
па другар ќе им пријде и ќе рече:
"Aу, друже, што направи бе? Арно ли си?"
А овој ќе му врати: "Топ сум бе, само одеднаш решив да влезам однатре."
Добро бе, друже. Слободно кажи си дека си се искршил.
Еј, еј.
Имав среќа како мал, знаете? Не бев којзнае колку добар во скејтање.
Едно време, бевме тенки со пари.
Па, секој пат кога одев да скејтам, мајка ми ми велеше:
"Жити сè, немој да се искршиш денеска. Немаме осигурување."
Ама тоа баш ми одговараше,
зашто другарите ќе ми речеа: "Денеска мораш да се спуштиш
од највисоката рампа во скејт паркот."
А јас им враќав: "Едвај чекам, брат, ама за беља, немам осигурување."
Баш кул, баш кул.
Ајде да почнеме.
Вечерва, под рефлекторите, ќе пробам
Престар сум за фрустрации И за овој глупав мал сјај во очите
Ох, каков очај
За прифаќање маскирано Во желба да ги забавувам луѓето
Се чувствувам лудо Се чувствувам ептен бедно
А кога работата ќе згусне Го губам сиот свој интегритет
Вечерва
Под овие рефлектори
И со овој глупав мал сјај во очиве
Да, ќе пробам
За вас, ќе пробам
Ќе дадам сè од себе
Ќе дадам сè од себе
Ќе дадам сè од себе
За вас, ќе дадам сè од себе
Секогаш
Обидот останува чист криминал Мисли ми се мотаат низ глава
Ако настане тишина Изведи имитација на Сер Мајкл Кејн
Луѓето, господине Вејн, само сакаат да гледаат како гори светот
Само сакаат да гледаат како гори светот
Бившата ми рече Дека сум покул кога сум болен
Се осеќам ептен заболено Нема друго, сакам да вриштам
Сакам да вриштам!
Не може да го игнорираме предупредувањето Не може да се игнорира предупредувањето
Кога џвакам мастики Ставам цело пакетче во уста одеднаш
Оти инаку не им го чувствувам вкусот А кога си играм со деца
Честопати премногу се соживувам со тоа
И ги вадам од памет
Бидејќи се трудам
Давам сè од себе
Секогаш давам сè од себе
Кога бев млад
Зборував како Том Грин цела една година
Додека и мајка ми и татко ми беа на одвикнување
Претпоставувам, давав сè од себе
Никогаш реално не се соочуваш Со вистинските нешта
Бившата ми рече дека Покул сум кога сум болен
ВИТМЕР ТОМАС: ВЕЧНА ЕКИПА ДРУГАРИ
Аплауз за мојот бенд, луѓе!
Заедно пораснавме во Алабама.
Се знаеме речиси цел живот.
Ене го мојот најдобар другар Џереми.
Она е мојот најдобар другар Клеј.
А ова е мојот најдобар другар Бад.
Всушност, Бад не порасна во Алабама. Не растевме со него.
Тој е од Калифорнија. Од крајбрежната елита е.
Го познавам човеков само 18 години. Буквално е туѓинец
и врска немам што бара на сценава вечерва.
Јас те сметам за еден од моите најблиски пријатели.
Боли. -Гони се.
Те мразам. -Добро.
И сите заедно, аплауз за него! Мојот постар брат Џони.
Огромен е. Огромен е. Видете го. Огромен е.
Човече, ептен, ептен сакам да сум кул.
Правам сè што е во моја моќ да бидам кул.
Се обидувам да купам добра облека и да слушам добра музика.
Би било ептен кул да бидам најкул тип на свет.
Ама најкул тип што постои е ЛОЛ човек.
Не знам дали го знаете тој тип човек.
ЛОЛ тип е човек на кој
му праќаш порака за најсмешното нешто што си го видел во животот.
А потоа, шест недели подоцна...
Тој одговара: "ЛОЛ."
Што е приближно исто како да пишал: "Гајле ми е дали си жив или мртов."
Тоа е кул тип!
Баш таков сакам да бидам, ама ич не сум таков, човече.
Ако ми пратите нешто ептен смешно,
нема да пишам "ЛОЛ", туку веќе ќе ви бидам
пред врата и ќе ме чуете како правам вака...
Зашто некои луѓе само сакаат да гледаат како светот гори.
Ова е втор пат како го имитирам
Мајкл Кејн вечерва.
Не знам. Гајле ми е дали е излитено. Ептен ми е смешно кога го правам тоа.
Мислам дека е смешно зашто,
знаете, тоа е цитат од "Мрачниот витез",
и тоа е еден од најдобрите филмови некогаш снимени,
режиран од Кристофер Нолан,
кој е еден од најмоќните режисери што постојат,
а кој немал храброст да му каже на Мајкл Кејн:
"Еј, Мајкл Кејн, се прашував дали би можел да ја преснимиш таа реплика,
зашто сакаме да ја ставиме во трејлерот,
а никој жив не разбира што кажуваш."
