The first 200 lines.
Сакам да го видам тој прекрасен град
Да, сакам да го видам тој прекрасен град
Да
сакам да го видам тој прекрасен град
Сакам да го видам тој прекрасен град Наскоро
Наскоро и јас
Сакам да седнам на гостољубивата маса
Да, сакам да седнам На гостољубивата маса
Да, сакам да седнам На гостољубивата маса
Сакам да седнам на гостољубивата маса
Да го видам тој убав град
Наскоро
Наскоро, и јас
Сакам да пеам и никогаш да не се изморам
Сакам да пеам И никогаш да не се изморам
Да, сакам да пеам без да се изморам
Сакам да пеам без да се изморам
Да седнам на гостољубивата маса
СИТЕ СЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ
Да го видам убавиот град Наскоро
Наскоро
Луѓето отсекогаш мигрирале.
Секогаш го барале тој недостижен дом на хоризонтот.
Како знаеме дека сме добредојдени?
Како знаеме дека сме дома?
Каде е домот?
Домот ни покажува кои сме.
Домот ни покажува што сакаме.
Ни кажува кого сакаме.
Што јадеме.
Што велиме.
На кој јазик.
Домот е како го осеќаме сонцето на нашата кожа.
Тоа е како треба месечината да биде накривена на небото.
Како кружат ѕвездите горе.
Никој не сака да ја напушти почвата во која е вкоренет.
Мирисите, звуците.
Насмевките, блискоста со опкружувањето.
Удобноста на се што знаеме.
На се со што сме се родиле и од што сме направени.
Но, понекогаш.
Немаме избор.
И мораме да заминеме.
Ова е тешкото.
Сите сме заминале од дома.
Сите сме мигрирале без да знаеме.
Сите сме се преселиле на друга планета.
На планета со сменета клима.
Планета која е доста различна од онаа на која некогаш живееле луѓе.
И сите ние се селиме таму сега.
Сакале или не.
А, тоа значи дека се ќе се смени.
И можеби никогаш нема да отидеме дома.
Се што е останато од стабилноста на овој свет
е пред исчезнување.
Климата се менува до степен што секакво справување е невозможно.
Еден од тројца луѓе на планетава
се предвидува дека ќе го загуби домот поради климатските промени.
Милијарди луѓе ќе ги загубат домовите.
На чекор сме од најголемата масовна миграција во историјата на човештвото.
Владите знаат за ова,
но тие не градат пунктови за помош и имиграциони центри.
Тие градат ѕидови и притворски центри.
Како што се влошуваат работите и луѓето се селат се повеќе и повеќе,
повиците за ѕид стануваат се погласни и погласни.
Ова место. Бог да ја благослови Америка.
Се надевам, ќе го изгради ѕидот. Дека ќе добие пари.
Потребен ни е. Ни треба ѕид тука.
Ова не е играчка. Ова е Америка.
Кога демонстрираат 15.000 луѓе,
како ќе ги запрете?
Застрелајте ги. -Не можете. Не постои...
Владите ширум планетата вложуваат во погранична безбедност
и притворање.
А, ѕидовите значат расизам.
Милитаризација.
Национализам.
Фашизам.
Ова место е наше. Тоа е наше.
ДА СИ ЈА ВРАТИМЕ АМЕРИКА
И кога ќе мора сите ние да се преселиме, каде ќе одиме?
Како ќе биде кога ќе стигнеме таму?
Ќе бидеме ли добредојдени?
Ќе ги дочекаме со добредојде оние што ќе ни дојдат на врата?
Ѕидот ја означува сета таа омраза.
Но, што е спротивното од ѕид?
Ве покануваме на нашата маса на Насипот.
Нема чаршаф на масата,
но секој конец од нашите приказни ткае таписерија.
Луѓето на оваа маса поминале многу реки да стигнат тука.
Луѓе од секој континент, кои биле раселени поради климатските промени.
Заминуваат оттука за прв пат
да прашаат
каде е домот сега.
Седнете со нас и чујте ги нашите приказни.
околу нив.
Здраво, јас сум Али.
Мојот живот беше прекрасен и благословен.
Нашиот дом беше толку посебно место.
Во пожарот, кога настана блокадата, сите бевме заглавени.
