The first 200 lines.
Долго размислував како да го објаснам Зоран Предин.
Зоран Предин не е Словенец од нашите стереотипи.
Знаеме дека Марибор бил повоен индустриски центар.
Голем број Босанци дошле да работат во Марибор.
Тој 16 јуни 1958 год.,
една несреќна Емина родила момче,
истовремено и Словенка родила момче.
Во повоената мариборска гужва, дошло до замена на тие бебиња.
Ни тоа не е лоша теорија.
Јас мислам дека Зоран Предин не е сосема едноставна фигура, ни појава.
Вистинскиот Зоран Предин живеел во Живинице кај Тузла.
Шета кутриот низ градот со скии за скокање на "Елан",
додека вистинскиот Нусрет, всушност, е Зоран Предин,
Босанец, балканец, Прасловен,
кој живее под лажниот идентитет на несреќниот Зоран Предин
и функционира како целосна системска грешка.
Јас мислам дека не го замениле. Зока е Зока, тоа е тој.
Батали го Дежуловиќ и неговите приказни. Јас ништо не му верувам.
Спротивно на Дежуловиќ,
не мислам дека тоа се случило во породилиштето.
Се чини дека се случило подоцна.
ПРАСЛОВЕН
Еве.
Тука е роден Зоран Предин.
Па, всушност, не тука, туку во болницата онаму.
Ама тука пораснал и ги направил првите чекори.
На 16 јуни 2058 година Зоран Предин ќе наполни 100 години.
100 години?
Да.
Добро. Ајде да продолжиме!
Неговите родители, домаќинката Ружа и фармацевтот Штефан,
му подариле сестра и брат,
со кои го поминал детството на Похорје,
кај тетка Мици во Старше во Дравско поле
и со роднините на неговата мајка во Војводина во Таванкут.
Таванкут...
Би било лесно да се каже во една реченица што не е Зоран Предин.
Но, бидејќи е една од најинтересните појави на југословенската рок-музика,
тогаш, одговорот на вашето прашање бара одредено време.
Прво, тој е антиѕвезда.
Потоа, тој е татко,
дедо, сопруг, бунтовник со и без причина.
Ако го сублимираме сето тоа, би го формулирал вака:
Зоран Предин е патувачка енклава на добра волја.
Автентичен. Она што е непроценливо во нашата работа.
Чудо. Исклучителен, брилијантен уметник.
Оригинален во бојата на гласот,
оригинален во поетиката на текстовите.
Сакам да кажувам се најлошо за моите колеги,
па после ќе ме исечат од филмот и ме нема во него.
Но, за Зоран, кој беше многу добар, не помнам ништо лошо.
Има татковска фигура. Лесно би можел да го замислам во политиката
како татко на нацијата, така да се каже.
Суперчовек. До ден денес.
И кога го запознав беше суперчовек.
Зоран е голем човек,
кој порано свиреше хармоника.
Не. Играше кошарка.
Чистокрвен штаерец.
Емоционален, жежок, темпераментен.
Освен ако не сте кошаркарски судија,
мислам оти никогаш нема да се соочите со гневот на Зоран Предин.
Зоран е најдуховитиот алфа-мажјак што го познавам.
Има посебно чувство за хумор.
Но, мислам дека луѓето го сакаат токму поради тоа.
Олоцетворение на чесност, да го кажам со два збора.
Ужасно внимателен,
пристоен
и фин човек.
Тоа се веќе три збора.
Првото нешто што ми паѓа на ум,
и покрај сите слоеви и сложеност,
е тоа што тој толкува навистина бавно.
Тој е бавен соговорник, но има брза тупаница.
Тој е толку бавен и толку темелен во тоа
што каменорезец лесно може да ги делка интервјуата што тој ги дава.
Невозможен.
Љубезен.
Дрзок.
Зоран е тивок и смирен човек.
Навистина ми се допаѓаше на почетокот на неговата кариера
кога ќе седнеше на интервју со млада новинарка,
таа ќе извадеше диктафон и една касета, а тој вели:
"Само една касета? Па, јас јадам касети."
Дури ти одговорам на првото прашање, ќе заврши."
Па, драги мои, добре дојдовте во музејот на Зоран Предин.
Без допирање, ве молам.
Можно ли е Зоран Предин да бил заменет во болницата? Јас бев.
Всушност, започна кај вујко Иво.
Вујко ми Иво, братот на мама,
беше член на бендот "Аполо 220".
Тие свиреа на своите гитари
и сите имаа фризури како на "Битлси" со кркми.
Тресеа со главите.
Потоа дојде средно школо.
Гитарата некако се почесто
го заземаше местото до книгите што ги читав.
Особено откако се повредив на натпревар
и кошарката пропадна, иако не бев голем талент.
Сите тие работи ме преокупираа тоа време,
па кога морав да се откажам од кошарката, се појави празнина.
Таа празнина ја пополни гитарата.