И тогаш, сè што Мајкл Кејн успеа да изусти беше...
Во ред, претпоставувам дека ќе се помирам со тоа.
Мислам дека е прилично јасно дека сум баш добар за имитации.
Во суштина, можам да имитирам буквално секого.
Доволно е да ми го кажете името и со што се занимавате во животот,
и ќе ве изимитирам без грешка.
Би сакал тоа да биде вечерва, ако може.
Може ли да те имитирам тебе? Добро.
Треба само да ми го кажеш името и што работиш.
Ќе изведам совршена имитација.
Јас сум Ијан и писател сум.
Се викам Ијан и писател сум.
Извини, Ијан, звучиш досадно.
Мислам дека веќе ви е јасно дека ме израснаа зависници.
Ама добро, во ред е, нема врска. За жал, мајка ми почина од алкохолизам.
Ама, знаете, решив првото дете што ќе го имам, да го крстам по неа.
Да, решив првото дете да ми се вика Ал-Анон.
Може ли малку да поразговараме? -Да.
Тоа не беше добро, нели? -Да.
Можеме подобро? -Да. Ќе изведам нешто подобро.
Ајде тогаш. -Важи.
Добро, отсега натаму, ќе се потрудам да бидам подобар.
Одиш во една или во друга крајност кога те воспитува зависник.
Или излегуваш некој фраер,
жива мистерија, или излегуваш пискав мал глупак.
Вие кажете ми каков сум излегол јас.
Вака изгледа кога имитирам
некој фанатичен фолк музичар, на кој хармониката
му е малку предалеку од устата.
Не морам ни да го изведувам тоа. Веќе објаснив прилично добро.
Во мојата глава, јас сум ептен фраер Со фаца на мангуп и поглед што соборува
Би победил во секоја трка да ми чуеше Ама ич не ми се замара
Не ми е досадно кога сум сам, си живеам Во мојот минималистички постмодерен стан
Познати фаци ме пуштаат преку ред
Јас сум, јас сум, јас сум ептен фраер Ајде сега!
Го гледам Бафало 66
Се носам ко Ривер Феникс
Керуак и Вим Вендерс Тајмс Сквер и Дејвид Брн
И дали мртвите стварно умираат Ако уште те вадат од такт?
Докторирав на тема како да се изгубам
И не ми е страв од малку мрак Како "Паника во Нидл парк"
Ама јас сум си сјајна мала ѕвезда Кога сум си во својата соба
Како бебе пеперутка во кожурец
И ич не ми чуе, ама пак ќе ве прашам
Да, да, правам како нив!
Ексцентричен сум или само обичен кретен?
Цепаме пива и тресеме зелени Во непознатото синило
Мора да си будала за да прелажеш будала
Која мисли дека те лаже тебе
Во мојот ум, сакаш да ти се вратам
Зашто јас сум единствениот Кој може да те насмее
Ќе ти ја мразам уметноста Додека не ми дадеш комплимент
Јас сум, јас сум прилично кул дечко Така е, еј
Преземи, Клеј!
Во последно време сфаќам Се издавам кога сум во депресија
Нема ништо во минатото Што би сакал да го вратам назад
Не ми го скрши срцето, бејби Воопшто не ми фалиш
Жива вистина е, вистина е Вистина е, вистина е
Отсекогаш сум сакал да бидам некоја фаца.
Како мал, пеев во еден божиќен хор
и секогаш стоев на крајот од скалите,
па кога ќе стигневме до крајот на настапот и ќе запеевме: "Спиј во небесен мир",
ќе скокнев од крајот на скалите и ќе запеев: "И за многу години!"
Учителката ќе викнеше: "Што правиш?"
и јас и’ враќав: "Сакам јас да сум главен."
Оти ептен им завидував на децата што стварно беа главни.
Се сеќавам кога прв пат мајка ми
ми покажа видео спот од бендот Хенсон.
Се сеќавам како седев таму и викав: "Сакам децава да се мртви, мамо.
Сакам да бидат проклето мртви, мамо.
Скроз да ги нема, мртви да се. Сакам да умрат во маки, мамо."
А реално, само им љубоморев.
Оти изгледаа ептен кул и пееја топ
како оние од "Калифорнија рејзинс"...
И сакав да бидам ко нив. Сфаќате? Сакав да бидам таков лик.
Инаку, Џони има син, Ронин се вика. Ептен добар татко е.
Мало е детето уште, во основно училиште оди.
И онака, кул детенце е,
ама некогаш се плашам да не е ко мене,
каков што бев јас како мал, знаете?
Секој пат кога ќе си отидам во Алабама и кога ќе го погледнам,
го гледам онака како што Форест Гамп
си го гледа синот на крајот од филмот.
Знаете, сцената кога прашува...
"Ко мене ли е?"
А Џени му вика: "Не бе, скроз е нормален."
Чуден момент во филмот, ептен чуден пресврт.
No comments yet. Be the first to leave one.