Заедно со пожарникарите.
И имаше една песна.
Мислам дека беше од Би Џиз, свиреше на радио.
Експлодираше резервоар со плин.
Одеше вака, "Да се остане жив, да се остане жив."
И тогаш пожарникарите ни кажаа
да ги оставиме возилата и да се стрчаме до најблискиот паркинг
бидејќи пожарот се доближувал.
Да се остане жив, да се остане жив
ПАРАДАЈС, КАЛИФОРНИЈА
Тука беше.
Ова беше мојот професионален звучник Џеј-Би-Ел Пи-Ар-Екс дуал 15.
Јас работам звучно засилување.
Диџејство, и слично.
Не добивме официјално предупредување.
Значи, немаше предупредување? -Немаше.
Немаше никакво јавно предупредување.
Само се слушнаа експлозии.
Само постојано експлозии.
Се слушна како почнуваат експлозиите на резервоарот.
Тогаш знаев дека пожарот е на километар и пол од нас.
Така.
Ќе се јавам.
Онаму се гледаме пожарот.
Беше портокалов.
Колкав рекоа дека е, 800 фудбалски терени?
80 терени во минута.
Беше голем. И брз.
ПАРАДАЈС КАЛИФОРНИЈА
Тука беа нашите спални соби.
Таа е родена баш тука.
Домот беше првата работа што ја знаеше.
Погледнав наоколу прашувајќи се што да земам.
Мхм.
А, бебето, знаете,
плачеше зашто беше гладно.
А, истовремено морав да спакувам се за сите нас.
Патот на кој бевме заробени е баш низ оние дрвја таму.
Излеговме на патот и моментално заглавивме во блокираниот сообраќај.
Мислам дека не поминавме ни три километри од нашата куќа.
Седев во колата.
Си мислев, нема да отидам вака.
Нема да отидам вака.
Донесов бебе на светов.
Нема да отидеме вака. Имам толку деца со мене.
Нема да отидеме вака.
Али, Џејсон и нивното семејство беа меѓу среќниците.
Умре 85 луѓе
и цел Парадајс изгоре.
На нашата планета со сменета клима пожешко е и посуво од кога и да е.
Обичен шумски пожар сега е климатски пекол.
Мал поглед кон апокалипсата.
Изгорени и претворени во течност шишиња за бебиња.
Гуми. -Пластични табли од коли.
Медијапански плочи, микробранови.
ЛЦД телевизори.
Сателитски чинии. -Патики.
Пластични кутии за бејби рукола.
Фото-апарат, облека.
Единственото нешто што не изгоре беа паркиралиштата.
Можете да ја вратите количката на означеното место,
но супермаркетот го нема веќе.
На крај, еден полицаец им кажа на сите да излезат од возилата
и дека мора да продолжиме пеш.
И, сите што беа на патот почнаа да трчаат.
Ни кажаа да одиме на едно паркиралиште.
ЦеЛеов паркинг беше полн со евакуирани луѓе.
Прво беше многу страшно.
Огнот беше насекаде околу нас и немавме каде.
Врнеше жар.
Подоцна рекоа: "Во ред, расчистивме една патека.
Ако се уште имате кола, возете.
Само возете, не застранувајте
зашто ќе ги доведете другите во опасност. Само возете."
Се изнадишавте чад?
Да, тие немаа маски.
Моите синови имаа парче ткаенина
која ја користеа двајцата, а кога ги миев подоцна,
беа многу валкани.
Буквално црни.
Имаше кампери насекаде,
во дворовите на куќите, се гледаше
дека се поставени да се живее во нив.
Бројот што го чув
за раселени луѓе е околу 22.000.
Ова се современи бегалци.
Климатски бегалци
кои живеат на само 50 километри надолу по патот, во Чико.
Дали е ова иднината?
Американскиот сон се урива насекаде околу нас.
Од море до блескаво море не постои безбедност.
Каде ќе бидеме безбедни?
Не постои географски одговор.
Од брег до брег,
пожари, поплави, екстремно време од секаков вид.
Самиот материјал на американската стабилност се искина,
се расплетува.
Американските градови се уништуваат побргу отколку што се обновуваат.
Срце
што е исполнето како депонија
No comments yet. Be the first to leave one.