Со гитарата дојде Боб Дилан, а со него и бунтовноста.
Затоа не е ни чудо
дека текстот на првата песна што некогаш сум ја напишал, "Стар војник",
беше земен од крајот на "Од тука до вечноста" на Џејмс Џонс.
Не може секој да сака како мене, стар војник.
Петок е и во град киснам
За без пари пиво да стиснам
Другарите шворц ко дупнат тапан
Келнерот вели: "Марш, море скапан!"
Кога имал 18 години, се родил неговиот прв син, Андреј.
Мојот прв син се роди кога имав 14 години.
Секоја чест!
Ама се скарал со татко му,
па се преселил во четирикатна зграда,
каде што добива работа како домар.
Преку студентска работи како поштар, осигурителен агент, продавач на плочи
и ноќен чувар.
Студирал ли? -Го студирал вашиот јазик. Но, не дипломирал.
Му останале само два испита, не е многу, но...
Снема алкохол.
Беше мојот роденден. 16 јуни 1979 година.
Зедов неколку торби и тргнав кон "Мариборска коча"
да го земам алкохолот.
Ото Римеле беше тука со неколку пријатели.
И имаа гитара.
Потоа Ото рече: "Зоран, нашиот пејач отслужува воена служба."
Би дошол ли на нашата проба во понеделник за една аудиција?"
Тука ја имавме првата проба,
во домот на нашиот тапанар Андреј Пинтарич.
Ми предложија да ја испеам "Дете во времето" од "Дип Парпл".
Реков дека не пеам висок глас
и дека подобри ми се нежни балади.
Потоа ме испратија во претсобјето.
По некое време, вратата се отвори
и рекоа дека сум прифатен како пејач на бендот "Зевс".
Предложив неколку измени,
мора да ги изведуваме сопствените песни и да го промениме името.
Еднаш, моторџија падна во нашата мала улица.
Полицајците го пронајдоа сторителот.
Тогаш Лачни Франц стана садист.
Го предложив "Лачни Франц",
инспириран од несреќниот лик од "Квака-22" на Џозеф Хелер.
Потоа Ото го смени "ц" во "з".
И кога првпат го напишавме на ѕид,
знаевме дека ќе привлече многу внимание.
Првиот настап го имавме во "Втората мариборска гимназија".
во октомври 1979 година.
Имавме голема трема од настапот, барем јас.
Тогаш можеби единствен пат помислив што ќе носам на сцената.
Ставив поштарска капа,
што ми остана од поштарската служба.
На неа закачив беџ од филмот "Лет над кукавичкото гнездо",
на кој главата на Џек Николсон беше заклучена со катанец,
што ми се чинеше важна порака.
И носев "реј бан" за сонце, за кои мислев дека сум фраер
и публиката да не види колку ми е страв.
"Бог нема телефон"
Тоа е песната со која обично го започнувавме концертот
и, всушност, беше добар избор.
Ја градеше атмосферата
и ни овозможуваше
да ја турнеме публиката директно во сржта.
На ова кошаркарско игралиште го гледав "Лачни Франц" по втор пат.
Првиот пат беше неколку дена претходно на фестивалот во Суботица.
Тоа е прв и последен пат
кога поради сосема нов бенд и луѓе што не ги познавав
почувствував потреба да одам зад сцената, што и го направив.
Така го запознав Зоран Предин.
Тие скромно излегоа на сцената на фестивалот во Суботица
и кога почнаа да свират
бев некако зачуден
а по 15 минути, имав чувство,
кое денес е тешко да се објасни.
Истото чувство беше кога ги видов "Дорс" на Островот Вајт.
Како да сонувате.
На едно место можевте да ја видите елитата на југословенскиот нов бран.
Отидовме таму со воз, имавме добра свирка, добивме награда.
Веднаш по фестивалот, за прв пат свиревме во Белград,
и тоа на Калемегдан, на игралиште. Но, не беше...
Леле. Тоа морам да ви го покажам. Мора да го видите ова. Следете ме.
Ова сакав да ви го покажам.
Кога го видов ова за прв пат, се стаписав. Морам да признаам.
Однадвор, не изгледа нешто, но кога ќе влезете внатре,
тоа е сосема...
Овие прекрасни автомобили.
Како да си во друг свет.
Малата девојка живее во крчмата,
води љубов зад шанкот и спие во кујната...
Секако, во тоа време, во Белград никој не знаеше за "Лачни Франц",
освен неколку луѓе кои го следеа новиот бран.
Тоа беше неверојатна свирка.
Мислам дека имаше 18 или 19 луѓе со мене во публиката.
Значи, на овој огромен простор, а и сцената беше голема.
Смешно е да се каже, но доживеаја овации.
Тие 20-на луѓе беа воодушевени.
Кога немаше многу публика, свиревме најдобро.
За оние што беа таму... - Намерно.
Свиревме екстра добро.
No comments yet. Be the first to leave one.